Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заразените со ковид-19 и електронски ќе може да се пријават во Фондот за здравствено осигурување

0
By НОВА ТВ Balaban on September 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 20, 2021 16:38

Лицата позитивни на ковид-19 коиштo не се осигурени по ниту еден основ  наскоро и електронски ќе може да се пријават како осигуреници во Фондот за здравствено осигурување на РС Македонија, дознава НоваТВ.

Одлуката е стокмена, се чека да биде усвоена на првата седница на Управниот одбор на ФЗОМ.

– Подготвивме одлука со која ќе има измени во делот на пријавување за здравствено осигурување со којашто ќе биде овозможено електронско пријавување од страна на осигуреникот со скенирање на потребна документација и праќање на меил. Адресата на електронската пошта многу скоро ќе биде јавно објавена на веб страната на Фондот за здравствено осигурување. Одлуката за пријава на болните од ковид -19 е подготвена, треба уште да помине на првата наредна седница на Управниот одбор на ФЗОМ, изјави за НоваТВ Ирфан Лимани, директор на Секторот за комуникација и административна поддршка во Фондот за здравствено осигурување на РСМ.

Новата мерка е со наслов: „ Остварување на право на електронско пријавување во задолжително здравстено осигурување на државјани на Република Северна Македонија кои се лекуваат од Коронавирусот ( COVID-19) во државата и кои не се осигурени по ниту еден основ“, и е дополнение на Одлуката за утврдување на мерки за заштита на осигурените лица и на другите учесници во постапката при остварување на правата од задолжително здравствено осигурување во време на изречена мерка за спречување на ширењето и сузбивање на заразни болести од надлежните институции.  

Скопјанка која во петокот дознала дека е позитивна на ковид-19 раскажува дека од 1 септември е без здравствено осигурување, а бидејќи е дома во изолација, не може да оди и лично да се пријави во подрачната единица на ФЗОМ во Скопје.

– Ме облеа „студен туш “ кога матичната докторка ми кажа дека немам осигурување кога сакав да закажам ковид тест и испитување на Д-димери и други крвни анализи. Што ако во меѓувреме ми затреба и некоја друга здравствена услуга, ќе треба ли од својот џеб приватно да си ја платам? На 1 септември годинава ми заврши работниот однос, се пријавив во Агенција за  вработување од каде чекам решение. Не очекував веднаш да останам без здравствено осигурување, мислам дека порано тоа траеше уште еден месец откако некој ќе остане без работа – реагира 60-годишната М.Т.

Од Фондот за здравствено осигурување потсетуваат дека и осигурениците кои немаат здравствено осигурување, а се заболени од ковид-19, со Одлука на Влада имаат право на здравствени услуги бидејќи е во прашање заразна болест.

(Љ.Б.) 

електронски Заразените Ирфан Лимани Ковид-19 пријават Фондот за здравствено осигурување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.