Author: НОВА ТВ Balaban

Дневните температури ќе се движат од 26 до 32 степени. УВ индексот ќе изнесува 6. Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб слаб до умерен, а во северниот дел од Повардарието и засилен ветер од северен правец. Во планинските подрачја можна е ретка појава на краткотраен дожд. Дневните температури ќе се движат од 26 до 32 степени. УВ индексот ќе изнесува 6. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со максимална температура до 31 степен. Во наредните денови следува период на значително потопло време за овој период од годината.

Read More

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 192.538 лица. Вкупно 419.485 лица, 129.614 домаќинства и 173.439 станови се попишани во првите осум дена од пописот, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 192.538 лица. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Read More

Економските политики ги градиме на солидна база, планираме на долг рок, а резултатите се веќе евидентни и во услови на светска пандемија, пишува Заев. Позитивните трендови во економијата продолжуваат, напиша на својот Фејсбук, премиерот Зоран Заев. – Во периодот од јануари – јули 2021, вкупната вредност на извозот изнесува скоро 4 милијарди евра и бележи раст од 34, 6% во споредба со истиот период во 2020 година.Само во јули 2021 година, во споредба со јули 2020 година растот е 13,2%. Вкупната трговска размена за иститот период изнесува 9.4 милијарди евра. Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција,…

Read More

Воведни обраќања на Форумот ќе имаат и американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз, шефот на Делегација на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир и директорот на ЗИП Институт, Агим Селами. Во Скопје денеска почнува дводневниот „Македонски енергетски форум 2021: Мапирање на енергетската иднина“, кој со воведно обраќање ќе го отвори премиерот Зоран Заев. Покрај премиерот, воведни обраќања на Форумот ќе имаат и американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз, шефот на Делегација на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир и директорот на ЗИП Институт, Агим Селами. На Форумот ќе учествува и министерот за економија, Крешник Бектеши, кој ќе биде…

Read More

Слични се условите и за учениците, односно и за нив ќе биде потребен документ поврзан за Ковид-19, односно сертификат за вакцинација, доколку се постари од 12 години или потврда за прележана болест во последните шест месеци или изјава по направен селф тест, задолжителен два пати седмично (секој вторник и петок). Под строги здравствени протоколи што предвидуваа документ поврзан со Ковид-19, како за учениците така и за наставниците и професорите и со задолжителна употреба на маска, од денеска со физичко присуство, почнува новата учебна година во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. За просветните работници, односно за наставниците и професорите,…

Read More

На лицата кои нема да приложат некој од споменатите документи нема да им се дозволи влез во работните простории, а отсуството од работа ќе се смета за неоправдано Сите вработени во јавните институции, како и персоналот во претпријатијата и фирмите во сопственост на Владата и општините во Косово, од денеска треба да се вакцинирани, или да приложат доказ дека не се заразени од Ковид-19, за да им се дозволи да влеат во нивните работни простории, јави дописникот на МИА од Приштина. Според одлуката на Владата на Косово, административците треба да поседуваат сертификат дека ги примиле двете, или барем едната доза…

Read More

Пожарот во Модуларната болница во Тетово е катастрофален инцидент и го  изразуваме нашето најдлабоко сочувство до семејствата и до најблиските на жртвите и до преживеаните. Владата на Северна Македонија ги истражува причините за оваа трагедија и ние тоа внимателно го следиме, изјави денеска за НоваТВ, портпаролот на Канцеларијата на Светска банка во Република Северна Македонија. Министерот за здравство, Венко Филипче, на вчерашната прес-конференција во Владата, изјави дека „поставувањето на сите модуларни ковид-центри се по строгите критериуми и претходна согласност од Светска банка“. – Што се однесува до самите болници и нивниот квалитет ќе кажам кратко дека нашиот внатрешен увид покажа…

Read More

И директорот на Институтот за судска медицина, д-р Александар Станков,  информираше дека е завршена обдукцијата на 15 тела, меѓу кои и на помлада пациентка, чиешто тело дополнително било донесено во Институтот. Од починатите, две лица и тоа сопруга на пациент и ќерка на пациентка се надворешни лица кои не биле хоспитализирани Од доставените извештаи до обвинителството се утврдува дека од починатите, осум жртви се жени и шест мажи, на возраст од 29 до 78 години. Од нив, 12 лица биле хоспитализирани како пациенти во ковид болницата. Од починатите, две лица и тоа сопруга на пациент и ќерка на пациентка се…

Read More

На С.Б. ќе му биде изготвен поднесок за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаници и прекурсори“ согласно член 215 од Кривичниот законик и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 12:30 часот, на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, го лишиле од слобода С.Б.(80) од Тетово. При негов преглед пронајден му е хероин, а нешто подоцна при претрес на семејниот дом, реализиран со судска наредба, пронајдени му се вкупно 197 куршуми со различен калибар. По целосно документирање на случајот на С.Б. ќе му биде…

Read More

Мене ми е чудно…и суво дрво да беше немаше да изгори за толку кратко време, но да видиме што ќе кажат експертите. Пожарот траел од три до пет  минути, вели Нуредини Координаторот на ковид центарот во Тетово, д-р Гзим Нуредини, утрово  информираше дека сите 12 пациенти се во релативно добра здравствена состојба и дека денеска вработените се испитуваат дали имале роднини кои биле пациенти во модуларната болница, дали им биле во посета во работно време или надвор од работното време. Нуредини информираше дека има камери околу објектот, а материјалите се веќе доставени на јавен обвинител. Тој изрази и вчудовидување од тоа…

Read More

Д-р Нуредини тврди дека посетите не биле подолги од 15 минути и дека се знае оти тоа е казниво. „Континуираното присуство на цивилни невработени лица внатре во ковид-центрите е свесно загрозување на јавното здравје. За вакво злодело казната не може да биде само разрешување на надлежните во тетовската болница”, објави  д-р Нико Беќаровски, токсиколог, на неговиот Фејсбук профил. Координаторот на ковид центарот во Тетово, д – р Гзим Нуредини, за Телевизијата 24 вести синоќа изјавил дека меѓу починатите лица двајца се цивили, а другите 12 биле хоспитализирани пациенти, позитивни на ковид – 19. Во јавноста не престануваат реакциите откако беше…

Read More

Рестрикциите се во воведени во регионите Арголида и Евританија, а се продолжени во областите Илија, Ахаија и Месинија на Пелопонез, како и на островот Икарија и во градот Ираклио на Крит. Полициски час од еден часот по полноќ до 6 часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден се воведуваат во уште два региони во Грција, а се продолжуваат во уште пет области, јави дописничката на МИА од Атина. Од рано утрово, половина од полуостровот Пелопонез е во црвената зона, заедно со дел од централна Грција, дел од островот Крит и целиот остров Икарија.…

Read More