Четири лица загинаа при уривање на дел од мост во градот Ежоу, во кинеската провинција Хубеи.

Мостот се урна над автопатот, при што три камиони пропаднале и под себе згмечиле едно возило.

Во тек е истрага за инцидентот, а за време на несреќата се изведувале работи на мостот.