Author: НОВА ТВ Balaban

По реакциите во јавноста на некои граѓани од Скопје кои деновиве пројавиле симптоми сомнителни на ковид-19 дека преку матичните лекари и системот „Мој термин“ и по неколку дена не можат да закажат ковид-тест во јавното здравство, туку дека им се нуди опција да одат во Тетово, Кочани или да се тестираат во приватна лабораторија, од Министерството за здравство одговараат: „Граѓаните во Скопје може да се тестираат со ПЦР тестови во ИЈЗ и ЦЈЗ, и на располагање има доволно термини. Во секојдневната статистика објавуваме и број на направени тестови по установи, на 16 септември биле направени 3.885 тестови преку: ИЈЗ-270, ЦЈЗ…

Read More

„Направивме 700 болнички кревети за помалку од 2 месеци. Благодарение на тоа, имаше каде да сместуваме пациенти. Алтернатива на тоа е италијанското сценарио, луѓето да бидат заглавени во возилата за итна помош пред болниците, да нема каде да се сместат. Едноставно, да не можеме да им пружиме соодветна помош“, изјави Филипче, додавајќи дека ова е начин на кој се менаџира пандемијата и концепт прифатен во целиот свет. Моделот на модуларни болници е модел без којшто не само нашата држава, туку ниту една земја немаше да може да ја менаџира кризата, изјави министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарски…

Read More

Една од мерките што сигурно ќе се препорача е потребата да се прикаже потврда за примени две вакцини, односно тоа ќе прерасне во потврда за примени две дози вакцини или целосно вакцинирани лица, изјави министерот  Филипче. Министерот за здравство, Венко Филипче, во изјава за медиумите денеска најави дека од октомври ќе се препорача дополнување на мерката „една доза вакцина“ за влез во ресторани, трговски центри и други места. Сега влезот во сите угостителски објекти и во други институции е можен со една доза, од октомври ќе се бара сертификат за целосна имунизација. – Една од мерките што сигурно ќе се…

Read More

Бројот на оние кои одбиваат е незначителен, а по разговорите, кај нив повеќе нема двоумење – се попишуваат. Оние кои повикуваат на бојкот, главно преку социјалнте мрежи не ѝ мислат добро на државата. Повторувам дека пописот е статистичка, а не политичка операција, рече меѓу другото Симовски Пописот на населението, домаќинствата и становите на целата територија на државата се одвива со посакуваниот интензитет, без проблеми и убедени сме дека успешно ќе заврши во планираниот рок, изјави директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, кој денеска престојуваше во Дебар. – До вчера попишани се точно 800.008 граѓани, а до утре очекуваме…

Read More

Во првите шест месеци годинава осигурителните компании кои продаваат полиси за приватно здравствено осигурување ликвидирале т.е. исплатиле 9.144 оштетни побарувања на свои осигуреници. Во првите шест месеци годинава бројот на договори за купени полиси за приватно здравствено осигурување пораснал за 48 отсто. Вложувањата на осигурениците во ова осигурување достигнале 3,8 милиони евра. Осигурителните компании за првото полугодие за пријавени штети исплатиле 87,5 отсто повеќе средства во однос на истиот период 2020 година, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Вредноста на исплатените штети покриени со приватно здравствено осигурување во првите шест месеци пораснала за 87,5 отсто и достигнала…

Read More

Вакцините веќе се дистрибуирани и подготвени да се употребат. Важен гест на пријателство и солидарност, напиша Османи. Северна Македонија вчера ја прими донацијата од над 50.000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија, напиша утрово на Твитер шефот на дипломатијата Бујар Османи. – Вакцините веќе се дистрибуирани и подготвени да се употребат. Важен гест на пријателство и солидарност, напиша Османи. Бугарското Собрание на 8 септември ја одобри донацијата од над 50.000 вакцини за Северна Македонија. Министерот за здравство на Бугарија Стојчо Кацаров тогаш појасни дека донацијата требало да се изврши во јуни, но поради проблеми со процедурите тогаш тоа не било извршено.

Read More

Улогата на Фондот, вели Азески, е да ги поддржи и да ги поттикне компаниите во изнаоѓањето форми на инвестиции, преку финансиска поддршка за производствените, извозните и за иновативните решенија, во насока на нивна поголема конкурентност на странските пазари. Борбата против сивата економија и корупцијата преку итна дигитализација на државната администрација и финансиска поддршка за дигитализација на компаниите со примена на системите САП како современи, докажани и проверени дигитални решенија, кои овозможуваат поголема ефикасност, ефективност и поголема продуктивност, беа само некои од темите на работната средба меѓу претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и директорот на Фондот за…

Read More

Сите посетители на Грција, независно од земјата на потекло, може да бидат подложени на тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам и со помош на кодот од PLF формуларот. Тестирањето, веќе е задолжително за патниците кои доаѓаат од Северна Македонија, а патуваат со негативен тест. Предусловите и правилата за влез во Грција, односно задолжителен документ за Ковид-19, како и пополнет PLF формулар, кои меѓу другото, важат и за државјаните на Северна Македонија, продолжени се за уште една седмица, до следниот петок 24 септември 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина. Промени нема ни во однос на мерката за лицата…

Read More

Ќе бидат отворени дури 96.000 избирачки места, а руските државјани кои живеат во странство ќе можат да гласаат во 144 земји каде што ќе бидат отворени вкупно 348 избирачки места, плус уште седум избирачки места што ќе се отворат во Бајконур, во Казахстан. Во Русија денеска се одржуваат избори за Думата, Долниот дом на рускиот Парламент. Гласачките места први беа отворени во 8 часот утринава во регионот Камчатка и Чукотската автономна област (синоќа, во 23 часот по московско време). Пратениците за Долниот дом на парламентот се избираат со мандат од пет години според мешан изборен систем: половината од членовите на…

Read More

Разгледуваме една можност да поставиме камери кои детектираат пожари на 20-30 километри и чад. Но размислуваме како да ги заштитиме тие камери од грабежи. Знаете, луѓето крадат сообраќајни знаци и потоа прават печки за ајвар. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, гостувајќи во емисија на ТВ21 , вечерва откри интересен податок. Зборувајќи за пожарите во малешевијата и нивното навремено откривање, тој рече дека се размислува поставување на камери, но дека истите треба да бидат сочувани од кражби. – Разгледуваме една можност да поставиме камери кои детектираат пожари на 20-30 километри и чад. Но размислуваме како да ги…

Read More

Врз главниот град на Авганистан е извршен ракетен напад, јавија светските медиуми. Според новинската агенција Амај, неколку ракети ја погодиле населбата Хаир Кан во Кабул. Инцидентот, наводно, се случил во близина на електрана во Кабул. Локалните жители изјавиле дека проектилите можеби ја погодиле електраната Чамталах. Засега, нема извештаи за евентуална штета.

Read More