Author: НОВА ТВ Balaban

Измените се однесуваат на делот поврзан со промената на изборот на обвинители и судството и нашиот став е целосно јасен, нема промени во преамбулата на Уставот – Косово и Метохија е составен дел на Србија.  Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, распиша референдум за потврдување на Законот за промена на Уставот на Република Србија за 16 јануари 2022 година, јави дописникот на МИА од Белград. Претходно пратениците го усвоија предлогот за промена на Уставот и распишување референдум. -Ја имам честа да ја потпишам одлуката за референдум што ќе се одржи на 16 јануари од 7 до 20 часот, а прашањето ќе…

Read More

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва изјави дека целта на Владата е да им понуди на сите возрасни бустер доза на вакцина против коронавирус до крајот на јануари и ги повика Британците да продолжат со борбата против новата варијанта на вирусот – Омикрон. – Секој ден нашите научници дознаваат повеќе за овој нов сој на коронавирусот, рече шефот на конзервативната влада на прес-конференција во Даунинг стрит. – Но, има нешто во што сме сигурни, а тоа е дека најдобрата одбрана од вирусот е вакцината, додаде Џонсон. Британската Влада уште вчера соопшти дека бустер дозата ќе им биде понудена на сите постари од 18 години и оти интервалот…

Read More

Пријавата за бомба во Македонскиот народен театар била лажна, информираат од МВР. Се проверува кој попладнево се јавил во билетарата на МНТ со лажна  дојава за експлозив. – МВР ги направи потребните проверки и утврдено е дека пријавата за напад е лажна. Се преземаат мерки за утврдување на пријавата и преземање на соодветни мерки и санкции против личноста која лажно пријавила. Им благодариме на граѓаните за трпението и на медиумите за професионалниот однос кон ситуацијата, информираат од МВР. Како што веќе објавивме, вечерва беа блокирани сите улици во центарот на Скопје поради пријава за поставен експлозив во Македонскиот Народен Театар.…

Read More

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна седница го утврди текстот на Предлог-законот за финансиска поддршка врз производството и откупот на земјоделски производи.Како што информираат од Владата, нa предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со ова законско решение се уредуваат условите, корисниците, висината како и постапката за доделување на финансиска поддршка за намалување на последиците врз производството, откупот на јаболко и ориз предизвикани од пандемијата.-Финансиската поддршка за намалување на последиците врз производството и откупот на јаболко и ориз се состои од поддршка по килограм за произведено јаболко кое во периодот од 15 септември 2021 година до 15…

Read More

Владата денеска на 112-та седница донесе одлука за еднократна финансиска награда од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70 отсто со вакцинација од вкупниот број пациенти запишани кај нив. Мерката пред неколку дена ја најави министерот за здравство Венко Филипче и, како што соопшти владината прес-служба, таа е во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од КОВИД-19 и за спречување на ширењето на пандемијата. 

Read More

Бугарските и македонските граѓани и натаму плаќаат најскап роаминг во регионот, поминуваат низ двојна гранична и царинска контрола, не можат да користат даночни олеснувања при напуштање на соседна земја и нема ниту еден прекуграничен инфраструктурен проект, се наведува во Декларацијата. Бугарско-македонската трговско-индустриска комора упати Декларација до премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Стефан Јанев во која се изразува загриженост од „негативното влијание врз деловната клима и трговските односи меѓу двете братски држави“ и се апелира за надминување на политичката криза и економско поврзување. Како што јави дописникот на МИА од Софија, кој имаше увид во содржината…

Read More

Апелираме граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните и точни информации, наведуваат од МВР Полицијата постапува по пријава за напад, откако едно лице се јавило во 16:45 во билетарата на МНТ, информираа за МИА од МВР откако вечерва беа евакуирани неколку објекти во центарот на Скопје. – Станува збор за стандардни мерки на МВР по ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја известиме јавноста соодветно. Апелираме граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните и точни информации, наведуваат од МВР Како што претходно објавивме, вечерва се блокирани…

Read More

Дијалогот на високо ниво е клучен за градење доверба и надминување на спорните прашања во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Ова е заедничкиот став на претседателот на Бугарија Румен Радев и на премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, кои денеска остваријa телефонски разговор, соопшти вечерва кабинетот на бугарскиот претседател. Радев и Заев, како што е наведено во соопштението, разговарале за аспектите на билатералните односи меѓу двете земји, за ефективно почитување на правата на луѓето кои отворено се изјаснуваат како Бугари во Република Северна Македонија, како и за нејзината европска перспектива, јави дописникот на МИА од Софија.

Read More

Судот за човекови права во Стразбур го одби барањето на бизнисменот Орце Камчев  на државата да ѝ се изрече времена мерка. Ова всушност значи дека судот одби да ѝ наложи на државата да го пушти Камчев во домашен притвор и да му бидат извршени прегледи од кардиолог. Адвокатите на бизнисменот Камчев  постојано реагираа во изминатиот период  дека здравствената состојба на нивниот клиент е влошена, а наводно, тој не го добива содветниот лекарски третман додека е во притвор. Тие реагираа и до Европскиот суд за човекови права од каде побараа одговори од македонската Влада. Европскиот суд за човекови права, согласно со…

Read More

Вечерва се блокирани сите улици во центарот на Скопје поради пријава за поставен екплозив во Македонскиот Народен Театар. На лице место е полицијата, а засега нема информации дали пријавата е лажна.

Read More

Досега не се пријавени смртни случаи поради варијантата омикрон, иако СЗО вели дека таа варијанта на коронавирус претставува висок ризик за нагло зголемување на бројот на заразени. Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изрази загриженост поради претераната реакција на некои земји на појавата на варијантата омикрон, додавајќи дека наметнатите ограничувања можеби не се неопходни и дека со нив неправедно се казнуваат африканските земји. – Добро ја разбирам загриженоста на сите земји да ги заштитат своите граѓани од варијанта што сè уште не ја разбираме целосно, рече шефот на СЗО. Гебрејесус додаде: – Подеднакво сум загрижен што…

Read More

Српската Влада на последната седница донесе Одлука за давање согласност за отворање Конзулат на Република Северна Македонија во Република Србија. Одлуката е објавена во „Службен весник на Република Србија“, јави дописникот на МИА од Белград. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија ќе биде во Чајетина. -Се дава согласност за отворање на Конзулат на Република Северна Македонија во Република Србија, на чело со почесен конзул, со седиште во Чајетина и конзуларна област што ја опфаќа територијата на административната област на Златиборскиот управен округ, се наведува во одлуката на срската Влада.

Read More