Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Д-р Мехмедовиќ: Вакцинирањето по 45 дена од прележувањето на ковид-19 е препорака од релевантни инстутуции

0
By НОВА ТВ Balaban on November 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 25, 2021 14:18

Да се разбереме, вакцинацијата кај оние што ја прележале болеста нема да биде опасна, ниту ќе остави некакви последици по нивното здравје. Вакцинацијата ќе биде безбедна и само дополнително ќе го надогради имунитетот во насока на тоа да имаат поквалитетен имунитет, вели д-р Злате Мехмедовиќ 

 

Идејата за вакцинирање на оние кои што имаат поминато 45 дена по  прележувањето на болеста потекнува од релевантни институции како што се ФДА – Агенцијата за лекови во САД и Центарот за контрола на болести (ЦДЦ) и тоа е базирано врз основа на студии. Причината поради која тоа се прави не е затоа што немате имунитет, треба да знаеме дека нема имунитет кај сите што ќе ја прележат болеста – кај некои воопшто нема да се создадат антитела и тоа го гледавме кај многу наши колеги на почетокот од пандемијата дека и по  прележувањето на болеста не се создадени доволно антитела, вели во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, д-р Злате Мехмедовиќ, докторанд по јавно здравје и специјализант по пулмологија на Универзитетската клиника за пулмологија.

Тој додава:

– Kај тие луѓе може да има сериозна опасност ако ги експонирате во затворена средина, па дури и 45 дена после покажувањетo на позитивен ПЦР тест и со тоа сметате дека имаат создадено имунитет, а во затворена просторија, каде е зголемен ризикот, тие повторно да бидат инфицирани и реинфицирани. Ние во нашата држава имаме случаи на луѓе коишто три пати биле позитивни на СарсКоВ2 вирусот и тоа е сериозен проблем.

Според Центарот за контрола на болести, последната студија е затворена на 5 ноември годинава и во студијата се земени предвид прележаните во последните 90 – 180 дена од болеста и оние кои се вакцинирале, како две компаративни групи.

– Онаа група на вакцинираните во овој период – од апликацијата на вакцината до тие 180 дена, имала 5,5 пати помали шанси да биде реинфицирана со СарсКОВ2 вирусот. Зборуваме за лабораториски студии. Со оваа мерка се минимизира ризикот од експозиција на оние коишто веќе еднаш ја прележале болеста. Да се разбереме, вакцинацијата кај оние што ја прележале болеста нема да биде опасна, ниту ќе остави некекви последици по нивното здравје. Вакцинацијата ќе биде безбедна и само дополнително ќе го надогради имунитетот во насока на тоа да имаат поквалитетен имунитет. Не постои никаква безбедносна причина, ниту причина дека ќе биде намалена ефикасноста на нивниот имунитет по апликацијата на вакцината или ќе биде нарушен нивниот имунитет по апликација на вакцинацијата, која би била основа на еден начин да ги отргне овие луѓе од процесот на вакцинација. Препораките на CDC се да се вакцинираат и со прва и со втора доза по  прележувањето на болеста, советува д-р Мехмедовиќ.

45 дена Вакцинирањето Злате Мехмедовиќ прележување препорака ФДА ЦДЦ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.