Author: НОВА ТВ Balaban

Владата на Република Северна Македонија го утврди текстот на Предлог-законот за регулирање на статусот на бесправно изградените објекти со кој се предвидува можност за утврдување на правен статус на бесправните објекти изградени пред 1 јануари 2021 година. Портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната редовна прес-конференција информираа подетално за заклучоците и одлуките донесени на вчерашната 129-та седница на Владата на Република Северна Македонија и одговараа на новинарски прашања и прашања од интерес на јавноста. Портпаролите соопштија дека на вчерашната седница беше утврден и Предлог-законот за вршење на сметководствени работи, кој, меѓу другото, има за цел да ги…

Read More

Судиите Ѓоко Ристов и Енвер Беџети јавно да излезат и да пред целата јавност да кажат како е можно за лице со вкупни пресуди од 20 години да донесат ваква одлука? Денеска целата македонска јавност е сведок на силен удар врз правдата од страна на судиите во Апелацискиот суд во Скопје. Скандалозна е одлуката на судот да ја прифати гаранцијата со што на лицето Сашо Мијалков му се укинува притворот, изјави денеска на прес-конференција  Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Таа додаде: Мијалков издржува мерка притвор во предметот Трезор каде што е осуден на 8 години затвор, со се уште не правосилна…

Read More

Триесет и три годишен прилепчанец со иницијали К.Ѓ. доби кривична пријава за сторени кривични дела разбојништво и разбојништво во обид, и е предаден на основното јавно обвинителство. Прилепската полиција вчера го приведе прилепчанецот кој се сомничи за двете кривични дела направени во две различни аптеки во Прилеп, на 13 и на 18 овој месец. Со тоа се расчистени двете кривични дела, информираат од МВР.

Read More

При преглед на возило, кое го управувале, била пронајдена торба со ќеса со кокаин, две ќеси со 32 пакувања со кокаин, како и една ќеса со 28 пакувања со хероин. Од страна на судија на претходна постапка на двете лица им е одредена мерка притвор. На 20.12.2021 од страна на БЈБ – Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции бил лишен од слобода А.Љ.(32) од Скопје, а на 21.12.2021 до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава против него и А.Љ.(24) од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено…

Read More

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (56г, 64г и 80г), две починати лица од Кавадарци (29г и 59г),  и по едно починато лице од Велес (77г), Охрид (72г) и Ресен (72г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.366 тестирања, а регистрирани се 320 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 165, Прилеп – 26, Охрид –18, Кавадарци – 16, Битола – 11, Велес – 10, Куманово – 8, Струмица –…

Read More

Потсети дека целосно се реконструирани и реновирани Одделот за онколошка ортопедија, Одделот за детска ортопедија, Одделот за пластика, Одделот за спинална хирургија , целосно е реновиран Одделот за интензивна нега каде што има осум кревети. Во реновираните простории на  Универзитетската  Клиника за ортопедски болести која се наоѓа во најстарата зграда на Клиничкиот центар на простор од 1.300 метри квадратни во 20 болнички соби ќе има можност да се сместат и третираат 70 пациенти во најсовремени услови. – Огромен број на експерти работат тука, огромно искуство е кулминирано тука на оваа Клиника, тоа се наши колеги познати во светот по своите интервенции,…

Read More

Претседателот на државата по оставката на Заев треба да му додели мандат на новиот мандатар. Согласно Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена, од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата, стои во Уставот. Премиерот Зоран Заев попладнево ќе ја депонира оставката, која ја најави поради лошите резултати на локалните избори. Тој тогаш најави оставки и од премиерската и од лидерската позиција во СДСМ. Во партијата веќе се одржаа избори…

Read More

На 21.12.2021 околу 16.35 часот на ул.„Борче Јовановски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Б.А.(49) од Гостивар. При преглед во неговата монтажна барака, биле пронајдени околу 1.600 разновидни петарди и други пиротехнички средства. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок за „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

Read More

Претседателот Стево Пендаровски смета дека во  решавањето на спорот со Бугарија со цел одблокирање на процесот за почеток на преговорите за членство на земјава во Европската унија не треба да се брза, затоа што, како што вели, кога сте соочени со предизвик од таков калибар, брзањето не е секогаш најдобриот сојузник. Наместо тоа, нагласува Пендаровски, треба да се работи на клучните реформи дома од кои зависи квалитетот на животот на нашите граѓани. Тој нагласи и дека не држат тезите дека пролонгираната состојба на статус кво, наводно, може да предизвика безбедносна дестабилизација на државата. И доколку ваквата ситуација потрае, потенцира Пендаровски,…

Read More

За време на претстојните новогодишни празници, министерот за здравство, Венко Филипче не гледа причина за дополнителни мерки и ограничувања. Тој  објаснува дека и овие денови има поголеми собири и оти специјално за Нова Година не се предвидуваат нови мерки. – Мерките засега се добри. Сметам дека сегашните рестриктивни мерки во пресрет на новогодишните празници се доволни, со оглед на тоа што такви собири на јавни места има насекаде. Кулминација ќе се достигне за време на  новогодишните празници, а сега е прилично мирна состојбата. Не гледам зошто, специфично само за новогодишните празници, би правеле некаква рестрикција“, рече Филипче. Во однос на…

Read More

Апелирам опозицијата во наредниот период да го одблокира законот, тоа е одличен проект, граѓаните заслужуваат нова модерна болница, рече Филипче Горд сум на сите процеси кои се одвиваа инклузивно, навистина сум горд на големата помош на премиерот Заев што интервениравме за да се зголемат примањата на здравствените работници. Горд сум што ниту еден пациент со ретка болест не остана без лек и што го укинавме паралелниот увоз на лекови. Горд сум на тимскиот дух, кажа денеска министерот за здравство во заминување, Венко Филипче. А еве за што тој најмногу жали: – Тоа за што најмногу жалам е што не успеавме…

Read More

На 21.12.2021 околу 22.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 27-годишниот гостиварец В.Ф., поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ и „измама“. Тој се сомничи дека со лична карта која наводно ја нашол на улица од друго лице, кое на 16.12.2021 го пријавило случајот, склучил договор за набавка на телефон, а подигнал и кредит во скопско финансиско друштво. По целосно документирање на случајот против В.Ф. ќе следува соодветен поднесок.

Read More