Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Денеска (29.12.2021) полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Полициска станица Прилеп, постапувајќи по планот за откривање и санкционирање на продажба на пиротехнички средства, со судска наредба извршиле претрес во магацински простор од продавница, сопственост на М.К.(64), при што пронашле и заплениле околу 5.000 парчиња пиротехнички средства. Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава. Исто така, од импровизирана тезга во Градскиот пазар одземени се уште 1.000 парчиња пиротехнички средства, наменети за продажба за новогодишните празници, а А.В.(39) и А.О.(21) се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.858 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 196, Битола – 31, Прилеп – 23, Гевгелија – 17, Охрид – 16, Кавадарци – 14, Куманово – 13, Струмица – 10, Ресен – 9, Велес – 8, Штип и Кочани – по 7, Берово и Валандово – по 6, Неготино – 5, Тетово, Кичево и Струга – по 4, Богданци и Македонски Брод – по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш и Крушево – по 2, Делчево и Дебар…
На 29.12.2021 во 00.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево во близина на мостот на река Вардар патничко возило „поло“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Н.(27) од Гостивар удрило во животно. Дознаваме дека станува збор за коњ, кој залутал на патот. Во несреќата сопатникот Г.М.(48) од Гостивар се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
Средните дневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот вчера беа под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Лисиче и Ректорати, како и во Струмица, покажуваат податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот (ДАМСКВ). Со ова, како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, со ова по два дена алармантно високо ниво на концентрации на ПМ10 честички на овие пет мерни места, тоа падна под дефинираниот праг на алармирање.
Како што рече Османи на денешниот брифинг со новинарите „два члена од тој договор биле спорни за нас, а со кој се барало да потпишеме дека македонскиот јазик произлегува од бугарскиот, а нацијата произлегла од обидот за ослободување од отоманската империја“. Министерoт за надворешни работи, Бујар Османи, денеска обелодени дека лани во декември неговата колешка од бугарското МНР, Екатерина Захариева, му дала предлог-договор за решавање на спорот меѓу двете земји. Како што рече Османи на денешниот брифинг со новинарите „два члена од тој договор биле спорни за нас, а со кој се барало да потпишеме дека македонскиот јазик произлегува од бугарскиот, а…
Од утре престануваат да важат мерките коишто Градот Скопје ги донесе за намалување на загадувањето на воздухот во главниот град, јави 21TV. На брифингот со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска беше посочено дека досегашните мерки дале резултат и од утре ЈСП продолжува да вози по нормален возен ред и мерките ќе бидат укинати. Дополнителни мерки, како што рече Арсовска, нема, бидејќи тие се лимитирани. Во врска со тоа за колку загадувачи се изречени казни, Арсовска рече дека се прават лабораториски мерења и податоците се добиваат за пет до седум дена. Во изминатите две години, како што рече, биле…
На 28.12.2021 во 20.30 часот полициски службеници од СВР Битола преку 192 добиле повик за помош од страна на П.Х.(57) од Тетово. Според пријавеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица, П.Х. заглавил со патничко возило „џип“, со албански национални ознаки, на регионалниот пат Отешево – Свети Наум, на кој има активна забрана за движење со возила во зима. Полициски службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на терен, при што во 21.00 часот во близина на место викано Ски-центар Галичица било пронајдено заглавеното во снег возило, на П.Х. му била укажана помош и безбедно бил извлечен со возилото и…
Во Спомен-дом „АСНОМ“ во Делчево вечер ќе биде отворена ликовната изложба на уметнички дела како дел од Лесновската ликовна колонија од Пробиштип. Организатор е Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“, од каде ги поканија љубителите на уметноста да присуствуваат на отворањето на изложбата. – Во рамки на настанот, кој вечерва (29 декември 2021) ќе се одржи во фоајето на Спомен-дом „АСНОМ“, ќе биде претставена 29-тата „Лесновска ликовна колонија“, која првпат била организирана во 1992 година по својот квалитет се вбројува меѓу најпрестижните во Република Северна Македонија. Во овие изминати години, стотици врвни уметници од земјава и странство биле дел од…
Драматичен е и моментот на самата повреда. При потешките повреди постои значајна крвозагуба, болка, пациентите се во шокова состојба која некогаш може да биде опасна и по нивниот живот. Неретко повредите се комбинирани. Може да постои повреда на шаката со губиток на целата шака или губиток на дел од шаката со повеќе прсти, но и оштетување на видот со делумно или целосно слепило, вели д-р Маргарита Пенева, субспецијалист по пластична и реконструктивна хирургија Бројот на индивидуи повредени од петарди и други пиротехнички средства значително е намален, ако се направи споредба со периодот пред 10-ина и повеќе години. За тоа, секако,…
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, заедно со секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, денеска се сретна со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мери Брнз. На средбата се разговараше за повеќе актуелни теми од национален интерес за нашите две пријателски земји, за соработката, евро-аталнските интерграции, за предизвиците со здравствената и енергетската криза, како и за процесите околу формирањето на новата Влада предводена од СДСМ. Претседателот Ковачевски упати благодарност до пријателските САД за постојаната поддршка кон Република Северна Македонија и сите нејзини граѓани. Ковачевски истакна дека како претседател на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада…
Иницијативата произлезе од средбата на министерот Бесими со поранешните министри за финансии од осамостојувањето на државата. Министерот за финансии Фатмир Бесими, на веќе традиционалната средба на крајот на годината со поранешните министри за финансии, заеднички покренаа иницијатива за формирање Совет како експертско тело кое ќе биде дел од СЕФФ Форумот и во чии рамки ќе се разгледуваат актуелни прашања и теми за коишто е потребен консензус во општеството. Иницијативата произлезе од средбата на министерот Бесими со поранешните министри за финансии од осамостојувањето на државата. На средбата присуствуваа Џевдет Хајредини, Таки Фити, Никола Поповски, Зоран Ставрески, Трајко Славески и Кирил Миноски,…
Сите енергетски компании побарале зголемување на цената на електричната енергија. За утре е закажана подготвителната седница на која Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) пред енергетските компании ќе ги презентира механизимите кои ќе ги активира при носење на новата одлука за цената на електрична енергија, информира Марина Узунов, портпарол на РКЕ. Како што појасни, станува збор за исклучителенo комплексен процес и во време на енергетска криза сите страни мора да се солидаризираат. РКЕ се уште ги анализира пристигнатите барања од енергетските компании. Сите енергетски компании побарале зголемување на цената на електричната енергија. Најдоцна до петок РКЕ треба да…