Author: НОВА ТВ Balaban

Правно прашање е екстрадицијата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски од Унгарија, одговори денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто. – Ова не е политичко, туку правно прашање. Тоа е работа за судскиот систем и во Унгарија политичарите во врска со тоа не може да поставуваат прашање,  изјави Сијарто на прес-конференцијата со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, запрашан за тоа дали Унгарија има намера да го испорача Груевски. По пресудата во предметот „Тенк“, со која доби двегодишна затворска казна, во 2018 година Груевски избега во Будимпешта и таму доби политички азил.

Read More

Министерката за образование, Мила Царовска, нема да министерува во новата влада, која ќе ја формира новиот мандатар, откако премиерот Зоран Заев поднесе оставка на функцијата. – Јас донесов одлука да не учествувам во новата влада со новиот мандатар. Во изминатите пет години, заедно со мојот тим, навистина испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата како и силата на жените и младите – одговори Царовска во врска со тоа дали ќе биде дел од новата влада. Таа ја…

Read More

Двајцата министри разменија мислења за состојбите во Регионот и констатираа дека е неопходен засилен ангажман на Унијата со цел постигнување двонасочен, партнерски однос кој ќе придонесе кон постабилен и просперитетен Регион.  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска му беше домаќин на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој е во еднодневна работна посета  на нашата земја. Двајцата министри разговараа за развојот на  на повеќесекторската соработка меѓу двете земји, а особен акцент беше ставен на актуелностите во однос на внатрешно-политичките состојби во земјава како и последните дејствија поврзани со европската интеграција на Северна Македонија, но и…

Read More

Во Тетово синоќа 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Кумановската полиција за четири часа санкционираше 22 возачи за брзо возење, информираше денеска СВР Куманово. Посочуваат дека синоќа во периодот од 18:00 до 22:00 часот со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 22 возачи. – Од нив, три возила се…

Read More

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат анализите од примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа земени од 42 мерни места во градот. Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека во периодот од 13 декември до 17 декември се земени 186 примероци за физичко-хемиска и за микробиолошка анализа на вода за пиење. – Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се наведува во денешното соопштение на „Водовод и канализација“.

Read More

За возење повеќе од дозволената брзина 72 санкции Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 72 санкции, 48 мерки за возење под дејство на алкохол, 26 санкции за возење без возачка дозвола. Изречени се осум мерки за нерегистрирани возила, шест за користење мобилен телефон, 11 за возач почетник. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме…

Read More

На 19.12.2021 во 00.17 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Побожје, општина Чучер Сандево, настанал пожар во куќата сопственост на Т.С.(64). Притоа, В.С. (35) не успеал да излезе од куќата и починал. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Read More

Еднаш веќе реков, но би сакал да повторам: не смееме да дозволиме културата на заборав да стане преовладувачка. И тоа најмалку заради актуелниве негирања од страна, најмногу – заради нас самите, рече Пендаровски Претседателот Стево Пендаровски вечерва се обрати на свеченото одбележување на јубилеите „75 години Филолошки факултет“ и „100 години од раѓањето на Блаже Конески“ што се одржа во Македонскиот народен театар, во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје. На свечениот настан, на претседателот Пендаровски му беше врачена плакета во знак на особена благодарност за континуираните напори и за придонесот во развојот на високообразовната и научната дејност,…

Read More

Денеска (19.12.2021) околу 17 часот на наплатната станица Миладиновци полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции по извршена контрола одзеле автобус, соопственост на правно лице од Скопје, кој се движел на релација Скопје-Истанбул, а бил управуван од З.М. (56), поради основано сомнение дека е направен фалсификат по регистрација и број на шасија. Исто така,  поради сомнение дека возачот нема лиценца за меѓународен транспорт известени се надлежните инспектори од Државниот инспекторатот за транспорт за постапување. Во тек е документирање на случајот, за кој  следуваат соодветни поднесоци.

Read More

Со песната „Green forces“ македонските претставници, тинејџерите од „Дајте музика“, со одличниот настап го освоија деветтото место на Јуниор Евросонг во Париз. Победи претставничката на Ерменија, Малена, со песната „Qami Qami“. Македонија и додели 12 поени на Русија, а Албанија ѝ ја даде единствената 12-ка на Македонија. Од онлајн гласањето, пак, земјава доби 55 поени. Вкупниот број поени, 114, коишто ги добија нашите претставници, беа доволни да се најдеме во најдобрите десет изведувачи.

Read More

Демонстрантите, некои со транспаренти „Слободна зона“ и „Доста е, доста“ и „Добив своја фер доза“, протестираат против силните препораки на владата за вакцинирање на населението, вклучително и здравствените работници, кои ќе имаат рок од три месеци да се вакцинираат против коронавирусот или ризикуваат да ги загубат своите работни места. Илјадници демонстранти излегоа денеска на улиците во центарот на Брисел за да искажат незадоволство од засилените ограничувачки мерки против ковид, воведени од белгиската влада за да се спротивстави на скокот на инфекции и појавата на новата, загрижувачка варијанта омикрон. Голем број полицајци во пресрет на демонстрациите беа организирани на улиците, откако…

Read More

„Да бидеме слободни, но и одговорни, солидарни. Се вакцинираме затоа што е време да се поврземе и да бидеме заедно во оваа битка со Ковид-19″, вели премиерот Јанша во писмото што граѓаните го добиле во поштенските сандачиња. Словенија ја засилува кампањата за вакцинација против Ковид-19, така што вакцината ќе биде достапна и во скијачките центри, а сите граѓани добија писмо од премиерот Јанез Јанша во кое ги повикува да се вакцинираат. „Да бидеме слободни, но и одговорни, солидарни. Се вакцинираме затоа што е време да се поврземе и да бидеме заедно во оваа битка со Ковид-19″, вели премиерот Јанша во…

Read More