Author: НОВА ТВ Balaban

„Сите заедно треба да ја зголемиме свеста и да ја разбереме различноста на лицата со попреченост, бидејќи секој човек е подеднакво важен“. Ова е пораката на министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Според Шахпаска, Процесот на деинституционализација како дел од социјалната реформа, продолжува успешно да се спроведува. Трансформацијата на грижата на децата без родители и родителска грижа и лицата со попреченост во форми на згрижување, како згрижувачки семејства, групни домови и живеење со поддршка во заедницата, секојдневно ја потврдува својата успешност. „ Лицата со попреченост најмногу од се бараат еднаквост, самостојно…

Read More

На 01.12.2021 во 09.50 часот во Полициското одделение Нов Дојран, Б.Л. (67) од Стар Дојран пријавил дека во близина на неговата куќа пронашол граната, која била безбедно подигната од инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување Струмица. Притоа било утврдено дека се работи за неексплодирана граната која потекнува од Прва светска војна со калибар 105 мм.

Read More

Кај нив биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело – пари, банкарски картички, лични документи на оштетени граѓани и две тетратки во кои биле евидентирани заеми дадени по енормно високи камати на лица од социјално загрозени семејства корисници на социјална помош На 02.12.2021, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Штип ги лишиле од слобода Е.Ј.(39) и С.Ј.(45), од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ казниво по член 260 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека давале пари на заем со писмени и усни договори…

Read More

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(43) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „непостапување според здраствени прописи за време на епидемија“. Тој, на 27.09.2021 година, и покрај забраната за движење и задолжителна изолација по издадено решение од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, се упатил во спортска обложувалница во Струга и со остар предмет физички го нападнал вработениот во објектот.

Read More

Фала ги повика граѓаните на Јужноафриканската Република да бидат целосно вакцинирани, бидејќи, како што тврди, тоа е најдобрата заштита од Омикрон варијантата.  Јужноафриканскиот министер за здравство Џо Фала изјави денеска дека неговата земја влегува во четвртиот бран на Ковид-19 поради варијантата Омикрон, но дека болниците во оваа фаза не се загрозени. Тој на прес-конференција истакна дека инфекциите со новата варијанта сега се присутни во седум од деветте провинции во земјата и изрази надеж дека со овој сој може да се управува без да се предизвикаат премногу смртни случаи. Фала ги повика граѓаните на Јужноафриканската Република да бидат целосно вакцинирани, бидејќи,…

Read More

Сепак, Бибер, вели дека не гледа јасна причина зошто да верува дека ќе се случи деблокирање на ветото во декември, но дека ништо не е невозможно и ќе зависи од сигналите од Бугарија и што се случува зад кулисите, со оглед дека Германија, која е најголемиот поддржувач се наоѓа во преодна фаза на владата и останува да се види што ќе направат и другите ЕУ држави во однос на ставот на Бугарија. Северна Македонија нема како да попушти на суштински план пред барањата на Бугарија и за надминување на ветото во ЕУ ќе треба некаков симболичен компромис или механизам за…

Read More

Државниот дочек на посмртните останки од загинатите граѓани во трагичната автобуска несреќа во Република Бугарија, започнува околу 10:55 часот на Меѓународниот аеродром „Скопје“, а истиот можете да го проследите преку следниот линк,  информираа од Владата.

Read More

Климатските промени можат да влијаат врз ценовната и финансиската стабилност, односно врз целите на централните банки. Оттаму, централните банки, особено на најразвиените економии, во изминатиот период им посветуваат сѐ поголемо внимание на зелените финансии. Народната банка досега презеде повеќе активности за таа цел, вклучително и определување на зелените финансии како стратегиска цел и пристапување кон меѓународната Мрежа за зелени финансии. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на Годишната конференција на Обединетите нации: „Како да се обезбеди финансирање на одржливиот развој“, на панел-дискусијата „Што можат да направат банките и компаниите за одржливиот развој?“ „Има процени дека економската…

Read More

Поради лошите временски услови на софискиот аеродром и силниот ветер, се уште не полетале двата воени авиона со посмртните останки на 45-те загинати македонски државјани, јави дописникот на МИА од Софија. Се очекува авионите да полетаат најрано за 30 минути, но тоа ќе зависи од метеоролошката ситуација, изјави за МИА во Софија дипломатски извор кој сакаше да остане анонимен. Претходно од македонската Влада за МИА потврдија дека слетувањето на авионите се очекува за околу еден час.

Read More

На 02.12.2021 во 15.00 часот на ул.„Браќа Чакреви“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д.(55) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Read More

Многу често со тогашниот премиер Никола Груевски, за многу објекти, ме прашуваше за архитекти, урбанисти итн. бидејќи Министерството за транспорт и врски издаваше лиценци. Конкретно, и за оваа локација ме имаше контактирано, но и за други, рече Јанакиески Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска сведочеше и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој кажа дека екс-премиерот Никола Груевски, обвинет во случајот „Плацови на Водно“, барал од него да му предложи архитекти, односно проектанти за парцелите на Водно и во Крушево, кои се дел од обвинението во овој предмет.Но, како што изјави, за овие парцели се дискутирало како…

Read More

Актерот сега го даде првото интервју и тоа за ABC. Тоа ќе биде објавено денес, но, најавата е изненадувачка. Два месецa по несреќата којашто се случи на снимањето на филмот „Rust“, кога актерот Алек Болдвин ја уби директорката на фотографија, Халина Хачинс, тој се огласи и проговори на оваа болна тема ексклузивно за ABC . Тој веднаш по трагичниот настан дал изјава во полиција, а папараците го фотографирале како плаче пред канцеларијата на шерифот. Тогаш тој се огласи на Твитер. – Немам зборови да го опишам мојот шок и тага поради трагичната несреќа која го однесе животот на Халин Хачинс, мајка,…

Read More