Author: НОВА ТВ Balaban

СЗО наведе во неделниот епидемиолошко ажуриран извештај дека се потребни повеќе податоци за подобро да се разбере степенот до кој Омикрон може да го избегне имунитетот стекнат со прележан Ковид-19 или со вакцините. Прелиминарните докази укажуваат дека вакцините би можеле да бидат помалку ефикасни против инфекции и трансмисии поврзани со Омикрон варијантата на коронавирусот, која има поголема способност за реинфекција, соопшти денеска Светската здравствена организација. СЗО наведе во неделниот епидемиолошко ажуриран извештај дека се потребни повеќе податоци за подобро да се разбере степенот до кој Омикрон може да го избегне имунитетот стекнат со прележан Ковид-19 или со вакцините. – Како…

Read More

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска обелодени дека во Србија пристигнал новиот лек против коронавирус. Се работи за лекот молнупиравир произведен од компанијата МСД. – Во Србија пристигна новиот лек против короната! Го купија во САД, а во Европа заедно со нас го купија само Данска, Литванија и Словенија, изјави Вучиќ во видео пораката објавена на профилот на Инстаграм. „Животот и здравјето на луѓето немаат цена!“, додаде тој.

Read More

За претседателот Стево Пендаровски е прифатлив предлогот на бугарскиот премиер Кирил Петков, историјата да не биде единствениот фокус на разговори, но смета дека спорот може да се надмине и побрзо од временскиот рок што го даваат бугарските власти од 6 месеци. – Мене ми е прифатлив пристапот на новиот бугарски премиер кој заговара историјата да не биде единствениот канал преку кој ние, како две соседни држави, комуницираме. Да разговараме за инфраструктура, за енергетика, за економија, за трговска размена, за европски интеграции, за човекови слободи и права, но секако не да разговараме за тоа што се случило пред 3 или пред…

Read More

Се разбира, со претседателката на Косово, разговаравме и за дијалогот Приштина – Белград. Сите сме свесни дека ова е еден многу тежок и компликуван процес, но верувам дека сите луѓе со добра волја во регионот и пошироко, ќе го поддржат решавањето на спорот, кој на крајот ќе значи иреверзибилна пацификација на регионот, рече Пендаровски Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска на плоштадот „Ибрахим Ругова“ во Приштина, на официјална церемонија со државни и воени почести беше пречекан од претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу. Во рамки на официјалната посета, претседателот Пендаровски оствари тет-а-тет средба со претседателката Османи-Садриу, беше одржан пленарен состанок на македонската и косовската…

Read More

Во рамките на одбележувањето на 55 години од своето основање, Факултетот за музичка уметност (ФМУ) денеска ќе организира онлајн предавање на  проф. д-р Искра Шукарова на тема „Танцовиот проект „Гласот на телото“ (Скопје, 2021) низ призма на идеите на Далкроз и Лабан“, како дел од циклусот „Научни среди“. Покрај ова, на сајтот и Јутјуб-каналот на ФМУ објавен е и најновиот дел од програмата „Musica Viva за деца“ во чии рамки е претставена „Музичката сликовница“ од 1959 година од композиторот, долгогодишен професор и поранешен декан на Факултет за музичка уметност, Тома Прошев. Седумте става на „Музичката сликовница“ оригинално напишани за пијано,…

Read More

Инспекторатот за животна средина на Град Скопје во рамки на новите заложби на Град Скопје за зголемена контрола и инспекциски надзори со цел заштита на животната околина и здравјето на граѓаните, во процесот на засилени контроли за фрлање на отпад во Вардариште издаде прекршочен паричен налог и парична казна од 88 илјади евра, информираа од Град Скопје. Според извештајот на инспекторатот на Град Скопје затекнатите лица нелегално исфрлале отпад и со тоа ја загадиле животната средина и ја загрозиле безбедноста по здравјето на граѓаните, што е спротивно на член 37 од Законот за управување со отпад. Мора да…

Read More

Нормализирано е водоснабдувањето во с.Батинци, скопско. Како што соопштија од ЈП Водовод и канализација, дефектот на приклучна цевка од Ф 1 на ул.7 бб Батинци е саниран и водоснабдувањето е нормализирано утрово во 9 часот.

Read More

Здравствените работници собрани пред Општата болница ги соблекоа белите мантили и, како што јавува Фена, се простија од долгогодишните работни места. Здравствените работници во градот Коњиц во БиХ незадоволни од неисплатените плати, кои им беа ветени неколкупати, денеска ги соблекоа белите мантили и најавија раскинување на договорите за работа. Здравствените работници собрани пред Општата болница ги соблекоа белите мантили и, како што јавува Фена, се простија од долгогодишните работни места. Азра Мушиновиќ, претседателка на огранокот на Стручниот синдикат на лекари по медицина и стоматологија на Здравствениот дом и Општата болница Коњиц, за Фена изјави дека се уште штрајкуваат и дека…

Read More

Заклучно со 14 декември, вкупно се вакцинирани 838.987 граѓани, ревакцинирани се 810.990, а трета доза примиле 86.266 граѓани. Вкупно аплицирани се 1.736.243 дози вакцини, информираат од Министерството за здравство. Опфатот со вакцинација со две дози на полнолетната популација е 48%, а 57% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани. 22% од вакцинираните граѓани постари од 60 години примиле трета доза вакцина. Опфатот со една доза вакцина на полнолетната популација е 50%. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи…

Read More

Околу 300 луѓе се заробени на покривот на 38-катната зграда, во фреквентниот трговски кварт во Козвеј Беј. Најмалку четири лица се повредени при пожар во Светскиот трговски центар во Хонг Конг. Околу 300 луѓе се заробени на покривот на 38-катната зграда, во фреквентниот трговски кварт во Козвеј Беј. Од локалните власти пожарот е класифициран како трето ниво на инцидент, на скалата од 1 до 5. Весникот „Саут Чајна Морнинг Пост“ пишува дека купувачите и гостите на ресторанот се меѓу оние кои сè уште се заробени во зградата, која функционира како комплекс на трговски центар и деловен, канцелариски простор.

Read More

Имено З.С., управувајќи патничко возило „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, се упатил во с.Љубаништа, охридско, со намера да изврши неовластено пренесување на дрога и во близина на место викано „Ушине“ од албански државјани преземал пет големи платнени торби во кои имало марихуана во различни пакувања, во вкупна количина од околу 100 килограми. Денеска (14.12.2021) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, поточно Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи заедно со САЕ „Тигар“, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Охрид го лишија од слобода З.С.(57) од Охрид, со…

Read More

Најстариот заболен од коронавирусот е на возраст од 101 година, според извештајот, а во врска со тоа од каде е овој пациент и дали ја преживеал инфекцијата, од ИЈЗ појаснуваат дека станува збор за лице од Демир Хисар кое починало дома. Направени се за 6,2 проценти повеќе тестови за ковид-19 во однос на неделата  претходно, пишува во најновиот неделен извештај на Институт за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 6. до 12. декември годинава. Тестирани се 17.997 материјали во лабораториите во кои се врши молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, а регистрирани сe 2.090 нови позитивни случаи од…

Read More