Author: НОВА ТВ Balaban

Изненадени и среќни се изразуваат и нашите државјани кои живеат во Швајцарија: “Кога ми рекоа за еден месец, многу бев изненаден!” “Јас сум многу задоволна од Вашата брза услуга!” “За две и пол недели, готов пасош! Ви благодарам многу!” Со полн капацитет работи и базната станица, воспоставена во амбасадата на Република Северна Македонија во Берн, Швајцарска Конфедерација, преку која над 400 наши државјани се стекнуваа со нови биометриски патни исправи. Додека е во тек обработката на новите барања за патни исправи, амбасадорот, Кенан Рамадани и припадници на дијаспората тврдат дека со скратената постапка од шест на еден месец, се реши најголемиот предизвик со…

Read More

На видеоконференциски состанок вчера беа претставени најновите макроекономски проекции на Народната банка пред меѓународната заедница – дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните финансиски институции: Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). На настанот учествуваа и претставници на Обединетите нации (ООН), Програмата за развој на ООН  (УНДП), Делегацијата на Европската Унија (ЕУ), како и на дипломатските претставништва на Унгарија, Чешка, Украина, Словачка, Бугарија, Соединетите Американски Држави (САД), Кина, Германија, Словенија, Грција, Романија, Швајцарија, Шпанија и Косово, информираа денеска од Народната банка. „Проекциите на Народната банка за темпото на закрепнување на македонската економија и за…

Read More

Согласно проекциите, вкупните расходи во Предлог-буџетот се планирани на ниво од 272,4 милијарди денари или 32 проценти од БДП, а приходите на 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП. Вкупните приходи се за 7,4 проценти повисоки од 2021, а кај расходите има зголемување за 1,4 проценти во споредба со расходите во 2021 година, но тие се пониски како процент од БДП споредено со 2021 година. Дефицитот е проектиран на ниво од 33,5 милијари денари или 4,3 проценти од БДП, а стапката на инфлација на 2,4 проценти. Од понеделник во Собранието треба да почне расправата за Предлог-буџетот за 2022 година.…

Read More

Во јавноста со право се поставува прашањето дали парите од препродажбата завршиле во ВМРО-ДПМНЕ, па затоа оваа партија веднаш се стави во заштита на Јаулески и неговиот татко? прашуваат од СДСМ Отворена предистражна постапка од страна на Управата за финансиска полиција води кон членови на ВМРО-ДПМНЕ кои се сомничат за нелегално финансирање политичка партија. Членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и таткото на пратеникот Јован Јаулески препродавале ниви во реонот на општина Делчево, соопштија денеска од СДСМ. Во јавноста со право се поставува прашањето дали парите од препродажбата завршиле во ВМРО-ДПМНЕ, па затоа оваа партија веднаш се стави во…

Read More

Го укинавме паралелниот увоз на инсулин и терапија за дијабетес. Паралелниот увоз не гарантираше квалитет на инсулинот, ниту пак имавме контрола дали терапијата која им е потребна на пациентите во земјава влегува исправна, дали е запазен неопходниот ладен синџир кога се транспортираат овие лекови, вели Филипче.  На 14 ноември Светскиот ден на дијабетесот годинава се обележуваат – 100 години од откривањето на инсулинот. „Пристап до современа дијабетска заштита“ е мотот на овој јубилеј, а ова само ја нагласува важноста за грижа на секој здравствен систем кон лицата со дијабет, односно пристап до модерна иновативна терапија, како би им се овозможил…

Read More

Христијан Мицкоски да понесе одговорност за својот политички дебакл, откако се разоткри уште една негова голема лага, дека има ново парламентарно мнозинство. Слепо воден од желба за власт по секоја цена, тој седна на маса со оние коишто се против НАТО, против ЕУ, против Преспа, против добрососедските односи, против Рамковниот договор, соопштија денеска од СДСМ. Но, се покажа дека со измами, со манипулации не може да се дојде до парламентарно мнозинство, се потврди, дека мнозинството пратеници се за напредок, за задржување на вистинскиот пат, за продолжување на европските интеграции, за добри односи со соседите и стабилни меѓуетнички односи, за економска сигурност.…

Read More

И покрај тоа, според авторите на анализата, постојат правни начини да му се укине статусот на азилант на Груевски, бидејќи Националниот генерален директорат за управување со странци на Унгарија, на секои три години ги проверува бегалските статуси. Животот на поранешниот авторитарен премиер во Северна Македонија, Никола Груевски, последниве три години изгледаше вака: бегалец од правдата во својата татковина и барател на политички азил во Унгарија, заштитен од унгарскиот премиер Виктор Орбан. Меѓутоа, со неодамнешниот избор на Петер Марки-Зај, конзервативен градоначалник на Вашархељ, за лидер на здружената опозиција во Унгарија, кој се смета дека има најдобра шанса да го порази долгогодишниот…

Read More

Денеска се одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна. На денешен ден во 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и од 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација. По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот. По повод одбележувањето на 13 Ноември, борците од Народноослободителната антифашистичка војна ќе имаат…

Read More

Ние можеме да контролираме, но не може ниту една држава се да исконтролира. Затоа е свеста и совеста на граѓаните многу важна. Тука е државата со своите институции да контролира таму каде може, но апсолутно граѓаните мора да се совесни, изјави Филипче. Активни се 8. 415 случаи во државава од кои најголем број 3797 се во Скопје. Во Битола има 635 активни случаи, во Прилеп 401, во Куманово 379, во Кавадарци 363, во Велес 358, во Штип 264… Според вчера објавените податоците од Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, при направени  3.296 тестирања регистрирани се нови 469 случаи…

Read More

Тој го пријавил случајот и во Министерството за внатрешни работи, како и во компанијата Твитер и, како што, вели очекува брза реакција и враќање на профилот. Хакери денеска го нападнале и преземале официјалниот твитер-профил на министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Веста, шефот на дипломатијата ја соопшти преку Фејсбук, потенцирајќи дека во моментов не може да го контролира профилот. „Be известувам дека во моментов, мојот твитер профил е надвор од моја контрола, и соодветно, последните активности не претставуваа дел ниту од моите интенции, активности, ставови, убедувања, ниту претставуваат официјални ставови на институцијата“, вели Османи. Тој го пријавил случајот и во Министерството за внатрешни работи, како и во компанијата Твитер и, како што, вели очекува брза реакција и враќање на профилот. Од она што може да се види на социјалната мрежа,…

Read More

Денеска (12.11.2021) во 13.20 часот во с.Брњарци, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Н.(43) с.Брњарци. За него била распишана централна потерница за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено – поправна установа за издржување на казната.

Read More

Патот на Северна Македонија кон ЕУ отсекогаш бил трнлив, но актуелната состојба наметнува предизвици и на страната на ЕУ и нејзиниот капацитет да ги спроведува своите одлуки, изјави државната секретарка Габер денеска на конференција во Вилнус  Државната секретарка, Калинка Габер, денеска во Вилнус се обрати на конференцијата посветена на Западниот Балкан и ЕУ, организирана од Комисијата за европски прашања во Парламентот на Литванија (Seimas), како говорничка на панелот „Западен Балкан – статус кво и клучни предизвици“. Настанот се организираше како израз на континуираната и видлива поддршка од страна на Литванија за европската интеграција на регионот во ЕУ, при што дискусијата…

Read More