Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Директорот на Детската клиника за белодробни заболувања во Козле, Бесник Зеќири, во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ порача дека најмлади пациенти со коронавирус се едномесечни близнаци. – Во моментов имаме 22 деца хоспитализирани во нашата установа. Поголемиот дел се лекуваат амбулантски. Најмладите пациенти заболени од коронавирус се близначиња од по месец дена. Повозрасните се 16-17 години. Младите доаѓаат навреме на лекување, тоа значи дека родителите се грижат за нивното здравје, порача Зеќири.
Упатуваме апел до возачите на автобуси и комбиња редовно да ја проверуваат техничката исправност, со што ќе придонесат за сопствената и за безбедноста на патниците кои ги превезуваат и за што се најодговорни. Истото се однесува и на фирмите-превозници, чија законска обврска е да обезбедат максимални услови за нормално и безбедно превезување на патниците, без разлика дали организираат локални, национални или меѓународни дестинации, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово Во период од ноември 2020 година досега СВР Тетово на поширокото тетовско подрачје има вкупно поднесено санкции за 59 технички неисправни возила кои вршеле превоз на патници. Најмногу мерки (12)…
Да се разбереме, вакцинацијата кај оние што ја прележале болеста нема да биде опасна, ниту ќе остави некакви последици по нивното здравје. Вакцинацијата ќе биде безбедна и само дополнително ќе го надогради имунитетот во насока на тоа да имаат поквалитетен имунитет, вели д-р Злате Мехмедовиќ Идејата за вакцинирање на оние кои што имаат поминато 45 дена по прележувањето на болеста потекнува од релевантни институции како што се ФДА – Агенцијата за лекови во САД и Центарот за контрола на болести (ЦДЦ) и тоа е базирано врз основа на студии. Причината поради која тоа се прави не е затоа што…
Синот на вториот возач на автобусот за БНТ: Телото на татко ми било пронајдено во кабината за спиење
Телевизијата открива дека Кадрим Мемеди е името на вториот возач, а неговиот син Бесар ексклузивно за БНТ изјави дека телото на неговиот татко било пронајдено во кабината за спиење. Не возел, но не е потврдено. Синот бил во Бугарија за да го препознае телото и се вратил дома. Тој вели и дека од списокот на преживеани во несреќата, кој не е на списокот за патници на „Беса транс“, има еден – со име Шади Науф ал Салех. Репортерите на Бугарската национална телевизија БНТ го пронашле синот на вториот возач на автобусот кој, според тврдењето на синот, во моментот на трагичната…
Дополнително, членови на Судски совет, во својство на координатори на судови, ќе направат увид во неколку предмети од областа на сообраќајот кои се водат во некои од судовите, а за кои во последно време има реакции во јавноста. Судскиот совет испрати барање до Врховниот суд, како највисок суд, кој според Уставот обезбедува единство во примената на законите и воедначување на судската практика, со кое укажува дека судот е неопходно да ја преиспита казнената политика за кривични дела од областа на сообраќајот. Во дописот до Врховен суд, Судскиот совет наведува: Согласно член 101 од Уставот, Врховен суд обезбедува единство во примената…
Направени се 44 обдукции, но увидени се и остатоци од тела коишто ќе се поврзат со ДНК анализата. Треба да почекаме да се испитаат овие остатоци и тогаш точно ќе видиме колку лица биле настрадани, изјави Станков за МИА. Директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, во изјава за МИА вели дека на местото на автобуската несреќа во Бугарија се пронајдени 44 тела и остатоци од тела, коишто ќе се поврзат со ДНК анализата. – Додека не заврши ДНК анализата, не може да се утврди точниот број на настрадани лица. Направени се 44 обдукции, но увидени се и остатоци…
На 24.11.2021 во 13.10 часот во Полициската станица Аеродром биле повикани И.И.(29) и С.А.(28), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на 18.11.2021 одзеле повеќе предмети од објект во изградба на ул.„Фрањо Клуз“ во Скопје. Во службен разговор со полициски службеници тие го признале делото, а одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.11.2021 во 15.00 часот во с.Катланово, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода С.М.(32) од с.Пакошево, општина Зелениково. Таа била барана со потерница од Основниот суд Скопје-1 за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. С.М. била спроведена во Казнено – поправната установа Идризово за издржување на казната.
На 24.11.2021 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди здобиени од сообраќајна несреќа била донесена Е.С.(70) од Скопје. При разговор со повредената извршен од полициски службеници од СВР Скопје, таа изјавила дека околу 14.00 часот на ул.„Св.Кирил и Методиј“ била удрена од непознато возило, кое по несреќата го напуштило местото. Се работи на расчистување на случајот.
На 24.11.2021 во 17.30 часот на граничниот премин Блато од слобода бил лишен Г.А.(26) од Република Албанија, затоа што при извршена проверка било констатирано дека во службената евиденција за него има мерка „апси“ по барање на Интерпол Германија. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Дебар за понатамошна постапка.
Ова не се прави со договор само со еден Синдикат. Во време на социо-економска криза во која две години од март до сега, не престана ситуацијата со прекршување на работничките права, со отпуштање од работа. Не може само еден синдикат да одговара и преговара. Не се повикани ниту здруженијата на работадавачи, не се повикани останати синдикати, рече Ампева Во време на социо-економска криза не престанаа прекршувањата на работничките права. При донесување на мерките потребно е државата да соработува со повеќе здруженија и синдикати, а не само со еден Синдикат, или пак одлуките да ги донесува политички и зад затворени врати.…
„Во нивните бели дробови се утврдени траги од дим, што значи дека биле живи во моментот на пожарот“, рече Сарафов. Завршени се обдукциите и сите покажуваат дека загинатите починале како последица на задушување од пожарот, а не од повреди здобиени од ударот, ниту од експлозија, соопшти на денешната прес конференција заменик главниот обвинител на Бугарија, Борислав Сарафов, пренесе Алсат. „Во нивните бели дробови се утврдени траги од дим, што значи дека биле живи во моментот на пожарот“, рече Сарафов и нагласи дека конечна проценка за причините за несреќата ќе треба да дадат финалните анализи, но водечка верзија, во овој момент,…