Author: НОВА ТВ Balaban

Овој случај уште еднаш покажа дека консензусот е проблем при одлучувањето. Не можеме да продолжиме, затоа што една земја блокира, потенцира Борел. Денеска не е добар ден, бидејќи требаше да го започнеме пристапниот процес со две земји, но не можеме, затоа што една држава го блокира целиот процес на проширување, изјави денеска во Брисел високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел пред почетокот на Самитот ЕУ – Западен Балкан. Тој изрази незадоволство поради недостигот на напредок  во Бугарија во однос на отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, додавајќи дека тоа покажува оти принципот…

Read More

Прилепчанецот кој вчера се обидел да ја убие неговата поранешна сопруга и тоа среде бел ден, во домот на нејзините родители, уште во јануари годинава бил пријавен за семејно насилство. Тогаш било разговарано со жртвата, но таа не сакала да се поведе постапка пред Основен суд за изрекување на привремени мерки за заштита, за што има своерачна потпишана изјава, потврдуваат за НоваТВ од Центарот за социјални работи во Прилеп. Одбивањето на оваа мерка вчера можеше прескапо  да ја чини оваа 43-годишна жена, дури и живот – таа вчера едвај успеала да ги преживее нападите од поранешниот сопруг кој најпрвин започнал…

Read More

Ученици од средните училишта на Град Скопје постигнаа голем успех во финалето на шестиот национален натпревар за Microsoft Office Specialist и Adobe Certified Professional, кое денеска се одржа во IBank концептуалната филијала на Стопанска Банка АД – Скопје. Тие освоија едно прво место, две втори места и едно трето место. Првото место го освои Дамјан Димовски од СУГС „Јосип Броз Тито“, вторите места се за Лука Зотовиќ од СУГС „Јосип Броз Тито“ и за Ардита Емини од СУГС „Зеф Љуш Марку“, а на третото место се најде Иван Јорданов од СУГС „Васил Антевски Дрен“. На финалето на овој престижен натпревар…

Read More

Изјавите на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) дека најавениот штрајк дава резултати, односно дека во Град Скопје и ЈСП се покачени платите како заслуга на ССМ се невистинити, тврдат од  Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). Како што соопштија денеска, репрезентативната синдикална организација на Град Скопје во рамки на гранскиот синдикат ССКО при КСС и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска потпишале измени на Колективниот договор на ниво на работодавач Град Скопје со кои се врши линеарно зголемување за сите вработени во градската администрација од 2.800 денари, освен за оние за кои веќе имаше зголемување по основ на зголемување на…

Read More

Уверувам дека институциите ќе ги даваат услугите кон граѓаните и ќе бидат функционални за време на штрајкот, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, откако членовите на Сојузот на синдикатите на Македонија денеска стапија во генерален штрајк за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година. Тренчевска порача дека граѓаните кои имаат потреба од каква било услуга од јавниот сектор мора да ја добијат услугата. Јавните службеници – администрацијата за тоа е и платена да испорачува услуги кон граѓаните, нагласи Тренчевска. Во Министерството за труд и социјална…

Read More

„Го охрабрувам работникот да се избори за својата егзистенција. Ги повикувам народните избраници од сите политички партии, да дојдат денеска, да ја дадат поддршката. Ако и ова не се случи, штрајкот кој во моментов се одвива, им е Дамоклов меч на сите јавни функционери и политичари“, порача Димовски. На првиот ден од генералниот штрајк во јавниот сектор, 120 празни столчиња осамнаа пред Собранието, а ССМ побара поддршка од пратениците да го усвојат амандманот за линеарно зголемување на платите.  – Цела Македонија штрајкува во јавниот сектор,  а ССМ бара поддршка од народните пратеници за поднесениот амандман за зголемување на платите од…

Read More

Сметаме дека додека трае фазата на помирување, штрајкот не би требало да се одржи, но тоа е демократско право на секоја страна да одлучи дали ќе прифати да има помирување и дали би требало да се одложи штрајкот, рече Битиќи. Преговорите со владините претставници не вродија со плод. Сојузот на синдикати на Македонија утре дефинитивно излегува на штрајк со кој ќе го изрази незадоволството по однос на недоговореното денеска, а тоа е линеарно покачување за сите по 2.806 денари и утврдување на регрес во јавниот сектор од 30 до 100 проценти од просечната плата, најави денеска по средбата со владините…

Read More

Од утре до петок, Скопје ќе живее во знакот на штрајкот на вработените во јавниот сектор. За негово одржување тие најавија специјален перформанс пред клучните државни институции, Собранието, Владата и Министерството за финансии. Како што информираат од Сојузот на синдикатите, штрајкувачкиот одбор договорил утре пред Собранието бидат поставени 120 столчиња за пратениците во период од 10 до 14 часот, со што воедно  ќе биде прекинат сообраќајот на коловозните ленти. Следниот ден, во четврток, пак, од 10 до 14 часот пред Владата ќе бидат поставени 21 столче колку што изнесува бројот на министрите во кабинетот на Ковачевски. Третата фаза од штрајкот предвидува…

Read More

Полицијата во полошкиот регион во наредниов период значително ќе ги засили контролните активности за откривање и санкционирање пукање од огнено оружје, правење на огномети и користење на пиротехнички средства. Деновиве се одржуваат состаноци на советодавните групи на граѓани и на месните и урбаните заедници во Полог за да се намалат и спречат ваквите нарушувања на јавниот ред и мир. Од СВР Тетово појаснуваат дека во наредниве два месеца, (јули и август), на поширокото полошко подрачје закажани се и ќе бидат организирани голем број свадбени и други свечености. – Ваквите свечености минатите години, повеќе или помалку, се карактеризираа со повремени нарушувања на јавниот ред и…

Read More

  Градот Скопје ги известува граѓаните дека во текот на наредните неколку дена на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција против комарци, според следниот распоред: Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се одвива од утре (22.06.2022 година, среда) до сабота (25.06.2022 година), во периодот од 22 до 03 часот. Наредниот ден, авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци, пак, ќе се одвива на 25.06.2022 година (сабота) и на 26.06.2022 година (недела), во раните утрински часови, информираат од Град Скопје.Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден,…

Read More

Осуденото лице е префрлено од затворено во полузатворениот дел од затворот бидејќи така налагаше неговата здравствена ситуација. Истото треба да поминува повеќе време на воздух, вели Тодоров. Четири осудени лица во КПУ Затвор Штип втор ден штрајкуваат со глад. Роднини на затворениците велат дека до ваква ситуација дошло бидејќи прaвата во затворот не важеле исто за сите. Револтот е заради тоа што едно осудено лице било префрлено од затворениот во полуотворениот дел, иако таму бил пократок временски период од нив. Директорот на Затворот Штип, Мики Тодоров иако е на годишен одмор за МИА потврдува дека осудените лица штрајкуваат, лекарот утринава…

Read More

„Со овој протокол се пропишува дека до 1 септември, секој викенд и секој државен празник, на нашите граници државјаните на Косово и на Албанија ќе преминуваат без да имаат потреба од регистрирање од страна на пограничните органи, со цел да не се создаваат редици и доцнења на граѓаните од двете страни“, изјави Чучи. Владите на Косово и Албанија на денешната заедничка седница во Приштина одлучија да го укинат задолжителното регистрирање на граѓаните при премин на меѓудржавната граница во викендите и во текот на државните празници, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што беше објавено по денешната седница на двете…

Read More