Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Пред присутните се очекува да се обрати министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ, како и претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ. На Свечената академија ќе настапи и познатата српска пејачка, Јелена Томашевиќ. По повод Свети Сава, национален празник на Србите во Македонија, Регионалниот одбор на Српската заедница во Македонија организира Свечена Светосавска академија која ќе се одржи утревечер (27. јануари) во Македонскиот народен театар (19 ч.) во Скопје. На Свечената академија во МНТ ќе се обратат високи официјални претставници од Република Северна Македонија, од Република Србија и од Република Српска. Со богата културно уметничка програма ќе биде…
Учениците од прво одделение до завршни одделенија во гимназија би се тестирале дома еднаш неделно, а Министерството наскоро ќе објави подетални информации за тоа. Децата на школска возраст во Хрватска наскоро ќе имаат обврска секој понеделник да се тестираат на коронавирус пред да одат на училиште. Како што дознава Јутарњи лист, во тек е изработка на план предложен од Министерството за наука и образование, согласно кој тестовите би биле дистрибуирани во сите училишта во Хрватска, по што би им биле поделени на родителите. Учениците од прво одделение до завршни одделенија во гимназија би се тестирале дома еднаш неделно, а Министерството…
Студиите покажуваат дека само електраните на јаглен во Западен Балкан предизвикуваат економска штета која се движи помеѓу 1,2 и 3,4 милијарди евра годишно за трошоците за здравствена заштита. Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број на предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат покус животен век и влошување на јавното здравје. Затоа е неопходно итно да се подобри квалитетот на воздухот и јавното здравје, преку надградба на здравствените системи, предупреди Европскиот фонд за Балканот, при имплементацијата на третата фаза од кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ со партнерите од регионот. Целта на оваа етапа од кампањата, како што се…
Поради невремето „Елпида“ и снегот што предизвика сериозни проблеми, иако снежната покривка не надминува половина метар, во областа Атика, поширокиот регион на Атина и денешниот ден, исто како и вчера е прогласен за неработен ден, јави дописничката на МИА од Атина. Оваа одлука важи и за уште пет други грчки региони, меѓу кои и Кикладските острови, Крит и Евија. Од вчера наутро во Атина запреа обилните врнежи од снег, меѓутоа останаа проблемите. Повеќе атински населби над 24 часа се без електрична енергија, улиците сè уште не се целосно исчистени, а околу 500 возила и понатаму се наоѓаат на автопатот што…
Бугарскиот премиер Кирил Петков в петок ќе реферира пред пратениците во Собранието на Бугарија за резултатите од неговата посета на Скопје минатата недела, како и од средба на владите на двете земји што се одржа вчера во Софија. Како што јави БГНЕС, реферирањето на Петков ќе се одржи на барање на најголемата опозициска партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов и ќе биде прва точка на собраниското пленарно заседание закажано за в петок. Петков и премиерот Димитар Ковачевски по вчерашната заедничка седница на двете влади оценија дека атмосферата на изразена политичка волја и…
И покрај тоа што е вакциниран со трета доза, британскиот пејач Елтон Џон се зарази со коронавирус, поради што ги одложи двата концерти во Далас, Тексас, САД. Тој има само благи симптоми и со нетрпение очекува наскоро да се врати на сцената за да ја продолжи својата проштална светска турнеја „Farewell Yellow Brick Road“, се наведува во соопштението на 74-годишниот пејач. Настапите во Далас беа закажани за 25 јануари и 26 јануари. Посетителите ќе можат да ги искористаат своите билети за презакажаните датуми кои ќе бидат објавени наскоро. Одложената турнеја на Елтон Џон во Северна Америка, првично закажана за 2020.…
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ ѝ се извини на Украина за изјавата на претседателот Зоран Милановиќ дека е една од најкорумпираните земји и ги отфрли неговите изјави дека ќе ги повлече хрватските војници од Украина затоа што во земјата не ни има хрватски трупи. Милановиќ вчера изјави дека „Украина сè уште е една од најкорумпираните земји во светот, дека економски стагнира и не добила ништо од ЕУ“. Тој рече и дека Хрватска „нема никаква врска“ со конфликтот во Украина и оти, доколку тој ескалира, ќе повлече сѐ „до последниот војник“. – Колку што знам, нема хрватски војници во Украина, изјави…
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни возила. Изречени се две мерки за возач почетник, 10 санкции за зборување на мобилен телефон, три мерки за некористење на сигурносен појас, седум санкции за минување на затворен сигнал црвено светло. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи…
ММФ го повика Ел Салвадор да го промени својот курс и да престане да го користи Биткоин како законско средство за плаќање, наведувајќи ги „големите ризици“ што ги носи криптовалутата. Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, во петокот твитна дека неговата земја штотуку купила 410 БТК за 15 милиони долари. Плаќајќи околу 36.585 долари по монета, Букеле напиша: „Некои момци се продаваат навистина евтино“. Во истиот твит, Букеле исто така изјави дека сепак не го пропуштил падот. „Не, згрешив, не го пропуштив“, напиша салвадорскиот претседател како одговор на неговиот твит на 14 јануари во кој пишува: „Мислам дека овој пат…
Еден човек е повреден, а неколку згради се оштетени во експлозија во центарот на Атина, која утринава предизвика пожар, соопштија официјални лица. Едно лице се здобило со изгореници од пожарот и било пренесено во болница, изјави за ТВ Скај шефот на грчкиот национален центар за брза помош, Џорџ Матиопулос. Puppet NEWS:Ισχυρή έκρηξη σε κτίριο στη λεωφόρο Συγγρού…#news #athens #nea #ΜΜΕ #συγγρού #ΝεαΦωτογραφιαΠροφιλ https://t.co/D5OXPAUiXN pic.twitter.com/IbkGXNsPdo — Puppet News (@PuppetnewsGr) January 26, 2022
Во Парламентот денеска треба да се одржи седница на Буџетскиот совет на Собранието. На дневен ред на седницата единствена точка е Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на собраниските службеници за 2022 година.
И регионот бележи пораст на позитивни случаи на вирусот. Во Србија вчера се регистрирани 19.901 нов случај, што е рекорден број на заболени за еден ден во државата од почетокот на пандемијата, а се зголемува и бројот на хоспитализирани случаи. Нови 2341 случај на коронавирусот се регистрирани во претходното деноноќие што е речиси 38 отсто од вкупно тестираните 6.193 лица. Во моментов активни се 20.856 случаи на ковид-19, најмногу во Скопје – 11.390, потоа во Битола – 1613 и Прилеп – 754. Најмал број активни случаи се забележани во Дебар – 22 и Дојран – 14. Од Министерството за здравство…