Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Ќе имаме тотално нова ситуација и ќе биде потребен најмалку еден месец да се формира нова влада, што значи дека повторно ќе загубиме некое време. Ќе биде многу добро ако ова се случи за време на празниците и до крајот на јануари новата влада на Северна Македонија ќе биде поставена. Тоа секако ќе помогне, вели словенечкиот амбасадор Милан Предан Мислам дека е време Северна Македонија конечно да испрати амбасадор во Софија. Мислам дека тоа секако не помогна, да се нема амбасадор и силно дипломатско претставништво во Софија, секако беше причина што можеби комуникацијата не беше како што треба и не…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе го пречека министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој ќе престојува во еднодневна работна посета на нашата земја. Како што информираат од Министерството за надворешни работи, во фокус на разговорите ќе бидат севкупните билатерални и економско-трговски односи, како и актуелните политички случувања со акцент на последните заклучоци донесени на декемврискиот Совет за општи работи на Европската унија
Со јубилеен концерт градскиот женски младински хор „Менада“ вчера одбележа 40 години од основањето. Присутните во салата на поранешниот Дом на Армијата имаа можност да проследат речиси двочасовен концерт на кој хористките исполнија десетина композиции. Композициите во минатото биле наградувани или биле претставени пред значајни хорски фестивали низ повеќе држави. – Ова е заокружување на еден работен век. Се надеваме дека вака оставаме белег за афирмација на градот и нашата земја. Исполнивме композиции кои го одбележаа нашето постоење во изминатите 40 години. Се надевам дека оставивме извореден впечаток кај публиката, затоа што секој кој беше присутен на концертот можеше да се најде…
Со лажни податоци ВМРО-ДПМНЕ не може да ја покрие неспособноста на Данела Арсовска. Два месеца Арсовска не работи ништо освен што прекинува проекти и разрешува директори на јавни претпријатија, соопштија денеска од СДСМ. Наместо да работи за интересите на граѓаните, Арсовска работи за интересите на ВМРО-ДПМНЕ, се однесува неодговорно и нанесува штета на развојот на Скопје. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, да не измислуваат алиби, да се зафатат со решавање на проблемите или да си одат.
На 18.12.2021 полициски службеници од СВР Велес, врз основа на судска наредба, ги привеле Б.А.(40), Н.П.(21), Ј.Ј.(39), М.А.(24), И.У.(40) и Р.С.(30), сите од Велес. За нив биле распишани потерници за издржување затворски казни. Р.С. била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, а останатите пет лица биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казните.
Во однос на Договорот за добрососедство од 2017 година, рече дека тој го предвидува токму она за што зборуваше премиерот Кирил Петков – формирање работни групи кои ќе се фокусираат не само на историјата, туку и на инфраструктурата, економијата, енергетиката итн. Oдносите меѓу Бугарија и Северна Македонија, за жал, се на најниско можно ниво, вклучително и во довербата меѓу нас. Ја следам, се разбира, ситуацијата во Бугарија. Тоа беше исклучително важна година за нас да ги започнеме преговорите. Во Република Бугарија имаше три изборни процеси, службена моќ, и тоа не помогна да се надминат разликите и да се укине ветото…
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 253 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 45 мерки за возење без возачка дозвола, девет за возач почетник, 14 за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се 49 мерки за возење под дејство на алкохол, седум мерки што ги чинат пешаците, седум за користење мобилен телефон, 10 мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги…
Најмалку четири лица загинаа кога мал авион се урна во близина на Редклиф, предградие на австралискиот град Бризбејн, соопшти денеска полицијата на провинцијата Квинсленд. „Четири лица загинаа утринава кога се урна авион во близина на Редклиф. Полицијата и итните служби одговорија на повикот дека помал авион се урнал во водите кај Редклиф, веднаш по 9 часот“, се наведува во соопштението. Засега не е познато колку луѓе имало во авионот.
Во шест часот утрово стапи во сила новата министерска одлука во Грција, според која, за влез во земјата задолжителен е негативен резултат од ПЦР или рапид тест, мерка што важи за сите патници со наполнети пет години, меѓу кои и оние од Северна Македонија, без разлика дали се вакцинирани или не или дали прележале Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за привремена и вонредна мерка за празничниот период во пресрет на Божиќ и Нова година, а засега, одлуката е со траење до 10 јануари 2022 година. Негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или…
Балканот имаше многу важна улога во судбината на Европа и затоа претседателот Макрон е убеден дека Европа треба да преземе поголем ангажман на Балканот, како на политички, така и на економски план.Треба да се направат напори за инвестиции, за развој на инфраструктурата, за повеќе солидарност, истакна Робин. Француската амбасадорка во Бугарија, Флоранс Робин во гостувањето на емисијата „Светот и ние“ на бугарската национална телевизија, изјави дека е свесна оти меѓу Софија и Скопје постои спор, но најважното за неа е потребата да се создаде можност за помирување меѓу двете земји. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Робин истакна…
Од денеска се до крајот на работната седмица ќе преовладува стабилно и суво време со подолги сончеви периоди. Утринските температури ќе бидат ниски, особено кон средината на неделата кога на места ќе се спуштат и под 10 степени. Во земјава денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 2, а максималната од 1 до 8 степени. Во Скопје,слично време со минимална температура до -2 и максимална до 6 степени. Од денеска се до крајот на работната…
Сообраќајот на патниот правец Свети Николе – Миладиновци на 10 километри пред Миладиновци се одвива само по една коловозна лента во должина од 150 метри. Причина за изменетиот режим на сообраќај е голем одрон на патот. Од Авто мото сојузот на Македонија вечерва соопштија дека на самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација и апелираат до возачите на внимателно возење.