Author: НОВА ТВ Balaban
Како адвокат работам на граѓанска материја, стопанско право. Фирмата „Сирах Инженеринг” е основана во 2012 година. Во врска со основање на фирмата, адвокатот Серјожа Марков ме претстави кај Александар Ивановски-Алек. Фирмата ќе се основаше со странски капитал. Ова фирма ќе се занимаваше со градежништво, кажа сведокот Макаревска. Судењето за случајот „Плацови на Водно”, денеска продолжува со искази на сведоци предложени од обвинителството. Во Кривичниот суд Скопје се сослушува сведокот Менка Макаревска, која во својство на адвокат ја објаснува процедурата на регистрација на фирмата „Сирах Инжинеринг”’, која според обвинението се јавува како купувач на плацовите на Водно. – Како адвокат…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 32-годишен жител на Гостивар, при вршење семејно насилство во семејната куќа во гостиварската населба Циглана, телесно ја повредил неговата сопруга. На 17 август тој физички ја нападнал оштетената со повеќе удари со раце и нозе по телото и главата, ја влечел и ја соборил, па и го одзел мобилниот телефон и 5.000 денари кои оштетената ги имала кај себе.
Мицевски, кој беше носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Сопиште, е назначен на новата функција од страна на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште, Јане Мицевски, е назначен за директор на јавното комунално претпријатие – депонијата „Дрисла“. Мицевски, кој беше носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Сопиште, е назначен на новата функција од страна на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска Тој од денеска ќе управува со депонијата, а досега на директорското место беше Коста Начевски, којшто беше назначен од Петре Шилегов, екс-градоначалникот на Град Скопје.
Приклучокот на заштитната ограда бил неправилно монтиран со две наместо со четири завртки, како што требало. Ова е, наведуваат, причината поради која заштитната ограда се скинала и покрај малата брзина со која удрил автобусот. Невладиниот бугарски Институт за безбедност на патиштата задолжи меѓународен ревизор да изврши непристрасна стручна проверка на состојбата на патиштата пред тешката несреќа на автопатот Струма, во која загинаа 45 македонски државјани. Како што јави дописникот на МИА од Софија, при увидот констатирано е дека заштитните огради не се поставени во согласност со барањата. На подрачјето на сообраќајната несреќа се случиле бројни несреќи при што биле оштетени…
Највисока стапка на слободни работни места од 3,32 проценти има во секторот Л – Административни и помошни услужни дејности, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,20 проценти. Во третиот квартал годинава имало 8 595 слободни работни места, а најголем број, 2 550, се во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба. Како што објави Државниот завод за статистика, стапката на слободни работни места во третиот квартал годинава изнесува 1,69 проценти. Највисока стапка на слободни работни места од 3,32 проценти има во секторот Л –…
Треба да оставиме да се формира владата, за да се дојде до решение за разликите меѓу Бугарија и Северна Македонија, изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов. – Разговорите продолжуваат, тие никогаш не запреле и се водат доверливо меѓу двете министерства за надворешни работи. Се надевам дека ние ќе добиеме нова влада. Утре е првата сесија на новиот Парламент на Бугарија и се надеваме дека новата политичка влада ќе постигне договор со Владата на Северна Македонија. Треба да оставиме да се формира владата, затоа што во Парламентот има седум политички партии и е многу тешко постигнувањето на решение. Така…
Грција го идентификуваше својот прв случај на Ковид-19 предизвикан од варијантата Омикрон, објави денеска министерот за здравство, Танос Плеврис, пренесува Катимерини. Инфекцијата е потврдена во Ханија, Крит, кај грчки државјанин кој се вратил од патување во Јужна Африка. Теоклис Заутис, шефот на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), рече дека мажот долетал на Крит на 26 ноември и направил брз антигенски тест на аеродромот кој се покажал негативен. Вториот тест следниот ден, откако развил благи симптоми на Ковид-19, повторно добил негативен резултат додека третиот, на 29 ноември, ја потврдил инфекцијата. Здравствените власти утрово потврдиле дека станува збор за варијантата омикрон.…
Поради градежни зафати на дел од улица „Лука Геров“ во населба Даме Груев, утре од 8 часот до понеделник до 6 часот возилата од линиите 22, 22А и 64А во тој реон ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје. Возилата од јавниот превоз во насока од Транспортен центар и Клинички центар до после надвозникот на улица „Лука Геров“, како што посочуваат од Од ЈСП – Скопје, ќе сообраќаат по своите редовни траси, потоа ќе вртат десно по улица „Лепенец“, па лево по улица „Шар планина“, па пак лево по улица „Тиранска“ и од…
Со два воени транспортни авиони утре изутрина од Бугарија ќе бидат транспортирани останките на 45-те македонски граѓани кои загинаа во автобуската несреќа на патот „Струма”, изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов. – Бугарската страна ќе обезбеди два воено-транспортни авиона со кои утре изутрина ќе бидат транспортирани останките на загинатите во сообраќајната несреќа, изјави Ангелов на новинарско прашање по посетата на општина Штип. Од Министерството за надворешни работи, исто така, најавија дека утре претпладне, на Меѓународниот аеродром Скопје ќе пристигнат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Република Бугарија. Во несреќата на патнички автобус со скопски регистарски таблички што се случи…
Ниту една држава, без разлика колку е демократска, не е имуна на корупција. Но ова не треба да ни биде алиби или оправдување за толерирање на оваа општествена болест која ја разградува економијата, ја урива демократијата и не оддалечува од посакуваната иднина во Европската унија, рече Јовески „Предизвикот на обвинителите и судиите во битката за обезбедување на владеењето на правото и еднаков пристап до правдата е секојдневен. Во таа битка тие често се критикувани и напаѓани“, истакна Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во синоќешното обраќање на свечениот настан по повод 15-годишнината од создавањето на Академијата за судии…
Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на отворањето на изложбата на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, по повод 75 годишнината од неговото основање. Како покровител на јубилејната изложба „75 години ДЛУМ“, претседателот Пендаровски нагласи дека секој континуитет кој остава развојни траги во нашата културна историја има непроценлива важност. Авангардата на македонската ликовна уметност е револуционерна за времињата кога се формира ДЛУМ, но, актуелна е за денешните, а ќе биде и за сите идни генерации. Во продолжение интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски. „Во времиња кога брзината е поважна од вредноста, кога нашето внимание го преокупираат инстантни „твитови“ и…
Од овие 63 возила, 22 биле санкционирани на територја на СВР Скопје, 16 на територија на СВР Охрид, осум на територија на СВР Тетово, пет на територија на СВР Штип… На 01.12.2021 од 8 до 11 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за техничката исправност на возила што вршат jавен превоз на патници, претежно автобуси и комбиња. При контролата откриени и санкционирани се 63 неисправни возила. Од нив 31 возило имало неисправен уред за запирање, две возила неисправен уред за управување и др. Од овие 63 возила, 22 биле санкционирани на територја на СВР Скопје, 16 на територија…
