Author: НОВА ТВ Balaban

Четириесет и петгодишна гостиварка вчера (26 декември) во 18 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавила дека околу 18 часот во нивниот дом во Гостивар физички била нападната од нејзиниот сопруг Ф.Х.(34), кој нешто подоцна се пријавил во Полициската станица Гостивар и задржан е за натамошна постапка и против кого, по расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Read More

Вчера (26 декември) во 9 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Тетово – Јажинце, во тетовско Непроштено, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки, „фолксваген голф“ управуван од 43-годишниот Ш.С. од тетовско Нераште и „бмв“, што го управувал 40-годишниот Б.Н од тетовско Доброште. Во несреќата, возачот на „бмв-ето“ се здобил со тешки, а другиот возач и неговиот сопатник Ј.М.(43) од Нераште со полесни телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница.

Read More

Упатија најубави желби за во новата 2022 година, сите заедно да влеземе со надеж за подобри денови. На еден редок и навистина уникатен начин, нуркачите на Клубот за подводни активности „Охрид“ ги упатија своите новогодишни честитки до децата со ретки болести, за кои ja накитија и им ја посветија нивната ретка подводна новогодишна елка. Упатија најубави желби за во новата 2022 година, сите заедно да влеземе со надеж за подобри денови. – За оваа категорија на дечиња потребна е поголема достапност на терапијата, која значи живот за нив, но и одобрување на и нови терапии, порачаа нуркачите.

Read More

Според податоците добиени од Клиниката за детски болести, станува збор за дете кое престојува во дом за деца без родители во Битола. Детето повеќекратно  наназад било хоспитализирано на КДБ  поради компликации во склоп на основните заболувања : Остеохондродисплазија  , Епилепсија , Хидроцефалус, Малнутриција, Дилатациона кардиомиопатија. Институтот за јавно здравје информира дека во денешната ковид статистика во однос на починатите лица пронајдени од регистарот, пријавено е дете на едногодишна возраст починато на 29.11.2021. Според податоците добиени од Клиниката за детски болести, станува збор за дете кое престојува во дом за деца без родители во Битола. Детето повеќекратно  наназад било хоспитализирано на КДБ …

Read More

Во период од 06.08.2021 до 23.12.2021 на територија на државата починале 2.362 лица со ковид-19, 1.850 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 21% примиле вакцина. Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со ковид-19, во периодот од 6 август заклучно со 23 декември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 23.12.2021 на територија на државата 66.857 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 33% биле целосно вакцинирани, односно 21.806 лица. Голем…

Read More

Автоматскиот противпожарен систем не се вклучил. Две лица загинаа во денешниот пожар што изби во одделение за реанимација за пациенти со ковид-19 во рускиот град Астрахан. Огнот за кратко време бил изгаснат од пожарникарите. Автоматскиот противпожарен систем не се вклучил. Обвинителството отвори истрага за пожарот.

Read More

Посетителите што доаѓаат во Грција, освен задолжителниот ПЦР од 72 часа или рапид тест од 24 часа, бидејќи имаме индикации дека кај многумина болеста се појавува по направениот ПЦР или рапид, ќе бидат обврзани со силна препорака да го повторат тестирањето на вториот и на четвртиот ден по нивниот влез во земјата, за да можеме да следиме дали се заболени, рече вчера Плеврис Маската од денеска одново се воведува и за надворешните простори во Грција, па така, задолжителна е и на затворено и на отворено, а за прекршување на мерката предвидена е казна од 300 евра, јави дописничката на МИА…

Read More

Бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов упати честитка по повод празникот Божиќ, што утре го слават граѓаните со католичка вероисповед. – „Денес во градот Давидов ви се роди Спасител – Христос, Господ. И ова ќе ви биде знак: ќе најдете повиен Младенец, кој лежи во јасли“ (Лука 2,11-12). Повеќе од две илјади години одекнува во светот оваа порака што ангелот им ја соопштил на пастирите додека ги чувале своите стада под ведро небо во витлиеемските полиња. Пастирите го слушнале овој повик, поверувале и се упатиле кон шталата, место каде што се родил Спасителот. Пастирите биле способни да веруваат и…

Read More

За време на новогодишните празници, ЕВН Македонија традиционално донира пакети со храна на Македонската православна црква (МПЦ), Исламската верска заедница (ИВЗ) и Католичката црква. Покрај верските заедници, ЕВН во своите редовни филантропски активности низ годината вклучува различни организации кои работат со ранливи категории граѓани. Верските заедници преку хуманитарните организации „Свети Спас“, „ Каритас“ и „Ел Хилал“ ќе се погрижат пакетите со храна да бидат распоредени низ целата земја. Свештениците од хуманитарната организација „Свети Спас“ ќе достават храна до граѓаните кои се во тешка здравствена состојба или пак живееат во далечните рурални средини во парохиите. Пакети со прехранбени продукти кои беа…

Read More

Согласно процедурата извршен е нарко-тест во соодветна медицинска установа, а кон осомничените полициски службеници ќе бидат поведени дисциплински постапки и ќе бидат суспендирани од работното место, вели Спасовски  Министерството за внатрешни работи во текот на завчерашниот ден (21.12.2021) извести за 10 приведени лица поради сомнение за криумчарење и неовластена трговија со прекурсори, како резултат на голема акција со претреси на повеќе локации во Куманово и Скопје, при што се лишени од слобода десет лица на возраст од 35 до 53 години, петмина од Куманово, четворица од Скопје и еден од тетовско,  меѓу кои тројца полициски службеници и петмина царински службеници.…

Read More

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 2 починати лица од Скопје (73г и 84г) и по едно починато лице од Велес (71г), Свети Николе (71г), Кавадарци (69г), Берово (68г) и Радовиш (73г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа: Направени се 3.449 тестирања, а регистрирани се 269 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 142, Битола – 17, Охрид –16, Кавадарци и Струмица – по  14, Прилеп – 13, Велес – 9, Штип и Ресен – по 7,…

Read More

Со Предлог-законот за регулирање на статусот на бесправно изградени објекти, Владата предвидува дека нема да бидат легализирани сите видови на дивоградби изградени во рамки на заштитните подрачја утврдени со Закон, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, на денешната прес-конференција. Министерот Нуредини и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска го презентираа Предлог-законот за регулирање на статусот на бесправно изградени објекти, со којшто се предвидува можност за легализација на дивоградби изградени пред 1 јануари 2021 година. – Истото е предвидено за сите видови бесправни објекти изградени во границите на охридскиот регион, кои се утврдени дека не се во…

Read More