Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груби – Линхарт: Северна Македонија заслужува отварање на преговорите со ЕУ

0
By НОВА ТВ Balaban on November 18, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 18, 2021 12:56

Првиот вицепремиер на Владата и министер за Политички Систем и Односи
меѓу Заедниците, г. Артан Груби, денес оствари средба со сојузниот
министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Михаел
Линхарт.

Двајцата соговорници заклучија дека билатералните односи се одлични во
сите области и дека во овој дух ќе продолжат и во иднина.
Првиот вицепремиер на Владата, Груби, го информираше австрискиот министер
Линхарт за политичката состојба во земјата, реформите што Владата ги
презема на патот кон интеграцијата во Европската Унија, реформите во
правосудниот систем, администрацијата и во други области.

Груби на средбата потенцираше дека на земјата и е потребна стабилна,
проевропска Влада која ќе ги спроведува Охридскиот договор, Преспанскиот
Договор, Договорот за Добрососедство со Бугарија, и ќе реализира
капитални проекти кои ќе го подобрат животниот стандард.

Првиот вицепремиер Груби му кажа на г. Линхарт дека се надева Северна
Македонија да постигне договор со Бугарија и на 14 Декември на Самитот
на Европската Комисија да добие зелено светло за почеток на преговорите.

Груби истотака му се заблагодари на сојузниот министер за европски и
меѓународни прашања на Република Австрија, Михаел Линхарт, за
континуираната поддршка што Австрија и ја дава на Република Северна
Македонија за интеграцијата на земјата и спроведувањето на внатрешните
реформи.

Во меѓувреме, австрискиот министер Линхарт ја потврди поддршката на
неговата земја за почеток на преговорите на РСМ со Европската Унија,
нагласувајќи дека интеграцијата на Западниот Балкан во европското
семејство е повеќе од потребна бидејќи всушност овој регион и припаѓа на
Европа.

Г. Линхарт му порача на Груби дека Австрија ќе продолжи да биде
посветена за Северна Македонија што е можно поскоро да ги отпочне
преговорите, не само поради фактот дека овој регион ќе претставува
економско богатство за ЕУ, туку и поради фактот дека тој е важен дел за
уште помоќна Европа.

На крајот од оваа средба, првиот вицепремиер г. Груби и австрискиот
министер Линхарт истакнаа дека Северна Македонија и Австрија имаат добра
соработка на полето на економијата, при што во Република Северна
Македонија веќе функционираат десетици компании со австриски капитал,
што претставува јасен показател за продлабочување на оваа соработка.

Артан Груби Владата Михаел Линхарт отварање преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.