Author: НОВА ТВ Balaban

Доколку ученик не се појави на час, му следува неоправдан, студентот кој нема да дојде на три вежби, не добива потпис и не може да завери семестар. Вработен кој три дена не доаѓа на работа и не го оправда отсуството со лекарска белешка или друго, добива отказ… А дали и која мерка важи за пратениците во македонското Собрание коишто не се појавуваат на седници, иако се запишале како присутни во законодавниот дом? Ниту завчера пратениците на пленарна седница не гласаа по точките од дневниот ред. Претходниот ден немаше кворум, а завчера немаше мнозинство. Денеска, пак, иако беа популарните пратенички прашања…

Read More

Пратеник не смее да излезе на говорница додека не добие збор, таа песна нема никој да ја пее! Ако некој почнал јавно да ме навредува на лична основа, што сум јас таму? Не е ниту еден отсто тоа што им враќам на тие навреди. И јас имам праг на толеранција, мора да сметаат на мојот карактер. Имам и семејство, деца и внуци, вели Џафери. Прерано е да ги коментирам најавите за уставни измени и за референдум во врска со европскиот предлог. Нема материјал за да се изјаснам. Опозицијата хипотетички прави ситуација, истакна претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешниот брифинг…

Read More

Доколку има позитивно мислење на Етичката комисија и Комисијата за клинички испитувања, се добива одобрение за изведување на клиничкото испитување. Пациент не смее да биде вклучен во клиничко испитување пред да потпише информирана согласност која обезбедува дека пациентот е информиран за се што ќе прима за време на испитувањето, како и за сите постапки кои ќе бидат направени за време на клиничкото испитување, за потенцијалната корист која ќе ја има од клиничкото испитување, како и за сите потенцијални ризици за време на испитувањето, вели во интервјуто за НоваТВ проф. д-р Никола Лабачевски, директор на Институтот за претклиничка и клиничка фармакологија со…

Read More

Со ова Агенцијата за разузнавање констатира дека Наќе Чулев манипулира со јавноста, се вели во одговорот на Агенцијата. Наќе Чулев не добил отказ од Агенцијата за разузнавање, туку тој на 8. јуни 2022 е суспендиран од работа, се вели во одговорот на Агенцијата на прашањето на МИА во врска со денешната објава на поранешниот технички министер за внатрешни работи и поранешниот директор на Агенцијата дека по 25 години служба повеќе не е дел од безбедносниот систем. „На 8.6.2022, Наќе Чулев е суспендиран од работа. Причина за суспензија е добиеното Решение од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации со кое се…

Read More

Мостот, чијашто челично-бетонска конструкција под и над водата заедно тежи дури колку 30 Ајфелови кули, е најголемиот хрватски инфраструктурен проект финансиран од фондовите на ЕУ со грант од 357 милиони евра (85 отсто од трошоците). Главен и одговорен проектант е Марјан Пипенбахер. Во Хрватска вечерва ќе биде пуштен во сообраќај Пељешки мост, најголемиот инфраструктурен проект во земјата, со кој југот на Хрватска ќе се поврзе со останатиот дел од земјата. Историскиот настан се одбележува во текот на целиот ден, а  програмата се одвива од двете страни на мостот, на одморалиштата  кај Бријест и Комарно, пренесуваат медиумите во Хрватска и во…

Read More

Млад турист од Велика Британија загина на аеродромот во Спата, Грција, откако хеликоптер го здробил пред очите на неговите брат и сестра, објави „Дејли Мејл“.  Момчето пристигнало од Миконос со приватен лет со уште тројца туристи вклучувајќи го и неговиот брат, додека неговите родители патувале со вториот хеликоптер.   Точните околности под кои утринава настрадало момчето се уште не се разјаснети, но според досегашните информации, туристите коишто биле во хеликоптерот почнале да излегуваат пред комплетно да запрат пропелерите на авионот. Младиот човек почнал да го обиколува хеликоптерот одзади, но налетал на лопатките на моторот коишто го здробиле за неколку секунди. „Дејли Мејл“…

Read More

Трендот на раст на просечната нето-плата во земјата продолжува. Согласно податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна нето-плата во мај 2022 година по вработен изнесува 31.407 денари, што е за 2.686 денари повеќе во однос на истиот месец лани или за 9,4%, информираат од Владата. Согласно статистика, ваквото зголемување се должи пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19.7 %), Уметност, забава и рекреација (16.1 %) и Преработувачка индустрија (14.3 %). Континуираното зголемување на просечната нето-плата во земјата е резултат и на економските мерки и…

Read More

Откако мојот сопруг падна во кома по операција на срце, од болницата Жан Митрев ми рекоа да купам лек од 9.000 евра, којшто тие требало да го обезбедат, сведочи семејството Сарагинови. Ова е рутинска работа, за пет дена, нема простор за плашење, и ми  препорача „бај пас“ операција на срце. Жан Митрев го оперираше мојот сопруг, сведочи Жанета Сарагинова од Велес, сопруга на починатиот Саше, во вториот документарец на ИРЛ. Ова семејство сведочи за тешките денови низ кои поминало по операцијата на срце која била направена во Клиниката Жан Митрев. Оваа приказна, која беше објавена синоќа, кога излезе и видеото,…

Read More

На отворањето во Охрид пред гостите ќе се обратат министерот Селаковиќ и почесниот конзул Михајло Филев. Српскиот министер за надворешни работи, Никола Селаковиќ, утре (23. јули) во Охрид ќе го отвори Конзулатот на Република Србија во овој град, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, на отворањето во Охрид пред гостите, меѓу кои ќе има и претставници од Република Северна Македонија и од Градот Охрид, ќе се обратат министерот Селаковиќ и почесниот конзул Михајло Филев. Конзулатот се наоѓа на улицата 7 ноември бр. 27, а свеченото отворање е закажано за 10:30 часот, се…

Read More

Поради необезбедување на повеќе термини во јавните здравствени установи (ЈЗУ) и несклучени договори со приватните здравствени установи (ПЗУ) за дијагностицирање на ковид-19, во услови на пандемија, не се обезбедени доволно здравствени услуги за осигурениците на товар на Фондот за здравствено осигурување. Сметано по најниската наплатена цена од 1.400 денари по тест и  направени 819.240 тестови за две години, од граѓаните се прелеани во приватното здравство над 18,6 милиони евра, не земајќи ги предвид и брзите антигенски тестови и повисоко наплатените цени кои се движеа и до 5.500 денари по тест, констатирале ревизорите во Конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на…

Read More

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42% во однос на одлуката од 21.07.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,597%, кај дизелот за 1,488%, кај екстра лесното масло за 1,374%  и кај мазутот зголемување за 2,738%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство…

Read More

Комисијата за заразни болести денеска не препорача нови мерки за заштита од ковид-19, иако се зголемува бројот на заразени, a продолжуваат да важат постојните 4 мерки. Новина е што во скопските поликлиники при Здравствениот дом – Скопје од понеделник се отварат 5 нови ковид-амбуланти и тоа во „Јане Сандански“, „Идадија“, „Ѓорче Петров“, „Ченто“ и во поликлиниката „Чаир“. Др Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата, на прес-конференција истакна дека доминантен сој кај 85 отсто од заразените е БА.5 Омикрон. – Знаеме дека ширењето на вирусот е високо, очекуваме висок број позитивни сличаи, но не очекуваме заразените да се со клиничка слика во…

Read More