Author: НОВА ТВ Balaban

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 19 часот го лишиле од слобода О.М.(22) од Скопје. Како што информираат од МВР на крстосница од булеварот „ВМРО“ со булеварот „Партизански одреди“ лицето со возилото кое го управувал не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и притоа од прозорецот фрлил едно пакување со кокаин, кое било пронајдено и одземено. Набргу потоа, тој бил запрен и приведен. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

Во текот на вчерашниот ден (21.12.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 271 возач. Од нив четири возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 119 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 152 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Read More

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) на 23 декември ќе го промовира зборникот „Конески на 11 јазици“ – зборник од преводите на учесниците од напреднато ниво на познавање на македонскиот јазик на Првата зимска школа и на 54. Летна школа. МСМЈЛК при УКИМ ја отвори манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ кон крајот на јануари, поточно од 25 јануари до 5 февруари кога ја организираше Првата зимска школа на далечина (онлајн) што одлично се вклопи во целокупната национална платформа. – На оваа активност, се надоврза…

Read More

Вработен во ЕВН Македонија вчера бил физички нападнат во липковско додека извршувал работни задачи, соопшти денеска СВР Куманово. – Вчера во 15:30 часот во СВР Куманово, вработен во ЕВН Македонија пријавил дека додека извршувал работни задачи во село Никуштак, општина Липково, бил физички нападнат од Н.С., информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Read More

Во Тирана денеска се потпишани како трилатерални, меѓу владите на Република Албанија, Република Србија и Република Северна Македонија, Договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан, Договорот за интерконекција за шемите за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан и Договорот за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика. Лидерите на трите земји од иницијативата „Отворен Балкан“, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија и домаќин на Самитот, Еди Рама, заедно со нивните тимови, денеска во Тирана потпишаа…

Read More

Девет од десет анкетирани или 89,3 проценти рекле дека не постојат пречки за економска соработка меѓу земјите во регионот, додека 10,7 проценти навеле конкретни проблеми и пречки. Најчесто споменувани пречки се долгото задржување на границите, обемната документација и другите административни проблеми кои го успоруваат или отежнуваат работењето. Извозно ориентираните компании сметаат дека иницијативата „Отворен Балкан“ е од големо значење за нив поради можностите за подобрување на работата и остварување на поголем раст на компаниите, покажува истражувањето што го спроведе тинк тенк организацијата „Аналитика“. Високи 96,4 проценти од анкетираните одговориле дека иницијативата би отворила нови можности за нивната компанија, наспроти 3,6…

Read More

Република Северна Македонија не се смета повеќе за Ковид “ризична област” во Сојузна Република Германија. Со најновата одлука на германските власти, им се дозволува неограничен влез во Германија на сите државјани на Северна Македонија. Сепак, сите лица над 12 години, кои пристигнуваат во Германија, без разлика со кој вид транспорт и понатаму ќе треба да приложат потврда за негативен тест или потврда за прележан ковид-19 или потврда за целосна вакцинација. Инаку со најновата одлука на Република Грција, сите патници над 5 годишна возраст при влез во Грција, покрај сертификатите за извршена вакцинација или прележана болест, мораат да поседуваат потврда за…

Read More

Спроведена е голема акција со претреси на повеќе локации во Куманово и Скопје, при што се лишени од слобода десет лица, и тоа Б.А.(35), М.А.(40), И.А.(45), И.Ф.(47), А.А.(43), сите од Куманово, А.Ж.(53), Т.Т.(54), Д.К.Ш.(43), Џ.Ш.(36), од Скопје и Љ.Љ.(36) од Тетово, меѓу кои тројца полициски службеници и петмина царински службеници, информира МВР  Денеска (21.12.2021) по преземени повеќемесечни мерки и активности по насока на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога во содејство со Одделот за сузбивање на…

Read More

Состојбата со ковид-19 во земјата малку стивнува, но се зголемува бројот на оние кои по вторпат се заразиле со вирусот. – Бројот на пријавени нови позитивни случаи од ковид-19 во минатата недела  изнесува 1.922 од 32 градови во државата, што е намалување од 8,0 отсто во однос на претходната недела, но има за 38,5 отсто повеќе повторно инфицирани со вирусот, вкупно 36 лица, обелоденува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 13. до 19.12. 2021 година. Тестирани се вкупно 19.943 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување…

Read More

И полицајци и цариници се уапсени во полициската акција што од утринава се спроведува во кумановското „Диво Насеље“ по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. На распит во Кривичниот суд, како што објави Канал 5, веќе се приведени неколку осомничени. Од МВР засега не соопштуваат детали за тоа колку полицајци досега се приведени во акцијата и најавуваат повеќе информации за подоцна.

Read More

За првпат, почнувајќи од 2018 година, приватните специјализанти за својот труд земаат месечен надомест во висина од просечна плата на општ лекар. Министерството за здравство ги информира приватните специјализанти кои започнаа со специјализација од септември 2021 година, дека месечниот надомест ќе почне да им се исплаќа од јануари 2022 година. МЗ информира дека на специјализантите ќе им се исплатат и заостанатите месечни надоместоци, односно од септември заклучно со крај на 2021 година. За првпат, почнувајќи од 2018 година, приватните специјализанти за својот труд земаат месечен надомест во висина од просечна плата на општ лекар. Претходно приватните специјализанти, за време на…

Read More

Директорот на Центарот за управувањесо кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, заедно со градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Митев, беше на терен за увид на критичните точки за поплавување на реката Струмица, а и на месните локални канали кадешто се излева водата при голема надојдена вода од врнежи и порои, како што беа неодамнешните декемвриски поплави во оваа општина. Притоа, беа разгледани потребите и можностите за идна координација на употреба на ресурсите и субјектите од Системот за управуваање со кризи (СУК). Посетата беше остварена на покана на градоначалникот на општината, информираа од Центарот за управување со кризи.

Read More