Бас доби широко мнозинство на денешната конститутивна седница на парламентот, а за неа гласаа 576 од вкупно 724 пратеници.

Политичарката од редовите на социјалдемократите (СПД), Бербел Бас,  е избрана за нова претседателка на германскиот парламент, Бундестагот, јави ДПА.

Бас доби широко мнозинство на денешната конститутивна седница на парламентот, а за неа гласаа 576 од вкупно 724 пратеници.

Претседателот на Бундестагот е една од највисоко рангираните функции во државата.

Вообичаено, оваа функција ја добива најголемата пратеничка група во Бундестагот, која, по изборите во септември, сега и припаѓа на СПД. Бас е трета жена што ја извршува функцијата.