Тиодоровиќ за денешен „Блиц“ вели дека имунизацијата против коронавирусот  во иднина би можела да се врши двапати годишно.

Епидемиолог Бранислав Тиодоровиќ изјави дека веројатно напролет ќе биде препорачано примање на четврта доза вакцина против коронавирусот.

Тиодоровиќ за денешен „Блиц“ вели дека имунизацијата против коронавирусот  во иднина би можела да се врши двапати годишно.

– Делта плус сојот по Европа почнува да дава ефекти во негативна смисла, се зголемува бројот на заразени, па имаме примери земји коишто биле релативно мирни, како Холандија и Данска, да имаат зголемување на бројот на  новозаразени. Германците се, исто така, во проблем, оценува тој.

Епидемиолог кажал дека во Србија ќе продолжи намалување на бројот на  новозаразени, но нагласил дека од граѓаните зависи дали до тоа ќе дојде.

– Можно е да продолжи трендот на опаѓање на бројот на заразени, бидејќи  сега кај народот постои таа доза на сериозност. Кога бројките се зголемуваат и луѓето посериозно се однесуваат, а кога бројките се намалуваат, тие се опуштаат, а не треба така да биде, нагласува Тиодоровиќ.

Тој додава дека медицинскиот дел на Кризниот штаб и понатаму е за  воведување на целодневни ковид пропусници и дека на тоа ќе се инсистира.