Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Габер: Ги исполнивме стриктните барања, време е да добиеме фер исход – тоа е важно и за Северна Македонија, за регионот и за ЕУ

0
By НОВА ТВ Balaban on November 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 12, 2021 14:36

Патот на Северна Македонија кон ЕУ отсекогаш бил трнлив, но актуелната состојба наметнува предизвици и на страната на ЕУ и нејзиниот капацитет да ги спроведува своите одлуки, изјави државната секретарка Габер денеска на конференција во Вилнус 

Државната секретарка, Калинка Габер, денеска во Вилнус се обрати на конференцијата посветена на Западниот Балкан и ЕУ, организирана од Комисијата за европски прашања во Парламентот на Литванија (Seimas), како говорничка на панелот „Западен Балкан – статус кво и клучни предизвици“.

Настанот се организираше како израз на континуираната и видлива поддршка од страна на Литванија за европската интеграција на регионот во ЕУ, при што дискусијата се фокусираше на надминувањето на актуелните предизвици со цел заокружување на визијата за градење заедничка европска иднина заснована на споделени вредности и стратешки интереси.

Државната секретарка Габер истакна дека политиката на проширување е најдобрата алатка за демократско консолидирање, поттикнување на сложени реформи и зајакнување на слободите и основните права, меѓутоа нејзината трансформативна моќ се темели на условеноста и објективното вреднување на резултатите во процесот низ кои се одразуваат вредностите на Унијата.

Габер: „Патот на Северна Македонија кон ЕУ отсекогаш бил трнлив, но актуелната состојба наметнува предизвици и на страната на ЕУ и нејзиниот капацитет да ги спроведува своите одлуки. Преку посветеноста на европската агенда и исполнувањето на условите од Брисел, инвестиравме енергија за европеизација на општеството, но и политички капитал, меѓутоа ослабената перспектива за европска интеграција предизвикана со повторниот застој во процесот покажува дека неисполнетите ветувања на ЕУ имаат реперкусии врз стабилноста и просперитетот.

Ветото на Бугарија не го блокира само патот на Северна Македонија и Албанија кон ЕУ, туку и европските политики во регионот, го поткопува кредибилитет на Унијата и довербата на јавноста. Дури и земјите кои имаат најстрог пристап кон процесот на пристапување во ЕУ не се сомневаат дека Северна Македонија и Албанија ги исполниле сите услови за почеток на пристапните преговори. Клучниот предизвик е на страната на ЕУ, да докаже дека е навистина Унија заснована на вредности и има сила да ги исполни своите одлуки – сите други алтернативи се навистина поскапи за двете страни.“

Габер подвлече дека отворањето на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија е пресудно за обнова на европскиот моментум во регионот, како прашање кое е поеднакво важно и за регионот и за Европската Унија.

Габер: „Не се работи само за интересот на регионот, европската иднина на Западниот Балкан е геостратешка инвестиција за ЕУ бидејќи ако ЕУ сака да биде глобален играч, прво треба да стане локален играч – регионот е дел од Европа. Западниот Балкан е клучен за зајакнување на закрепнувањето, издржливоста и стратешката автономија на Европа, како и нејзиниот идентитет – врз основа на заедничките цивилизациски, историски и културни вредности. Европската унија не е целосна без овој регион и овој регион никогаш нема да се обедини без европскиот наратив.

Двете страни на равенката имаат одговорност за овој процес да успее да обезбеди заедничка европска иднина. За зајакнување на меѓусебната доверба, потребна е поблиска интеграција и ЕУ треба да најде начин постепено да ги вклучи земјите од Западен Балкан во сопственото стратешко планирање, со што ќе ги развие и сопствените способности за справување со предизвици и издржливоста во време на кризи.“

На панел-дискусијата се обратија и албанската заменик министерка за Европа и надворешни работи Меги Фино, српскиот пратеник Илија Матејиќ и хрватскиот пратеник и поранешен МНР Давор Иво Штиер, при што заедно со литванските домаќини испорачаа силна порака за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија.

Како израз на посветеноста на Литванија за надминување на пречките на евроинтегративниот пат на Северна Македонија, за време на посетата државната секретарка Габер оствари средби со Далиа Сукакиене, одговорна за ЕУ прашања во МНР на Литванија, како и со пратеникот Жигимантас Павилионис, којшто е и претседавач со Комитетот за надворешни работи на Сеимас.

Вилнус Калинка Габер Патот Северна Македонија трнлив
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.