Author: НОВА ТВ Balaban

Со ова писание сакам да му дадам искрена и сесрдна поддршка на Петре Шилегов. Ќе гласам за него во недела, со чиста совест. Дали Петре направи многу за Скопје во првиот мандат? Апсолутно. Дали е идеален градоначалник? Не верувам. Дали е неспоредливо подобар од другата кандидатка? Немам никакви дилеми, објави Димитров. Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, јавно го поддржа Петре Шилегов преку Фејсбук. „Се мислев дали е мое да се заложам за кандидат на локалните избори. Не сум партиски човек, а чувствувам обврска кон граѓаните на Скопје да го соопштам мојот став. Со гласачите од ИЕ…

Read More

Исто така, не станува збор за тоа дека бугарското државјанство се добива со документ за бугарско потекло и, ако Данела Арсовска и Даниела Арсовска се исто лице, тоа значи дека тоа лице доставило документи за своите предци дека на времето се декларирале како Бугари, објавува „Труд“. Бугарка вербално линчувана во Скопје е насловот на текст во софиски „Труд“ за случајот со кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. За Арсовска СДСМ на денешната прес-конференција објави и документи кои, според владејачката партија, се доказ дека таа има и бугарско државјанство. “Труд“ во денешното издание пишува: Дали е лошо…

Read More

Со набавката на стерилизаторот се стави крај на неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад, односно несоодветната обработка на медицинскиот отпад, којшто потоа завршуваше на Дрисла како обичен отпад, што претставуваше потенцијална опасност за животната средина и за здравјето на луѓето, потенцираше Шилегов. Денес говориме за Дрисла – депонијата која девет години беше симбол на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, најопасен загадувач на воздухот во Скопје и опасност по здравјето на граѓаните. Скопската депонија беше извор на загадување каде се гореше и складираше опасен отпад, а нејзината криминална продажба и управување го доведуваа здравјето на скопјани во ризик. Ова е минато благодарение…

Read More

Пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ денеска одржа прес-конференција на која ја објави личната карта на Данела Арсовска издадена од бугарските власти, со адреса во градот Петрич. Во продолжение интегралниот текст од обраќањето на Петровска: „Почитувани граѓани, почитувани новинари, Од вистината нема бегање. Веќе објавивме дека во 2011 година Арсовска се стекнала со бугарско државјанство за што постои и документ „Удостоверение“. Денеска пред јавноста објавуваме уште еден документ. Ова почитувани граѓани е личната карта на Арсовска издадена од бугарските власти. Бугарско државјанство, бугарска лична карта на Арсовска. Со номер, со дата на раждане, потпис, со адреса во градот Петрич, која патем,…

Read More

Затоа што изборите профилираат правец на движење на државата, а дома кога седиме ништо не помагаме, одмагаме, затоа што тогаш не е јасно мнозинството граѓани всушност во каков правец сакаат да се движат, посочи Заев.  „Мојата цел е пред вториот круг да повикам на мобилизација, на одговорност на граѓаните, на одговорност пред системот, одговорност кон себе, кон својот град, пред својата татковина, со масовно излегување на гласање“, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за „Утрински брифинг“. Во однос на очекувањата од вториот круг, претседателот Заев истакна дека очекува победа на СДСМ и Коалицијата и заради досегашните политики, но…

Read More

Пишува: Нано Ружин Градоначалникот Петре Шилегов, в недела на 31 октомври, го игра најзначајниот меч во неговата политичка кариера. Дали ќе успее да ги надомести осумте илјади гласови на својот политички противник? Ќе го задржи ли градоначалничкиот трон на главниот град? Многу луѓе се разочарани и се сомневаат во крајниот исход. Но зошто да не веруваме во кроткиот обрт? Утакмицата се игра деведесет минути. Сега е звршено само првото полувреме. Не смееме да го обесхрабруваме Шилегов туку да го храбриме и да ги толкуваме главните влогови на неговата битка за Скопје. Во 2008 еден историски значаен лик Барак Обама се…

Read More

При извршена контрола во неговото одгледувалиште во гостиварското село Рибница, овластени службени лица од Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје потврдиле присуство на бруцелоза кај овци и кози. Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против еден гостиварец за кривично дело – Пренесување заразна болест од член 205 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот не постапил според прописите и издаденото решение на надлежниот орган за спречување на заразните болести кај животните кои можат да се пренесат на луѓето. При извршена контрола во неговото одгледувалиште во гостиварското село Рибница, овластени службени лица од…

Read More

Поради изведување работи на експресниот пат од Градско до Дреново кај клучката Градско, сообраќајот на автопатот Е-75 во правец на Граничниот премин Богородица ќе биде пренасочен на другата сообраќајна лента. Како што информираат од АМСМ, пренасочувањето на сообраќајот ќе трае во следните три дена.

Read More

Бас доби широко мнозинство на денешната конститутивна седница на парламентот, а за неа гласаа 576 од вкупно 724 пратеници. Политичарката од редовите на социјалдемократите (СПД), Бербел Бас,  е избрана за нова претседателка на германскиот парламент, Бундестагот, јави ДПА. Бас доби широко мнозинство на денешната конститутивна седница на парламентот, а за неа гласаа 576 од вкупно 724 пратеници. Претседателот на Бундестагот е една од највисоко рангираните функции во државата. Вообичаено, оваа функција ја добива најголемата пратеничка група во Бундестагот, која, по изборите во септември, сега и припаѓа на СПД. Бас е трета жена што ја извршува функцијата.

Read More

Државната изборна комисија донесе изменување на Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња. Во врска со ова, Комисијата дополнително извести и ги задолжи избирачките одбори задолжително да постапуваат според членот 109 став (2) и да ставаат печат на секое гласачко ливче, но доколку има ливчиња без ставен печат, за таквите да постапат согласно член 115, а во врска со член 110 од Изборниот законик и таквите ливчиња да бидат важечки доколку вољата на гласачот е јасно изразена, информираа вечерва од Државната изборна комисија (ДИК). На седницата се одобрија барањата за добивање овластување за набљудувачи за Локалните избори 2021, поднесени од…

Read More

Бензинските пумпи во Иран не работат поради „хакерски напад”, соопшти денеска највисокото безбедносно тело во земјата, јави ДПА. „Врховниот совет за национална безбедност потврди дека станува збор за хакерски напад врз информативниот систем за дистрибуција на гориво”, соопшти државната телевизија, претходно известувајќи за дефектот низ целата земја „поради прекини во информатичкиот систем”. „Деталите за нападот и сторителите се под истрага”, додаде истиот извор, не наведувајќи други детали. Телевизиските мрежи денеска објавија снимки од затворени бензински пумпи со долги редици пред нив. Непосредно пред објавувањето на информацијата на Врховниот совет за национална безбедност, „надлежните челници” изјавија дека не ја исклучуваат можноста…

Read More

Во гаснењето на пожарот учествуваа 20 пожарникари коишто пожарот го ставија под контрола. Нивната брза реакција не дозволи да има жртви или повредени, туку само материјална штета, се вели во демантот од Град Скопје. На денешниот пожар што се случи во близина на Градскиот Парк првото противпожарно возило стигна за шест минути од Карпош, а веднаш потоа и уште 5 противпожарни возила, со две цистерни од Комунална Хигена. Во гаснењето на пожарот учествуваа 20 пожарникари коишто пожарот го ставија под контрола. Нивната брза реакција не дозволи да има жртви или повредени, туку само материјална штета, се вели во демантот од Град Скопје.…

Read More