Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Само некои од познатите брендови што ќе се наоѓаат на оваа шопинг дестинација се Zara i Zara Home , Armani Exchange, Calvin Klein, Sinsay, Mango, XYZ, KIKO, Reserved, Oysho, The Athlete’s Foot, Twinset, Patrizia Pepe , XYZ, Valentino, Tods, Furla, Neptun Electronics, Kiko Milano, Dsquared2 , Pandora, Massimo Dutti, De Facto, Madame Coco, Babor Cosmetics, Prenatal,како и многу други. Скопје станува многу динамичен град со голем потенцијал за напредок и просперитет, а овој октомври ја добива својата нова шопинг дестинација со над 220 водечки глобални и регионални брендови. Ист Гејт Мол се отвора за јавноста на 29 октомври 2021 година и…
На средбата како посебно важни беа истакнати проектите во енергетиката како стратешка и приоритетна дејност за двете земји за што сведочат веќе потврдените проекти за соработка и за заеднички инвестиции кои имаат и силно регионално значење и потенцијал. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска го прими алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис, кој е во работна посета на нашата земја. Премиерот Заев им посака добредојде на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања, Варвициотис, и на членовите на неговата делегација и истакна дека нивната посета…
Поради дефект на приклучна цевка „Ф-1“ на улица „6“ во село Бардовци, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од селото. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10 часот до санирање на дефектот. Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради менување на водоводен вентил во шахта на улица „Никола Русински“ бр. 12, од 09:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица во Општина Карпош. Поради појавен уличен дефект на водоводна мрежа со пречник…
При несреќа на градилиште на северот на Италија, македонски работник го загуби животот. Станува збор за лице со иницијали Н.А., а обвинителството на Тревизо го истражува случајот, пренесуваат италијанските медиуми. Обвинителката Даниела Брунети нареди да се изврши обдукција на телото на 48-годишниот македонски работник за да се открие причината за смртта. Во меѓувреме, одговорните лица од градилиштето се на распит во полиција и отворена е истрага за убиство без умисла.
Вакцините функционираат заедно со вашиот имунолошки систем, така што ќе бидете подготвени да се борите против вирусот, доколку сте изложени на него, вели Филипче Ефикасноста на вакцините против ковид-19, ја потврдуваат многу анализи. Вакцините штитат од тешка форма на болеста, од хоспитализации и смртен исход. Анализите на Министерството за здравство утврдија дека меѓу 79% и 81% од хоспитализираните пациенти со ковид се невакцинирани, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче. Тој вели дека истражувањето на Finance Think bit.ly/3lFwpgB потврдува дека во последните три и пол месеци има 14.500 помалку заразени, 4.595 помалку неделни хоспитализации, а вакцинацијата ја…
Имал воспаление на белите дробови, а неговата состојба ја комплицирала и бактерија од дигестивниот тракт, особено затоа што пред неколку години беше опериран од рак на хранопроводот и желудникот Популарниот српски актер и комичар, Марко Живиќ, почина на 50-годишна возраст во болница во Белград како резултат на компликации од коронавирус, пренесува Нова.рс. Тажната вест за смртта на 49-годишниот Марко ја потврди Драмскиот театар во Белград. “Денес, шампионот на нашиот театар, Марко Живиќ, почина во Белград. Му благодариме за се и вечна му слава. Драг Марко, ќе бидеш со нас засекогаш”, велат од театарот. Марко последните три недели ги помина во…
Во сообраќајната незгода повредени се возачот и четири патници. Сите се вон животна опасност, изјави за МИА, Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола. Автобус полн со работници од фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Индустриската зона Жабени кај Битола се преврте утрово во 6.30 часот. Во автобусот биле работници од третата смена кои требало да бидат транспортирани во Битола, пренесе телевизија Телма. Според информациите, автобусот се превртел на излезот од фабриката. Петмина повредени биле пренесени во болницата во Битола, според првичните информации, а по кратките интервенции биле пуштени на домашно лекување. Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола, изјави за МИА: – Сообраќајната незгода…
Третата опција се однесува на оние кои прележале Ковид-19 во изминатите шест месеци и може да достават потврда за прележана болест по лабораториско тестирање со ПЦР или антигенски (брз) тест, а сертификатот се издава 30 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до 180 дена подоцна. Сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 или негативен ПЦР/рапид тест, заедно со пополнет PLF формулар и понатаму се задолжителни за влез во Грција, согласно новата министерска одлука, која важи и за државјаните на Северна Македонија, а продолжена е за уште една седмица, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска…
Би замолил да се воздржиме од шпекулации, без никакви анализи. Нема потреба сега да се крева паника, се што ѝ стои на располагање на РКЕ, на ЕСМ, на МЕПСО и на Владата ќе биде преземено, посочи Бислимоски и додаде дека кај нас се веќе преземени голем дел од мерките што вчера ги препорача Европската комисија за земјите членки за заштита од ценовните удари со електричната енергија Министерот за економија, Крешник Бектеши, не очекува по 1 јануари следната година да има големо зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата и вели дека ќе направат се што им е на располагање за…
Собирањето на согласности за тестирање на учениците во училиштата започна oд денеска. Министерството за здравство скринингот во училиштата ќе го реализира по извршен случаен избор на ученици, а тестирањето ќе го прават здравствени работници. Во рамки на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од ковид-19 во основните и средни училишта во Република Северна Македонија, Министерството за здравство ќе спроведе скрининг со брзи антигенски тестови, во кој ќе бидат опфатени 8.178 ученици во рамки на 80 општини и градот Скопје. По претходно добиена писмена согласност од страна на родителите или старателите на учениците, тестирањата, кои ќе започнат…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со министерката за Европа и Америките на Обединетото Кралство, Венди Мортон, денеска во Скопје го одржаа и заеднички ко-претседаваа со првиот инаугуративен состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство. Двајцата министри овој свечен чин помеѓу двете држави го окарактеризираа како нова ера во развојот на односите меѓу двете земји кои негуваат долгогодишно партнерство во изминатите 28 години, кое се рефлектира преку силни пријателски односи. “Отсега натаму, овој Совет ќе ја има улогата на координатор и контролор на работата на двете држави за предизвиците и начините…
Можам да им препорачам на државите во регионот да ги решаваат овие прашања, не само во Брисел туку и во Париз и Берлин. Тоа значи да се создаде долгорочен стабилен поредок, мир и просперитет во Западниот Балкан. Тоа е само теоретска фантазија, мислам дека ЕУ е одговорна за нејзиното непосредно соседство. Но ЗБ е повеќе од соседство, тоа е дел од Европа и тоа треба да се разгледува како една можност за нов почеток на проширување. Колку подобро работите дома толку полесно може да ги убедите европејците да се продолжи со пристапниот процес, вели Фишер. Потребно е повторно да…