Author: НОВА ТВ Balaban

Само за пет дена во ковид – центарот битката ја загубија 13 пациенти, додека во рок од две недели вкупно 20, а 80 отсто од починатите се на возраст од над 60 години и се од речиси сите градови во брегалничкиот регион. Четворица пациенти ја загубија битката со коронавирусот во штипскиот ковид центар. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска, информира дека двајца од пациентите се од Радовиш на возраст од 72 и 73 години, а другите двајца од Штип на возраст од 78 и 79 години. Пациентите имале и други здравствени проблеми, а тројца од нив биле и невакцинирани. Инфектолозите…

Read More

Жената во писмо до банката објаснила дека со оваа процедура сакала да ги дезинфицира парите што ги добила од своите станари. Една 74-годишна жителка на Израел ставила банкноти во сад со белило, па потоа и во микробранова печка, како што известува и Националната банка на оваа земја – зашто жената се плашела од коронавирусот. Банкнотите со вкупна вредност од речиси 2.900 евра – изгореле. Жената во писмо до банката објаснила дека со оваа процедура сакала да ги дезинфицира парите што ги добила од своите станари. Притоа испратила повеќе од 70 оштетени банкноти во банката, заедно со писмото. „Се чувствувам многу…

Read More

Поради уличен дефект ф 80 мм на улица „Козле“ бр.108, денеска без вода ќе бидат корисниците на улица од број 90 до број 140 и амбулантата Козле. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:20 часот, се до санирање на дефектот.

Read More

Пакистанскиот парламент го одобри новиот закон против силување што на судовите им дозволува да наредат хемиска кастрација за некои престапници и предвидува формирање специјални трибунали за итни судења, јави ДПА. Законот предвидува престапниците повратници, криминалците вклучени во групно силување и педофилите да се соочат со хемиска кастрација, казни што групите за правата на човекот и адвокатите ги оценуваат за сурови. ДПА пренесува дека владините агенции, согласно новиот зкаон,  ќе треба да основаат база на податоци за силувачите, а судовите ќе треба судењата да ги завршуваат во рок од четири месеци. Пакистан првпат го спроведе ваквиот закон во декември минатата година…

Read More

Тиодоровиќ за денешен „Блиц“ вели дека имунизацијата против коронавирусот  во иднина би можела да се врши двапати годишно. Епидемиолог Бранислав Тиодоровиќ изјави дека веројатно напролет ќе биде препорачано примање на четврта доза вакцина против коронавирусот. Тиодоровиќ за денешен „Блиц“ вели дека имунизацијата против коронавирусот  во иднина би можела да се врши двапати годишно. – Делта плус сојот по Европа почнува да дава ефекти во негативна смисла, се зголемува бројот на заразени, па имаме примери земји коишто биле релативно мирни, како Холандија и Данска, да имаат зголемување на бројот на  новозаразени. Германците се, исто така, во проблем, оценува тој. Епидемиолог кажал…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува институциите да го истражат случајот со ЕВН, а СДСМ потоа да се извини, многу скоро ќе излезе дека луѓе блиски до нив терале бизниси со таа компанија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа институциите да го истражат секој денар кај него и неговото семејство, но кога ќе се утврди вистината, СДСМ да се извини јавно за грубите манипулации со кои ја труе јавноста, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ. Многу скоро ќе излезе дека всушност лица блиски до СДСМ работеле со таа компанија. А целиот дефокус кој го прави власта и грубите манипулации се со цел да ја покријат…

Read More

Како што потврдија од СДСМ за МИА, средбата треба да се одржи во 15:30 часот во Клубот на пратеници. Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев утре ќе се сретне со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши на која треба да се разговара за можноста за приклучување на пратениците на Алтернатива во парламентарното мнозинство и за влез во Владата. Како што потврдија од СДСМ за МИА, средбата треба да се одржи во 15:30 часот во Клубот на пратеници. Шефот на дипломатијата и висок функционер во ДУИ, Бујар Османи денеска изјави дека „новото стабилно мнозинство во Парламентот е неспорно“ и оти тоа…

Read More

На 17.11.2021 во 16.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – Пирок, во близина на бензинска пумпа кај с.Калник, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(42) од с.Долно Седларце, општина Брвеница и трактор „имт 539“, со приколка без регистарски ознаки, управуван од М.М.(39) од с.Горно Палчиште. Во несреќата, возачот на патничкото возило А.И. се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот на тракторот и неговиот сопатник Н.Б.(57) од Тетово се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Read More

Првиот вицепремиер на Владата и министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, г. Артан Груби, денес оствари средба со сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Михаел Линхарт. Двајцата соговорници заклучија дека билатералните односи се одлични во сите области и дека во овој дух ќе продолжат и во иднина. Првиот вицепремиер на Владата, Груби, го информираше австрискиот министер Линхарт за политичката состојба во земјата, реформите што Владата ги презема на патот кон интеграцијата во Европската Унија, реформите во правосудниот систем, администрацијата и во други области. Груби на средбата потенцираше дека на земјата и е потребна стабилна,…

Read More

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница запре неколку предмети за недоставување или задоцнето поднесување Анкетен лист од страна функционери и именувани лица, откако прекршочната комисија во Антикорупција им има изречено прекршочни пријави и соодветни глоби. Шемши Салаи, член на ДКСК, информираше дека еден од тие случаи е за поранешен пратеник во Собранието, кој ненавремено доставил анкетен лист до ДКСК и на кого од страна на прекршочната комисија му е изречена прекршочна санкција глоба од 300 евра. За повеќе такви предмети кои беа запрени на седницата денеска од ДКСК, информираше и Горан Трпеноски, член на ДКСК, меѓу…

Read More

Богоев рече дека нема амбиции да биде лидер на СДСМ, туку сега приоритет е да се стабилизира владеачкото парламентарно мнозинство. Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Стефан Богоев, во синоќешниот дебатен магазин „КликПлус“ на ТВ21 изјави дека неговите информации укажуваат на промена на пет министри и еден вицепремиер во Владата на Зоран Заев. – Коалицискиот партнер потенцијален кој што треба да влезе со четири пратеници, прилично извесно, ќе добие министер во владата. На кое министерство – ќе биде соопштено дополнително. Не смеете да менувате повеќе од една третина од Владата, тогаш паѓа Владата. Моите информации велат дека ќе се менуваат…

Read More

Истрагата треба да даде одговор на прашањето дали разликата од над 1,5 милиони евра завршила во нечии џебови или директно во Белиот дворец? прашуваат од СДСМ   Македонската јавност деновиве е сведок на голем скандал кој директно води до Белиот дворец и луѓе блиски на Христијан Мицкоски. Неколку луѓе кои се поврзуваат со ВМРО-ДПМНЕ купиле или добиле на дар парцели земјиште во општина Делчево, сите вредни околу 40.000 евра. Истите парцели две-три недели подоцна ги продале и за 40 пати повеќе од пазарната вредност или за вкупно 1,6 милиони евра, соопштија денеска од СДСМ. Истрагата треба да даде одговор на…

Read More