Author: НОВА ТВ Balaban

Првичните, неофицијални информации се дека има најмалку една жртва. Пред влезот во Тетово, поточно во Желино во близина на патарината, денеска се случила тешка сообраќајна несреќа, јавува Алсат-М. Првичните, неофицијални информации се дека има најмалку една жртва. Детали се очекуваат во текот на денот.

Read More

Страотна сообраќајка се случила вчера попладне кај натпатникот за Требош, на на автопатот Скопје-Тетово.  Од СВР Тетово со детали за оваа несреќа, во која едно лице настрадало, а две се повредени.     Тетовецот кој го загуби животот во сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово настрадал кога две возила се судриле, па удриле во две паркирани возила. Прво се судриле „голф“ и товарно возило „мерцедес“ по што удриле во „опел зафира“ и „пежо“ кои биле паркирани. Сега веќе починатиот Ф.Р (45) бил сопатник во пежото, кое го управувал Е.К.(27), а се паркирале поради дефект на возилото. – На местото на несреќата починал пешакот…

Read More

Само што заврши тестирањето, и еве сите 95 ученици се негативни на ковид-19. Немаше никакви проблеми со скринингот, се течеше според планираното. Екипи од Центарот за јавно здравје земаа брисеви од учениците во посебна просторија, и добро е, сите наши ученици се негативни на коронавирусот – ни рече Салиу По утринскиот скрининг за ковид-19 во СУГСГ „Зеф Љуш Марку“ во Скопје, каде сите 68 тестирани средношколци се негативни, исти резултати добија и 95-те  медицинари во училиштето „Панче Караѓозов“. Брзите тестови со кои и тие беа проверувани денеска покажаа дека сите се негативни на коронавирусот. Директорката на ова средно училиште, Маја…

Read More

ЕК нагласува дека е потребно подобрување на условите во кои работат новинарите, нивните работнички и социјални права, особено на локално ниво. Во извештајот се наведува истражувањето на ССНМ, според кое, 23 отсто од медиумските работници немаат здравствено и социјално осигурување, а 19 отсто одговориле дека менаџментот во медиумот не им дозволува на работниците да формираат синдикат. Умерено подготвена во областа на медиумите, е оценката за Северна Македонија во годинешниот извештај на Европската комисија за напредокот што земјава го остварила на патот на евроинтрациите. ЕК забележува одреден напредок, генералниот контекст е оценет како поволен во однос на слободата на медиумите и нотирано е дека тој овозможува критичко медиумско известување, иако во оваа насока се забележани одредени…

Read More

Секогаш го криев шестиот прст и не кажав никому за тоа. Како дете, бев задеван, исмејуван поради мојата особеност. Децата ме нарекоа вонземјанин. Не сум единствениот човек со оваа болест. Разговарав со децата за ова и им објаснив дека нема ништо лошо во тоа, изјави Вивер за „ЕСПН“. Американскиот рагбист на Кентаки Вајлдкетс, Џеј Џеј Вивер, призна дека има шест прсти на десната рака. – Секогаш го криев шестиот прст и не кажав никому за тоа. Како дете, бев задеван, исмејуван поради мојата особеност. Децата ме нарекоа вонземјанин. Не сум единствениот човек со оваа болест. Разговарав со децата за ова…

Read More

Варијантата „AY 4.2“, се наведува во соопштението, е идентификувана во Израел кај 11-годишно момче кое пристигнало од Европа. Израел потврди случај со подваријанта на делта сојот на коронавирусот, што претходно беше откриен во некои европски земји, објави израелското Министерство за здравство. Варијантата „AY 4.2“, се наведува во соопштението, е идентификувана во Израел кај 11-годишно момче кое пристигнало од Европа. Момчето било тестирано на меѓународниот аеродром Бен Гурион во близина на Тел Авив по враќање од Молдавија и било ставен во карантин, а другите контакти не беа откриени. Подваријанта „AY 4.2“ се појави неколку пати во Велика Британија каде што беше…

Read More

Тоа е единствениот пат кој носи европски стандарди и подобар живот, додаде Заев. Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска го предаде извештајот на Европската Комисија за прогресот на Северна Македонија, кој во целост го потврдува напредокот на кој посветено работиме, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев. Тој нагласи дека извештајот ја нагласува цврстата и одлучна имплементација на ЕУ реформите, особено во клучните области како што се владеење на правото, вклучувајќи ја и борбата против корупцијата и организираниот криминал. – Врз основа на тоа, во извештајот се препорачува итен почеток на преговори за пристап кон членство и прва меѓувладина конференција до крајот на…

Read More

Сите патници и членови на екипажот, вкупно 21 лице, вклучително и десетгодишно дете, кои патувале на бејзбол-натпревар со малиот авион, преживеаја откако авионот се урна и се запали. При обид за полетување, авионот „МД-87“ со 18 патници и три члена на екипажот, се урна денеска кај Кејти, во американската сојузна држава Тексас,  објави Федералната управа за авијација (ФАА), пренесува Си-ен-ен. Сите патници и членови на екипажот, вкупно 21 лице, вклучително и десетгодишно дете, кои патувале на бејзбол-натпревар со малиот авион, преживеаја откако авионот се урна и се запали. https://youtu.be/FuRzrbC6Jwg

Read More

Ние од родителите добиваме информации дали децата се позитивни на ковид-19 или не. Неговиот класен раководител ме извести дека момчето е во домашна изолација бидејќи татко му е позитивен. Ученикот беше во изолација од 12. октомври и оттогаш неговите родители никому не се јавуваа – раскажува директорката на училиштето Трагедија се случи во Крушевац во Србија – 16-годишно момче починало во својот дом додека бил во изолација поради корона, јавуваат српските медиуми. Шеснаесетгодишен ученик од Хемиско-технолошкото училиште од Крушевац, Србија почина вчера во домашна изолација. Според изјавите за „Новости“ на мајката на починатиот средношколец, тој бил тестиран и позитивен на…

Read More

Според роковникот за изборни дејства, ДИК е должна во рок од 72 часа по приемот на приговорот да донесе одлука. Против одлуката на ДИК, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. До Државната изборна комисија (ДИК) досега се поднесени вкупно 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на резултатите за локалните избори што се одржаа во неделата, информираат од ДИК. Четири приговори до Комисијата поднела Коалицијата предводена од СДСМ. Едниот се однесува на избирачко место бр. 2121 во општина Јегуновце, а вториот…

Read More

Екипите од Центарот за јавно здравје во Скопје го продолжија тестирањето во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Започна скринингот за ковид-19 на 258 ученици во средните училишта во Скопје и во училиштата во земјата, а први утринава се тестираа 68 средношколци од СУГСГ „Зеф Љуш Марку“ и сите се негативни. Тестирањето во 10.30 часот продолжува во средното медицинско  училиште „Панче Караѓозов“, а денеска на ковид-19 се проверуваат и учениците во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа. На учениците веќе во 8 часот денеска им се земаа брисеви од…

Read More

И покрај гласините дека ќе се пензионира по смртта на својот сопруг Филип во април, Елизабета Втора неодамна учествуваше во бројни јавни настани. А, минатата недела таа беше видена како оди со бастун, првпат по 2004 година. Британската кралица Елизабета Втора ја отфрли наградата што британското списание „Олди“ им ја доделува на постари лица. Таа оценила дека не ги исполнува условите. Гласилото, кое се опишува себеси како „лесна алтернатива“ на печатот „опседнато со младоста и славата“, откри дека на Бакингемската палата, т.е. на 95-годишната кралица ѝ ја предложило својата награда „Стара личност на годината“ (The Oldie of the Year). Таа е…

Read More