Единствено по што се водиме е словото на законот, така и ќе продолжиме да ги водиме постапките врз основа на силата на аргументите, а не на физичка сила, изјави Узунов. Таа нагласи дека претседателот на РКЕ Бислимоски инцидентот го пријави во соодветните институции.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски е добар, колку и да е тоа соодветен збор по инцидентит кој се случи синоќа каде тој беше нападнат во центарот на градот. Нападот е пријавен во МВР, информираше денеска портпаролката на РКЕ, Марина Узунов.

– Сакам да ја информирам јавноста дека како и досега така и отсега РКЕ ќе продолжи да работи транспарентно, согласно законот, затоа што основен постулат во нашето делување е заштита на потрошувачите и обезбедување на сигурност и стабилност во електро-енергетскиот систем. Единствено по што се водиме е словото на закнот, така и ќе продолжиме да ги водиме постапките врз основа на силата на аргументите, а не на физичка сила, изјави Узунов.

Таа нагласи дека  претседателот на РКЕ Бислимоски инцидентот го пријави во соодветните институции.

МВР претходно информираше дека во СВР Скопје синоќа во 23:54 часот М.Б. (45) од Скопје пријавил дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ. (28) од Скопје.

Од МВР за МИА информираа дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Како што претходно објавивме, Аријанит Џафери, синот на Муса Џафери синоќа во угостителски објект во Скопје го нападнал Бислимоски.