Author: НОВА ТВ Balaban

Почетокот на преговорите за членство на РС Македонија во Европската Унија не зависи од идната бугарска влада, туку од самата РС Македонија, изјави бугарскиот претседател и кандидат за втор мандат, Румен Радев, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна. – Клучот за почеток на преговорите со ЕУ за РС Македонија е во почитувањето на правата на македонските Бугари, во искоренувањето на јазикот на омразата и во прекинот на обидите за систематско уништување на бугарското културно историско наследство. Почетокот на преговорите нема да зависи од следната нова влада и нов парламент, туку од РС Македонија, која ќе мора да преземе соодветни мерки. Убеден сум…

Read More

Сигналот за пожар на ковид-одделението бил примен во 02.39 часот. Целото одделение на болницата во градот Сливен горело. Три лица загинаа во пожар во ковид-одделение во болница во Сливен. Сигналот за пожар на ковид-одделението бил примен во 02.39 часот. Целото одделение на болницата во градот Сливен горело. Во болницата се испратени две противпожарни екипи. За време на гаснењето на пожарот биле пронајдени две лица кои починале на самото место. Третиот пациент со амбулантно возило бил пренесен во Медицинскиот центар во Сливен со повеќе изгореници, а оттаму во специјализираната клиника за изгореници во Пловдив, но малку подоцна и тој починал.

Read More

Во Дебар денеска се одржува вториот круг од изборите за градоначалник, на кои право на глас имаат 19.211 лица, кои своето гласачко право ќе можат да го остварат на 27 избирачки места. Во првиот круг одѕивот на гласачите во Дебар беше околу 42 отсто. Вчера во Дебар гласаа болните и изнемоштени лица. Правото на глас го остварија 60 лица, две не гласаа, а еден гласач не бил запишан во избирачкиот список. Според потпретседателка на Општинската изборна комисија – Дебар, Јосифовска, вчера гласале 40 лица повеќе отколку во првиот изборен круг, кога своето гласачко право го остварија 20 болни и изнемоштени…

Read More

По повод Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември синоќа во Филхармонијата беа доделени 13-ноемвриските награди на овогодишните добитници, кои дале својот придонес за напредок на Градот Скопје. Добитници на наградата „13 Ноември“ за 2021 година се: Од областа на науката – проф. д-р Денко Малески и д-р. Емил Нијами Од областа на образованието и воспитанието – проф. д-р. Мишо Докмановиќ. Од областа на публицистиката – Слободан Петровиќ. Од областа на културата – Ирена Колиштрковска-Настева и Лилјана Пандева Од областа на уметност – Емилија Џипунoва. Од областа на здравствена заштита – Тим за имунизација од Ковид-19, при Здравствениот дом…

Read More

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, со поголема облачност во западните делови каде што ќе има и услови за појава на краткотраен дожд. Во претпладневните часови по котлините ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб јужен ветер и со појава на магла наутро. Максималната температура ќе достигне до 12 степени. Во следните денови во утринските часови ќе има услови за појава на магла со минимални температури околу нулата. На почетокот на неделата…

Read More

По се изгледа дека претседателот на Бугарија нема да биде избран во првиот круг, туку тоа ќе се случи на 21 ноември кога треба да се одржи вториот круг. За првпат немаше предизборна дебата за претседателските избори во Бугарија. Денеска во Бугарија за првпат се одржуваат парламентарни и претседателски избори. Ова се трети парламентарни избори во Бугарија во последните седум месеци. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Централната изборна комисија на Бугарија во последен момент одлучи да ги преброи контролните ливчиња од гласањето со машини, за да има гаранција за правичноста на изборите. Две партии поднесоа жалба до Врховниот управен…

Read More

Зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри; пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од утре 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество…

Read More

Кикс на Норвешка во претпоследното коло од Групата Г во квалификациите за СП 2022 кој отвора простор Турција сега да се избори за бараж за пласман на Мундијалот следната година, пренесе ekipa.mk. Норвежаните ремизираа без голови на домашната пресметка со Летонија, што пак го искористија Турците кои со убедливи 6-0 славеа против Гибралтар. Oваа убедлива победа ги носи Турците до второто место поради подобра разлика, сега пред Норвежаните. Во последното коло, Турција гостува кај Црна Гора, а Норвешка кај Холандија.

Read More

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 73 возачи. – Од вкупниот број санкционирани возачи, 16 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со над 70 километри на час повеќе од дозволеното, информира Министерството за внатрешни работи. Од МВР соопштија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во текот на наредните денови и апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила…

Read More

Во своето обраќање Зоран Гучев, раководителот на Одделот за Ендокринологија при Клиниката за детски болести – Скопје информираше дека во Северна Македонија има 131.000 пациенти со дијабет, од кои 46.000 се на инсулин. Загрижувачка е и бројката на 800 деца кои се на инсулин, главно тип 1 дијабет. Еден век инсулин, односно сто години од научното откритие на инсулинот за терапевтски цели, како почетокот на успешно справување со дијабетесот е годишниот мотив за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот. Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК вечерва организираше настан на кој го одбележа 14 ноември – Светскиот ден на дијабетесот.…

Read More

Во врска со тоа дали ќе има предвремени парламентарни избори, шефот на државата појасни дека според Уставот, постои само еден начин за распишување предвремени избори, а тоа е пратениците со 61 глас „за“ да го распуштат Собранието. Да почекаме од понеделник да видиме како ќе се развива ситуацијата по овој неуспешен обид за изгласување недоверба на Владата. Јасно е дека состојбата сега е пата-пата. Да видиме дали од понеделник ќе се формира ново, ќе се обнови постојното или ќе се зголеми ова што е досега мнозинство од 61 пратеник, изјави вечерва претседателот Стево Пендаровски. Во одговор на новинарско прашање за…

Read More

Утревечер од 18 до 20 часот нашите фудбалери ќе играат против Исланд пред најмалку 17.000 навивачи и ќе ја имаат нивната безрезервна поддршка. Нема веќе билети за утрешниот меч Македонија – Исланд, за историскиот меч по кој можеме да бидеме во баражот за пласман на Мундијалот во Катар 2022. И влезниците што вчера беа пуштени дополнително за трибините Исток и Запад во Арената „Тодор Проески“  се веќе распродадени, па утревечер од 18 до 20 часот нашите фудбалери ќе играат против Исланд пред најмалку 17.000 навивачи и ќе ја имаат нивната безрезервна поддршка. Според протоколот за ковид-19, влезници за само половина…

Read More