Author: НОВА ТВ Balaban

Кај дел од стручната јавност постоела дилема дали воопшто беше неопходно да се прави реобдукција, бидејќи, како што дознаваме, за истата немало научно издржани причини. Завршена е реобдукцијата на телото на починатиот 26 – годишен Јован Витанов кое беше пронајдено кај струмичко Ново Село. Се чека уште на дополнителните резултати од токсиколошките анализи, кои сѐ уште се работат, дознаваме од наши извори. Кај дел од стручната јавност постоела дилема дали воопшто било неопходно да се прави реобдукција, бидејќи, како што дознаваме, за истата немало научно издржани причини. Струмичкото обвинителство завчера издаде наредба за дополнителна тимска реобдукција на телото кое беше…

Read More

Македонецот З.Љ. (48) кој утрово со „Audi Q7“ слетал во реката Босна во Добој, БиХ, не е повреден, потврдија за Српскаинфо во полициската управа во Добој. Драгана Керкез, портпаролка на оваа Управа, информираше дека утрово околу 9.30 часот во Костајница кај Добој се случила сообраќајна несреќа при којашто автомобил излетал од патот кон реката Босна, пишува Српскаинфо. – Возилото го управувал З.Љ. од Македонија. Во извлекувањето на возачот учествувале полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот – Добој и припадници на Територијалната противпожарна единица – Добој, додаде Керкез. Таа појасни дека возачот превентивно бил испратен на преглед во…

Read More

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, утре доаѓа во посета на Република Северна Македонија. Мишел е во мини балканска турнеја и пред да ја посети земјава, тој беше во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово. Претседателот Мишел во „Вила Билјана“ во Охрид утре ќе се сретне со претседателот на државата, Стево Пендаровски, а како што информираа од кабинетот на претседателот, Пендаровски и Мишел ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе одржат заедничка прес-конференција. Исто така, претседателот на Европскиот Совет, Мишел, ќе биде гостин на вториот Преспа форум за дијалог што од утре до 18 јуни ќе се одржи во…

Read More

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 1 и 3 од Кривичниот законик. Обвинетите, како лекари – специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ –  Битола, несовесно постапувале при укажување лекарска помош – породување на пациентка – родилка од с. Смилево – Општина Демир Хисар, поради што настапила смрт на новороденчето. Родилката била примена за породување на 12.10.2019 година околу 17:00 часот во…

Read More

Возачите од ЈСП „Скопје“ го откажаа протестот најавен во минатата недела поради ниските плати и тешките услови за работа. Претставници од трите синдикати и од кабинетот на в. д. директорот, Александар Стојковски, информираат дека е постигнат договор за зголемување на платите за 2.800 денари, почнувајќи од јунската плата. – Од наредната плата секој вработен во претпријатието, независно на работната позиција и статусот на вработување, ќе добие покачување за 2.800 денари. Со оваа одлука нема да бидат опфатени вработените кои добија покачување со Законот за минимална плата, пишува во известувањето од директорот Стојковски.

Read More

Полициски службеници од Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Оддел за криминалистичка полиција и Оддел за специјални полициски операции – Единица за брзо распоредување и СВР Скопје денеска спроведoa координирана полициска акција на локација на Скопје. Притоа, извршени се претреси во КПУ Идризово, со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор, како резултат на зајакната  меѓуинституционална соработка, во насока на превентивно делување и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи. По добиена наредба од Судија за претходна постапка извршени се претреси во вкупно 25 ќелии во различни одделенија…

Read More

На подрачјето на општина Карбинци, штипско, вчера (13.06.2022) од страна на полициски службеници Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал – Сектор за криминалистички истраги, Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Штип лишени од слобода Н.С.(56), А.Н.(37) и М.С.(36), сите од с.Карбинци, штипско, бидејќи кај нив се пронајдени и одземени околу 15.500 стебла од растението cannabis sativa, од која при берба би се добиле околу 8 тона марихуана, со пазарна вредност од над 5 милиони евра. Имено, по преземени мерки и активности полициски службеници во атарот на село Карбинци открија површина од околу 1.300 м2 засадена со…

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 983 тестови, а регистрирани се 66 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 50, Битола и Охрид – по 5, Македонски Брод – 2, Прилеп , Кавадарци, Штип и Струмица – по 1. Од вкупниот број на позитивни (66), регистрирани се 13 реинфекции. Регистрирани сe 115 оздравени пациенти од: Скопје – 87, Охрид – 8, Битола – 7, Кавадарци, Тетово , Велес и Гостивар – по 2, Штип, Куманово, Кочани, Ресен и Свети Николе – по 1. Во текот на изминатите 24 часа…

Read More

Со поддршка од Светската здравствена организација обезбедени се монитори за пациенти, маски за кислород и машини за позитивен притисок на дишните патишта (BiPAP) на две нивоа за што поуспешно справување со КОВИД-19. Биомедицинската опрема, во вредност од 6.244.000 денари е набавена со поддршка од УСАИД и ќе овозможи унапредување на третманот и грижата за пациентите со КОВИД-19. Мониторите за пациенти се суштински алатки за третман и нега на пациенти со респираторни заболувања и на пациенти на кои им е потребна интензивна нега. Тие обезбедуваат информации за виталните знаци, вклучително и отчукувањата на срцето, крвниот притисок, заситеноста со кислород и други…

Read More

Полициските службеници на СВР Tетово деновиве значително ги засилија  планираните активности во чие средиште се лицата кои ги управуваат возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа. Само вчера и завчера (12 и 13 јуни) на поширокото тетовско подрачје биле откриени и санкционирани 16 лица без возачка дозвола, на кои веднаш им се изготвени соодветни поднесоци, како и на сопствениците на возилата кои им ги дале да ги управуваат, иако знаеле дека немаат положено возачки испит, информираа денеска од СВР Tетово. И едните и другите ги очекува парична глоба од 250 евра во денарска противвредност. Станува збор за…

Read More

Европската Унија денеска ќе потпише договор со непознат производител за околу 100.000 дози вакцини против мајмунски сипаници. Тие треба да бидат доставени до крајот на јуни. Информацијата е потврдена од еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес. По состанокот на министрите за здравство на државите членки на ЕУ во Луксембург, Киријакидес изјави дека вакцините ќе бидат купени со пари од фондови на блокот. Тие ќе бидат доставени во земјите членки на ЕУ. Таа додаде и дека во ЕУ досега се евидентирани 900 случаи на мајмунски сипаници.

Read More

Сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на Јутјуб. Фондацијата „Марко Божиновски“ од денеска до 17 јуни во Ново Лисиче ќе го организира првиот Меморијален ракометен турнир во чест на прерано починатиот млад ракометар Марко Божиновски. Осум екипи на момчиња, родени во 2004 година и помлади, од три држави и поделени во две групи, ќе се натпреваруваат за победничкиот пехар на премиерното издание на турнирот. Фондацијата „Марко Божиновски“ соопшти дека натпреварите ќе се играат по принцип 2х30 минути во две групи, со систем на натпреварување секој со секого во својата група. Првопласираните екипи од групите ќе играат натпревар за прво…

Read More