Author: НОВА ТВ Balaban

Било констатирано дека се работи за шест рачни бомби од Втората светска војна кои, по преземени безбедносни мерки, биле поништени. Во ОВР Дебар на 19 септември 2021 година било пријавено дека во месноста „Венец“ на брегот на Дебарското Езеро биле пронајдени експлозивни направи. По извршениот увид од полициски екипи и претставници на Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за шест рачни бомби од Втората светска војна кои, по преземени безбедносни мерки, биле поништени.

Read More

Секторот за внатрешни работи Тетово го расчисти случајот со неколкуте оштетени стакла на Средното теолошко училиште Медреса „Иса Беу“ во Тетово, кое беше пријавено вчера (20 септември) во 9 часот. Осомничен дека со огнено оружје го извршил оштетувањето е 41-годишниот тетовец Б.М. Тој вчера околу 18 часот и 30 повикан е во Полициската станица Тетово, одземен му е пиштол „цз“ со рамка со 12 куршуми калибар 9 милиметри за вештачење и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 288 од Кривичниот законик за „предизвикување општа опасност“.

Read More

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, ќе престојува во посета на Бугарија, соопшти Европската комисија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, за време на посетата се планирани средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев, и министерот за надворешни работи, Светлан Стоев. Како што пренесуваат повеќето бугарски електронски медиуми, не се објавуваат детали за разговорите во Софија, но луѓе запознаени со посетата тврдат, како што додава Бугарското национално радио, дека тема на разговорите ќе биде ветото на Бугарија за почеток на разговорите со Северна Македонија. Сите водечки електронски медиуми во Бугарија известуваат за посетата на Европскиот комесар за проширување, Оливер…

Read More

Ова е прва ерупција на вулканот Кумбре Виеја на овој остров со 85.000 жители од 1971 година. Иако во ерупцијата нема жртви, таа предизвика голема штета, протокот на лава ја запали вегетацијата, ги покри патиштата и уништи стотици куќи. На шпанскиот остров Ла Палма поради активирање на уште еден отвор на вулканот Кумбре Виеја, евакуирани се уште 500 луѓе, со што вкупниот број луѓе принудени да ги напуштат своите домови се зголеми на 6.000. „Појавата на уште еден отвор од кој излегува лава во зоната Таканде во општината Ел Пасо доведе до евакуација на жителите“, напиша синоќа на Твитер службата…

Read More

За една седмица, во периодот од 12 до 19 септември, во четвртиот здравствен регион во северна Грција во кој се вклучени 14 болници, од ковид-19 починале 54 лица и сите биле невакцинирани, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци, објавени рано утрово, од конкретниот регион што ги опфаќа болниците од областите Македонија и Тракија, 248 пациенти се хоспитализирани со ковид-19, од кои 81,5 отсто се невакцинирани, 22 пациенти се со кислородна поддршка и сите се невакцинирани, а на Одделите за интензивна нега, приклучени на апарати се 53 пациенти, од кои само двајца се имунизирани, односно 96,2 проценти се…

Read More

Околу 27 милиони Канаѓани со право на глас избраа 338 членови на Долниот дом, а на партијата ѝ се потребни 170 места за да има мнозинство. Канадскиот премиер, Џастин Трудо, останува на власт откако вчера победи на  изборите, неговиот главен противник го призна поразот, но неговите либерали не успеаја да постигнат мнозинска победа. Трудо е на власт од 2015 година, а од 2019 година владее со малцинство во парламентот. Ерин О’Тул, лидер на најголемата опозициска партија во Канада, Конзервативната партија, доцна синоќа го призна поразот, и обраќајќи им се на поддржувачите во неговата изборна единица во Торонто, рече дека му се јавил на…

Read More

Во институцијата ДЗСИ, каде таа е директор, сите се или вакцинирани или прележани Д-р Ирина Бухова, директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, ја нагласува важноста медицинските лица, докторите, персоналот, да бидат вакцинирани, затоа што постојано се во контакт со пациенти. Гостувајќи на Утрински Брифинг, таа денеска зборуваше и за вонредната инспекциска контрола на ДСЗИ во модуларните болници низ земјата. – Ние сме постојано на терен. Немаме затекнато некој неовластено да престојува во ковид болниците. За надзорите по 8 септември, кога се случи несреќата со пожарот во Тетово, значително е поголема дисциплината и е сменета  атмосферата во сите болници, по…

Read More

Според Министерството за здравство на Јапонија, околу 29 отсто од 125 милиони жители имаат 65 години или повеќе Јапонки се највозрасните идентични близначки во светот. Според Гинисовата книга на рекорди, двете сестри имаат точно 107 години и 351 ден. Умено Сумијама и Куме Кодама се родени на 5 ноември 1913 година, на островот Шодошима, западна Јапонија, како трета и четврта од 11 деца. Овој септември, сестрите го соборија претходниот рекорд од 107 години и 175 дена, поставен од славните близначки Кин Нарита и Гин Кание, се наведува во соопштението на Гинисовата книга. Според Министерството за здравство на Јапонија, околу 29…

Read More

Лицата позитивни на ковид-19 коиштo не се осигурени по ниту еден основ  наскоро и електронски ќе може да се пријават како осигуреници во Фондот за здравствено осигурување на РС Македонија, дознава НоваТВ. Одлуката е стокмена, се чека да биде усвоена на првата седница на Управниот одбор на ФЗОМ. – Подготвивме одлука со која ќе има измени во делот на пријавување за здравствено осигурување со којашто ќе биде овозможено електронско пријавување од страна на осигуреникот со скенирање на потребна документација и праќање на меил. Адресата на електронската пошта многу скоро ќе биде јавно објавена на веб страната на Фондот за здравствено…

Read More

Петгодишно дете од Мала Речица вчера напладне било нападнато и искасано од кучиња скитници по целото тело. Детето прво било пренесено во болница во Тетово, но поради сериозноста на повредите, и бидејќи во Клиничката  болница во Тетово, наводно, немало серум против беснило, било донесено во Скопје. Од СВР Тетово ни изјавија: – Дедото на детето пријави случај во полиција вчера во 13 часот и 40 минути, дека неговиот внук бил каснат од кучиња скитници, кои се вртеле во близина на угостителски објект во Мала Речица. Детето притоа се здобило со сериозни повреди и е пренесено во болница – ни рече…

Read More

Грчките тајни служби и Владата спречија обид за атентат врз лидерот на Северна Македонија, Зоран Заев, неколку месеци по потпишувањето на Договорот од Преспа во летото 2018 година, и пред парламентот да изгласа измена на Уставот со 80 гласови, објави Фактор . Ова беше објавено во „Сандеј тунајт“ од извор близок до тогашното Министерство за надворешни работи. Изворот во исто време бил и неформална врска со тајните служби и Министерството за одбрана, кое имало значајна улога во целиот случај, јавуваат медиумите во Грција. Според изворот, по ратификацијата на Договорот од Преспа од парламентот во Скопје со 69 гласови на 20…

Read More