Author: НОВА ТВ Balaban
НАТО протера осум членови на руската мисија од алијансата, тврдејќи дека работеле тајно како разузнавачи, изјави неименуван претставник на НАТО. „Можеме да потврдиме дека ги повлековме акредитациите за осум членови на руската мисија во НАТО, кои беа непријавени руски разузнавачи“, изјави претставник на НАТО. Тој додаде дека НАТО, исто така, го намали бројот на позиции од 20 на десет, за што Русија може да акредитира луѓе во таа организација. Не е дадено објаснување за таа одлука, но се наведува дека ќе стапи на сила кон крајот на месецот.
Сопственикот на коњот што бегаше по автопат доби кривична пријава за „предизвикување општа опасност“
Пријавениот се сомничи дека на 21 септември годинава, во периодот од 14 до 14:30 часот, без надзор и контрола го оставил неговиот коњ со запрега, кој почнал да бега по автопатот Тетово-Скопје, односно да се движи во спротивна насока и да ја загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот. Тетовската полиција поднесе кривична пријава за жител на градот чиј коњ се движеше неконтролирани долж автопатот Тетово-Скопје минатиот месец. Сопственикот треба да одговора за кривично дело „предизвикување на општа опасност“. -Секторот за внатрешни работи Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 34-годишниот тетовец Н.К., поради основи на сомнение дека…
Првопријавениот П.С., информираа денеска од МВР, остварил комуникација преку апликацијата Messenger со лице од кочанско село, се претставил како женско лице и успеал да го убеди да му ги даде сопствените лични податоци и податоците од неговата трансакциска сметка. Одделението за внатрешни работи Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Струга, на издржување казна затвор од седум години во затвор Штип и против Н.Н.(28) од Штип. Првопријавениот П.С., информираа денеска од МВР, остварил комуникација преку апликацијата Messenger со лице од кочанско село, се претставил како женско лице и успеал да го убеди да му ги…
За ова дело, насилство, одредбите од членот 386 од Кривичниот законик предвидуваат казна затвор од три месеци до три години. Синоќешниот напад врз претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, е расчистен, а на напаѓачот, Аријанит Џафери, кој го признал делото, му е поднесена кривична пријава за насилство, информираат од полицијата. – Во врска со случајот кој синоќа, околу полноќ, во СВР Скопје го пријави М.Б. (45) од Скопје дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ.(28) од Скопје, ја известуваме јавноста дека случајот е целосно расчистен и против А.Џ. ќе биде изготвена кривична пријава…
Со оваа активност ќе бидат опфатени вкупно 825 наставници и ученици, дел од нив ќе следат почетни курсеви, а дел продолжителни. Во 23 средни училишта на Град Скопје деновиве ќе започне реализацијата на третиот циклус тримесечни онлајн курсеви за изучување на албанскиот, македонскиот и турскиот јазик. Курсевите се наменети за ученици и наставници, а истите се дел од проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“ предвиден во Стратегијата на Град Скопје за меѓуетничка интеграција и граѓанска вклученост и во Програмата за активности на Град Скопје од областа на образованието за 2021 година, информираат од Град Скопје. Со оваа активност ќе…
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило П.П.(64) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР. На 05.10.2021 во 07.45 чaсот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(29) од Скопје и автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.М.(49) од Скопје. – Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило П.П.(64) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР. Извршен бил увид на местото на настанот…
Патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Ф.О. од Кичево, удрило и усмртило мечка Ноќеска (6 октомври) околу 2 часот и 20 минути, на автопатот Тетово-Скопје, во близина на месноста „Карпалак“, патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Ф.О. од Кичево, удрило и усмртило мечка. Нема повредени лица во возилото. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
– За жал, лекарските прегледи го потврдија она од што сите се плашевме. Настрадаа предните вкрстени лигаменти, плус страничните вкрстени лигаменти и ‘рскавицата. Нашиот играч ќе мора на операција, долга пауза, стои во објавата на унгарскиот клуб. Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков има тешка повреда на коленото поради која подолго време ќе биде надвор од терените. За повредата на Манасков информира неговиот клуб Веспрем. – За жал, лекарските прегледи го потврдија она од што сите се плашевме. Настрадаа предните вкрстени лигаменти, плус страничните вкрстени лигаменти и ‘рскавицата. Нашиот играч ќе мора на операција, долга пауза. Датумот и местото на постапката сè…
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2021 година (понеделник), Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на народното востание.
Единствено по што се водиме е словото на законот, така и ќе продолжиме да ги водиме постапките врз основа на силата на аргументите, а не на физичка сила, изјави Узунов. Таа нагласи дека претседателот на РКЕ Бислимоски инцидентот го пријави во соодветните институции. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски е добар, колку и да е тоа соодветен збор по инцидентит кој се случи синоќа каде тој беше нападнат во центарот на градот. Нападот е пријавен во МВР, информираше денеска портпаролката на РКЕ, Марина Узунов. – Сакам да ја информирам јавноста дека како и досега така…
Според Би-Би-Си, станува збор за авион што компанијата го продала и бил пренесуван по градските улици, но некој очигледно погрешно ја проценил висината на леталото. Патнички авион на „Ер Индија“ се заглави под надвозник во индиската престолнина Њу Делхи. Според Би-Би-Си, станува збор за авион што компанијата го продала и бил пренесуван по градските улици, но некој очигледно погрешно ја проценил висината на леталото. Видеото, кое брзо се прошири на социјалните мрежи, покажува како се отстранети крилјата на авионот, што е стандардна процедура кога станува збор за транспорт на авиони. Новинарот Ашоке Рај, специјализиран за воздухопловство и воздушен транспорт, кој…
Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ, Муса Џафери, и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, синоќа физички го нападнал претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, јави Дојче Веле. Очевидци на настанот велат дека Џафери седнал на масата на која се наоѓал Бислимоски во еден скопски ресторан и по неколкуминутен разговор, физички се пресметал со него. Аријанит Џафери најпрво барал објаснување од Бислимоски зошто Комисијата за енергетика започнала постапка за одземање на лиценцата на неговата фирма, а потоа и физички го нападнал. Откако неколку пати го удрил и го влечел Бислимоски, три лица…