Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Портпаролот на полицијата изјави за ТВ каналот Еј-Би-Си дека непознат маж отворил оган врз група луѓе кои присуствувале на комеморација, во чест на споменот на млад човек убиен дома пред неколку недели. Еден човек е убиен, а 14 се повредени откако лице од автомобил отворило оган во американскиот град Бејтаун, држава Тексас. „Тројца од ранетите се во критична состојба, а останатите се здобиле со повреди вон животна опасност”, се вели во соопштението на полицијата. Причините за пукањето се истражуваат. Портпаролот на полицијата изјави за ТВ каналот Еј-Би-Си дека непознат маж отворил оган врз група луѓе кои присуствувале на комеморација, во…
Дури и кај првачиња се открива состојба на анксиозност и на депресија велат психијатри за НоваТВ од Службата за ментално здравје на деца и младинци „Младост“ во Скопје. Алармантни податоци денеска обелоденија Државниот завод за статистика чие истражување покажало дека девет проценти од децата кај нас кои се на возраст од 5 до 17 години имаат анксиозност, додека два проценти страдаат од тага или депресија. Овие фрапантни бројки се од Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС) на ДЗС, спроведено во текот на 2018-2019 година, како дел од Глобалната програма за состојбата на децата и жените. Д-р Биљана Аризанкоска Ефтимова, психијатар и раководител…
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) бара од Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Скопје да ја отфрли кривичната пријава од Агенцијата за разузнавање за новинарите Горан Момировски и Драган Милосављевиќ. – Пред извесно време Момировски и Милосављевиќ беа поканети за давање исказ во ОЈО а повод за ова е емисијата која се емитува на ТВ Алфа со наслов „Заспиј ако можеш“ од 11ти јануари 2021 година. Укажуваме дека кривичен прогон кон новинари за дела за кои се предвидуваат повеќе години затвор, посебно од страна на безбедносни структури може дополнително да ја загрозат и така кревката слобода на изразување во нашата…
Според сите пописи спроведени во Албанија од создавањето на албанската држава до последниот попис, немаме ниту една личност, ниту еден изјаснат за Бугарин во регистрите на албанската држава. Во областа Преспа во 2011 година кога беше спроведен пописот и во селото Врбник во Деволската област, 100 проценти сите се изјаснати за Македонци. Немаме ниту еден Бугарин, рече Стерјовски Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стeрјовски, гостувајќи во емисијата „Конак“ на телевизија СОТ7 зборуваше за „напорите на Бугарија за асимилирање на Македонците во Албанија“. – Македонците во Албанија во последните години се соочуваат…
Истражувањето, исто така, покажува дека околу 10 проценти од децата на возраст од 2 до 17 години носат очила, додека помалку од 1 процент користат опрема или добиваат помош при одење. Околу девет проценти од децата на возраст од 2 до 17 години имаат функционални тешкотии во најмалку еден домен, според одговорите на нивните мајки/старатели. По домени на тешкотии, девет проценти од децата на возраст од 5 до 17 години имаат анксиозност, додека два проценти страдаат од тага или депресија, покажува Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС) на Државниот завод за статистика, спроведено во текот на 2018-2019 година, како дел од Глобалната…
Голем дел од екипата на филмот „’Рѓа“ („Rust“) – озлогласен по несреќата кога Алек Болдвин случајно ја застрела и уби снимателката Халина Хачинс, објави отворено писмо со кое повикува филмот да се снима докрај. Писмото е поставено на Инстаграм-профилот на Болдвин. – За време на снимањето на „’Рѓа“, нашиот работен распоред и платите беа фер и во согласност со нашите очекувања. Описот на работата на снимањето на „’Рѓа“ како невнимателна, опасна и експлоататорска е погрешна и го одвлекува вниманието од најважното нешто – сеќавањата за професионалецот Хачинс и потребата од модернизирање на застарените техники и правила за безбедност и ракување…
Вечерва со почеток во 19 часот во изложбениот салон на НУ центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложбата „Распетие на светлината“ од авторката Марија Величковска, информираа денеска од НУЦК. Кумановци ќе имаат можност да разгледаат 26 слики коишто авторката ги работела изминатите три години кои се дел од нејзиниот трет тематски циклус на самостојно презентирање на најновата сликарска продукција Величковска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во насока дипломиран сликар со модно креирање. Таа од 1994 до годинава учествувала на бројни изложби во државата. – По двете реализирани изложби во „Трајко Прокопиев“ – Куманово на академската сликарка Марија…
Во КИЦ на Северна Македонија во Софија денеска ќе се одржи музичко едукативна претстава за деца и родители „Приказна за Моцарт“, во која учествуваат децата од Детското драмско и музичко студио при Здружението „Детски Свет“ од Скопје. Автор на претставата е Сања Шуплевска Боирал, драматург Магдалена Ризова Черних, а продуцент Орце Ицковски. Ќе настапат Анастасија Аневска – Клара, Адриен Боирал – Карл, Александар Ицковски – виолончело, Ведран Андреевски – пијано, Дарко Богески – Моцарт, Леополд, Бетовен, Магдалена Ризова Черних – Кралицата и Сања Шупелвска – виолина. Претставата се одвива во времето кога В. А. Моцарт ја пишувал својата последна опера – Волшебната…
Зависно од бројот на доставените примероци, на анализа може да се почека и неколку недели, па ќе видиме дали овој сој ќе биде „уловен“ кај нас пред Нова година. Институтот за јавно здравје на РСМ сѐ уште не го тестирал сојот омикрон со последното секвенционирање на примероците од минатиот месец, бидејќи тогаш овој сој се уште не беше откриен. До Нова година се очекува да се прави нова анализа дали оваа варијанта е присутна и кај нас. – Досега во лабораториите на Институтот за јавно здравје овој сој не е баран во примероците, па нема одговор на прашањето дали веќе…
Министерството за здравство ја информира јавноста дека со амандман ќе интервенира да ги повлече измените на Законот за здравствена заштита што се однесуваат на делот со трансплантација на органи заради лекување. МЗ е отворено за секаква дискусија, јавна дебата, а наша цел е заедно со сите чинители да ги надминеме разликите за доброто на граѓаните и пациентите, инфомрираа од Министерството за здравство.
Да, има вистина дека има француска иницијатива, за да седнат на маса, за да се надминат сите разлики на начин што наредните месеци на 2022 година, напролет, да се одржи првата меѓувладина конференција, рече Груби. Постои француска иницијатива за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби. – Ние ги поднесовме одговорите кон сите прашања што ги има поднесено Бугарија во најконструктивна можна форма и чекаме новите власти, претседателот Радев, новата Влада, да му пристапат на дијалогот околу овие прашања на конструктивен начин. Да постигнеме зделка…
Буџетот на Европската Унија обезбеден за оваа програма изнесува 2,44 милијарди евра за периодот од 2021 до 2027 година. Финансирањето на Европската Унија во рамки на различните акции на програмата се движи од 80 % до 40 % што е потврда за високото учество на неповратни средства и високиот износ на максимални средства за одобрени проекти. Ве известуваме дека амбасадорката при Мисијата на Република Северна Македонија при Европската Унија, Агнеза Руси, и комесарката за иновации, истражување, култура, образование и млади на ЕУ, Марија Габриел, го потпишаа Договорот меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за учество на Северна Македонија во…