Еден човек е повреден, а неколку згради се оштетени во експлозија во центарот на Атина, која утринава предизвика пожар, соопштија официјални лица.

Едно лице се здобило со изгореници од пожарот и било пренесено во болница, изјави за ТВ Скај шефот на грчкиот национален центар за брза помош, Џорџ Матиопулос.