Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Феенорд и Ајакс Ротердам го играат дербито на холандскиот фудбал. Гостите имаат предност од 0-1, но вистинска драма се случи пред почетокот на натпревaрот, пренесува екипа.мк. Кога автобусот со фудбалерите и стручниот штаб на Ајакс стигна пред стадионот тој беше нападнат од најверните навивачи на големиот ривал. Чадни бомби, петарди, факели, а група од 150 луѓе со стаклени шишиња го гаѓаа автобусот и полицијата.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.592 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 101, Прилеп – 12, Битола – 10, Велес и Струмица – по 8, Кавадарци, Куманово и Охрид – по 7, Ресен – 6, Штип – 4, Гевгелија, Демир Хисар и Неготино – по 3, Богданци, Делчево, Кичево и Пробиштип – по 2, Дебар, Кочани и Крива Паланка – 1. Регистрирани сe 193 оздравени пациенти од: Скопје – 78, Кавадарци – 20, Битола – 18, Прилеп – 14, Куманово – 12,…
За два дена, вчера и денеска, двајца затвореници починале во КПУ„Идризово“. МВР информираше дека на 18.12.2021 во 13.10 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа затвор Идризово било пријавено дека починал осуденикот Ш.Ф.(76) од Охрид, кој имал здравствени проблеми. На 19.12.2021 во 01.00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа затвор Идризово било пријавено дека починал осуденикот Х.К.(44) од Република Албанија. Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Оваа трка, која е од хуманитарен карактер, започнува и завршува на плоштадот Колумбо во Мадрид. Илјадници луѓе учествуваа на традиционалната трка на Дедо Мразовци во Мадрид, главниот град на Шпанија. Оваа трка, која е од хуманитарен карактер, започнува и завршува на плоштадот Колумбо во Мадрид. Неколку илјади луѓе од сите генерации и двата пола трчаа на делница долга околу 5,5 километри. Меѓу Дедо Мразците имаше и луѓе облечени во зелени костуми, како неговите помошници.
,,Јас песните ги берев од дрвото на животот”- Блаже Конески Во чест на 100 годишнината од неговото раѓање и богато творештво како раскошна крошна на дрвото на животот кое е и наша историја, објави денеска министерката за култура, Ирена Стефоска, на својот Фејсбук профил, по повод 100-годишнината од раѓањето на академик Блаже Конески. https://youtu.be/OzYoxOnXgTI Стиховите се од песната „Поетика“ на Конески.
Се урна дел од мост на автопат во Кина, три камиони пропаднале и згмечиле возило, четворица загинати
Четири лица загинаа при уривање на дел од мост во градот Ежоу, во кинеската провинција Хубеи. Мостот се урна над автопатот, при што три камиони пропаднале и под себе згмечиле едно возило. Во тек е истрага за инцидентот, а за време на несреќата се изведувале работи на мостот.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во состојбата на двете детски игралишта, чија реконструкција е во завршна фаза, информираа од Општината Кисела Вода. Првото е лоцирано на улицата “Димо Хаџи Димов”. Поставени се сосема нови реквизити за детска игра, клацкалки, лулашки просторот е ограден, а поставени се и нови клупи за одмор за повозрасните. Дополнително, непосредно до детското игралиште, поставени се и фитнес справи, со што љубителите на спортот добиваат свој простор за вежбање на отворено. Целокупниот лик на ова место, каде постоеше старо и уништено детско игралиште е променет. Наскоро овој простор за рекреација ќе биде целосно завршен и…
„Податоците за клиничката сериозност на Омикрон сè уште се ограничени“, соопшти СЗО. „Потребни се повеќе информации за да се разбере, вклучително и како сериозноста влијае на вакцинацијата и постоечкиот имунитет. Варијантата Омикрон на коронавирусот е пријавена во 89 земји, а бројот на случаи се удвојува за 1,5 до три дена во областите на пренесување на вирусот во заедницата, објави Светската здравствена организација (СЗО). Омикрон брзо се шири во земјите со високо ниво на имунитет кај населението, но не е јасно дали тоа е поради способноста на вирусот да го избегне имунитетот, неговата способност да ја зголеми преносливоста или е комбинација…
Данела Арсовска првите два месеци од мандтот ги помина неработејќи ништо и нанесувајќи им штета на граѓаните на Град Скопје. Арсовска покажува неспособност, изјави денеска Гордан Шутаров, генерален секретар на СДММ и советник во Советот на Град Скопје Тој додае: „Скандалозно го поништи проектот Бас рапид транзит за ефикасен и еколошки градски превоз. На проектот се работеше цели три години со партнерите од Европската банка за обнова и развој. Но уште поскандалозна е нејзината најава дека нема да ги гради двата нови моста, мостот на булевар АСНОМ и мостот на улица Љубљанска. Мостот на АСНОМ веќе е во…
Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и поднесени им се соодветни платни налози. Тие ќе се соочат со парични глоби од 225 до 325 евра во денарска противвредност, а 4 возачи кои одбиле алкотестирање со глоба од 500 евра. Покрај тоа, на прекршителите им претстои и мерка времено одземање на возачките дозволи од 3 до 12 месеци. За време на контролата биле констатирани и санкционирани и 176 останати прекршоци. На 18/19.12.2021, во периодот од 21.00 до 03.00 часот, полициски службеници спроведоа зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возачи што управуваат возило под дејство на алкохол,…
Интернет гласањето ќе трае до 19 декември до 15:59 часот, односно до пред почетокот на музичкото шоу. Децата од „Дајте музика“ утре ќе пеат на Јуниор Евросонг во Париз. Еден ден пред натпреварот, Кристина, Анастасија, Миха и Филип испратија порака до сите фанови од Македонија дека може да гласаат за нив преку официјалната страница на Јуниор Евросонг кадешто е дозволено да се гласа за сопствената земја. „Гласајте за Македонија“, вели македонскиот тим. На официјалната страница на Јуниор Евросонг може да се гласа за три земји, вклучувајќи ја и сопствената. Интернет гласањето ќе трае до 19 декември до 15:59 часот, односно до пред…
Од почетокот на 2021 до крајот на ноември компаниите активни во Технолошко индустриските развојни зони достигнале извоз од 2 милијарди и 734 милиони евра што, како што информираат од ТИРЗ е највисоко досега споредено со истиот период во изминативе четири години. Според анализата, вкупниот извоз во првите единаесет месеци е за 17,5 отсто повисок споредено со истиот период лани, односно 7,5 проценти повисок споредено со периодот јануари-ноември од 2019 година и за речиси 23 отсто повисок во однос на 2018 година. Само во ноември компаниите активни во зоните оствариле извоз од 251 милиони евра, што е на исто ниво со ноември…