Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Исплатените штети за приватно здравствено осигурување 1,5 милиони евра, вложувањата зголемени за 3,8 милиони евра

0
By НОВА ТВ Balaban on September 17, 2021 ЕКОНОМИЈА
Фото: plusinfo.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 17, 2021 11:14

Во првите шест месеци годинава осигурителните компании кои продаваат полиси за приватно здравствено осигурување ликвидирале т.е. исплатиле 9.144 оштетни побарувања на свои осигуреници.

Во првите шест месеци годинава бројот на договори за купени полиси за приватно здравствено осигурување пораснал за 48 отсто. Вложувањата на осигурениците во ова осигурување достигнале 3,8 милиони евра. Осигурителните компании за првото полугодие за пријавени штети исплатиле 87,5 отсто повеќе средства во однос на истиот период 2020 година, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Вредноста на исплатените штети покриени со приватно здравствено осигурување во првите шест месеци пораснала за 87,5 отсто и достигнала 92,6 милиони денари, односно 1,5 милиони евра. Истовремено, вложувањата на граѓани и компании во приватно здравствено осигурување се зголемени за 38 отсто достигнувајќи 232,5 милиони денари или 3,8 милиони евра.

– Податоците за исплатени штети и продадени полиси потврдуваат дека приватното здравствено осигурување, во контекст на актуелната здравствена пандемија, станува многу популарно и се пошироко прифатено кај осигурениците (граѓани и правни лица). Истовремено се зголемуваат износите кои осигуреници ги вложуваат во приватно здравствено осигурување со цел да обезбедат поквалитетна здравствена заштита од јавното здравство, која не е на товар на државниот буџет и на државниот Фонд за здравствено осигурување, велат од Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Во првите шест месеци годинава осигурителните компании кои продаваат полиси за приватно здравствено осигурување ликвидирале т.е. исплатиле 9.144 оштетни побарувања на свои осигуреници. Тоа, посочуваат од АСО, е за 68 отсто повеќе во споредба со истиот период претходната година кога друштвата за осигурување ликвидирале 5.432 штети.

Во првото полугодие се продадени 9.870 полиси за приватно здравствено осигурување што е за 46 отсто повеќе од истиот период во 2020 година. За првите шест месеци годинава до АСО се доставени само две претставки од незадоволни осигуреници за покритие на штета по полиса за приватно здравствено осигурување.

Вредноста на штети исплатени за приватно здравствено осигурување достигнала пет отсто во вкупниот износ на бруто исплатени штети (БИШ) за првото полугодие оваа година. За овој период учеството на исплатени штети за приватно здравствено осигурување пораснало за 67 отсто во споредба со истиот период лани кога оваа класа осигурување во БИШ учествувало со три отсто.

Највисоката поединечна исплатена штета покриена со приватно здравствено осигурување изнесува 610.000 денари односно 10.000.

Агенцијата за супервизија на осигурување АСО приватно здравствено осигурување штети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.