Author: НОВА ТВ Balaban

Поради снежни врнежи изутринава од 07:00 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на на превој „Стража“ на патниот правец Кичево-Гостивар. Забрана за камиони е воведена и на патниот правец Маврово-Дебар, информира АМСМ.

Read More

Водата за пиење во Скопје одговара на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, посочуваат резултатите од неделниот лаборатортсиски извештај на ЈП Водовод и канализација – Скопје согласно анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. – Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.01.2022 до 21.01.2022 зема 146 примероци за физичко-хемиска и 146 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 38 мерни места во град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РСМ, бр.183/18), наведуваат од ЈП…

Read More

Вкупните депозити лани во декември се повисоки за 7,8 отсто на годишна основа, при раст кај двата сектора, поизразен кај секторот домаќинства, а вкупните кредити бележат раст од 8,3 отсто, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес од корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ). – Во декември 2021 година, согласно со сезонската динамика, паричната маса (монетарниот агрегат М3 1,2) забележа месечен раст за 2,9 отсто, како резултат на зголемувањето на депозитните пари, краткорочните депозити и готовите пари во оптек, додека долгорочните депозити до две години бележат пад. Во споредба со декември претходната година, паричната маса е зголемена за…

Read More

Повеќе од еден месец, Демократскиот сојуз и други партии од владејачката коалиција се предмет на неосновани напади од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Демократскиот сојуз ги демантира и со индигнација ги отфрла сите напади, дека на било кој начин, било кој од Демократскиот сојуз, кој извршува функција, е вклучен во криминал. Овие напади од ВМРО-ДПМНЕ ги сметаме како обид за уцена да не бидеме и натаму дел од парламентарното мнозинство, рече Димитровски Демократскиот сојуз, на денешната прес конференција, ги презентираше фактите во врска со обвинувањата од страната на ВМРО-ДПМНЕ. Зоран Димитровски, генерален секретар на ДС, нагласи: ‘’На денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ,…

Read More

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска, заедно со заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи и градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, учествуваше во пуштањето во употреба на патот 1 во општина Сарај. Бектеши им честита на градоначалникот и на општинската администрација за посветеноста и прекрасната работа што ја направија овие месеци за реализација на овој проект, упатувајќи порака до другите општини да започнат со реализација и да не прават пречки при реализацијата на проекти кои произлегуваат од програмата ТАВ.

Read More

ЕВН Електрани веќе биле предупредени од алпинистите дека карпата е во нестабилна состојба. Заклучокот е дека карпата изгледа како да ја држи само триење, а ќе се набљудува и со дронови Во кањонот Матка над браната има нестабилна карпа со тежина од 20 тони на висина од 100-тина метри. Таа може да се излизга во секое време и да падне во водата, но и да повлече со себе лавина од други карпи и камења кои би можеле да го загрозат ѕидот на хидроелектраната, алармираше денеска директорот на Центарот за управување на кризи, Стојанче Ангелов. Алпинистите веќе ги предупредиле надлежните од…

Read More

Апелацискиот суд го задолжува Основниот суд во Штип при повторното постапување со сигурност да утврди дали доверителите – работниците имаат доспеани, а неплатени парични побарувања врз основа на важечки основи за плаќање,  дали исплаќал плата во износ и висина утврдена во согласност со Закон и колективен договор и дали должникот е неспособен за плаќање повеќе од 45 дена од која било негова сметка кај кој било носител на платниот промет Апелацискиот суд во Штип ја усвои жалбата на Сојузот на синдикати на Македонија и решението на Основниот суд за предметот преку кој работниците како предлагачи побараа отварање на стечајна постапка над…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев. Претседателот Пендаровски му честиташе на претседателот Радев за стапувањето на должноста и му посака успешен мандат. Двајцата претседатели разговараа за најновиот развој на билатералните односи меѓу двете соседни држави во светло на неодамнешната посета на претседателот на владата на Бугарија на Скопје, како и претстојните активности во Софија. Во тој контекст, претседателот Пендаровски го поздрави воспоставениот дијалог меѓу двете влади и ја истакна подготвеноста на Република Северна Македонија за негово интензивирање во наредниот период. Во насока на зајакнување на дијалогот меѓу двете земји, двајцата претседатели разговараа…

Read More

Вечерва во 20 часот истекува 24-часовното задржување во станица, а дотогаш обвинителството треба да даде предлог дали ќе му биде одреден притвор. Доколку не биде определена таа мерка, тој ќе биде пуштен дома.  Телото на починатата девојка е дадено на обдукција. Возачот Ј.Ѓ., кој синоќа кај Сити Мол, како што претходно информиравме,  ја усмрти 24-годишната девојка од Радовиш, В.Н, а во тешката сообраќајка беше тешко повреден и нејзиниот сограѓанин Л.Д., е задржан во полициска станица. Од 22-годишниот Ј.Ѓ. биле земени веднаш и биоматеријали за анализа, крв и урина, за да се провери дали има присуство на алкохол и опојни дроги, потврдија…

Read More

За да ја направат Германија атрактивна за странските работници, коалициските партнери договориле систем за бодување професионалци кои не се од земјите на Европската унија. Исто така, ја подигнале минималната саатница до 12 евра. Новата германска коалициска Влада сака секоја година од странство да привлекува по 400.000 квалификувани работници, со што смета дека би го решила проблемот со демографската нерамнотежа и недостигот на работници во клучните сектори, проблем кој би можел да го забави економското закрепнување по пандемијата. – Недостигот од стручна работна сила стана толку сериозен, па драматично ја забавува нашата економија, изјави Кристиан Дуер од Слободни демократи (ФДП). За…

Read More

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 телевизија истакна дека Владата ги замрзна цените на основните продукти за да спречи ценовен шок од инфлацијата која сега се случува на светско ниво, соопштија од СДСМ. – Донесовме одлука за замрзнување на цените, за да спречиме ценовен шок со порастот на цените на основните продукти за граѓаните. При носење на оваа мерка кажавме дека состојбата ќе се следи и идните мерки ќе се носат согласно податоците од Државниот завод за статистика за секој нареден месец. Мора да се води сметка дека ако одреден производ е од увоз и неговата…

Read More

Во тек е конечна постапка пред избор на изведувач за првата и втората делница за изградба на пругата на Коридорот 8, за чија реализација веќе се обезбедени 200 милиони евра, најави министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски, нагласувајќи дела се планира напролет да се започне со градба. Околу најавената средба со неговиот бугарски колега Николај Сабев вечерва во емисијата Вин-Вин на ТВ Телма, Бочварски потсети дека е потпишан трилатерален Меморандум за соработка, помеѓу Северна Македонија, Бугарија и Албанија во Софија, со којшто сите три страни се заложуваат да се забрза интензитетот на градење на Коридорот 8 којшто е исклучително…

Read More