Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Северна Македонија ќе стане транзитна земја што се однесува до транспорт на природен гас не само во Западен Балкан туку се надеваме во блиска иднина и надвор од границите на Западен Балкан, рече Бектеши. Mинистерот за економија, Крешник Бектеши, денеска заедно со претседателот на државата, Стево Пендаровски, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, министерот Бесими, Нуредини и други колеги министри, претставници од различни земји, како и претставници од бизнис секторот учествуваше во првата годишна конференција организирана од страна на Министерството за финансии во рамките на Економски и финансиски форум…
Говорејќи пред новинарите во неговиот предизборен авион по инцидентот во Лондон, Онтарио, Трудо рече дека можеби бил удрен во рамото и го спореди инцидентот со тоа кога една жена фрли семки од тиква кон него во 2016 година. Канадскиот премиер, Џастин Трудо, беше погоден со камења што демонстрантите ги фрлија кон него, за време на неговата турнеја низ Лондон во Онтарио. Тој се враќал во својот автобус по посетата на локална пиварница кога бил погоден од камења. Како што пренесува Би-Би-Си, тој не е повреден. Трудо распиша предвремени избори кон средината на август, со надеж дека ќе добие мнозинска влада…
Една од лекциите научени од Големата финансиска криза од 2008/9 година е дека поддршката за економијата од носителите на политиките, вклучително и од централните банки, не треба да запре предвреме, пред да има солидна и одржлива динамика на обновување на економскиот раст. Закрепнувањето од досегашните шокови од корона-кризата е во тек, но неизвесноста во врска со пандемијата и нејзините влијанија врз динамиката на економското заздравување сѐ уште постои и потребна е натамошна поддршка од носителите на политиките. Користејќи го сѐ уште расположливиот простор за монетарен стимул, Народната банка ќе продолжи со водењето олабавена монетарна политика, со тоа давајќи поддршка за…
Тоа што го знам дека овој човек, дипломат бил доста активен и во времето на ВМРО-ДПМНЕ, и на Антонио Милошоски и на Никола Поповски министерот, тогаш бил и назначен во ОБСЕ по различни линии, односно прво гледате дека е и активен човек во времето на ВМРО-ДПМНЕ, бил испраќан и понатаму на мисии. Тие се вработени луѓе во МНР, рече премиерот Заев. Премиерот Зоран Заев денеска во врска со случајот на уапсениот македонски дипломат во Србија истакна дека секој што го прекршил законот треба за тоа да одговара, но, оти никој не треба да биде прогласен за виновен додека вината не…
Јас сум информиран првпат со објавувањето во јавноста дека имал Зоран Милески право на користење на тој прекин на казна заради здравствени потреби. На крајот се доинформирав од директорот на Управата за извршување на санкции. Но, ве повикувам навистина до крај да ги обелодените сите факти, рече Заев Премиерот Зоран Заев денеска повтори оти директорот на Управата за извршување санкции го информирал оти Зоран Милески Кичеец ја имал целата потребна медицинска документација за да му бидат дадени триесет дена за лекување. Доколку некој има поинакви информации, рече Заев, тогаш треба тие да се објават. – Сите треба да бидеме еднакви…
Неофицијално дознаваме дека мажот среде ноќ сакал да ја земе сопругата од домот во Ростуше и да ја премести во друга здравствена установа. Ноќеска (7 септември), половина час по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 57-годишниот И.И. од долнореканско Требиште, кој се однесувал агресивно и физички ги нападнал, откако претходно го нарушил јавниот ред и мир во Здравствениот дом „Русе Бошковски“ во село Ростуше, каде болнички од „ковид-19“ се лекувала неговата сопруга. Се расчистува и документира случајот, по што против И.И. ќе следува соодветен поднесок. Неофицијално дознаваме дека мажот среде ноќ сакал…
Пишува: Лилјана Поповска Денот на независноста на македонската држава, 8 Септември, е потсетник дека историските мигови треба да бидат препознаени и искористени на најдобар начин од политичките елити и од граѓаните. Успешниот референдум на 8 септември 1991 година значеше пресврт за иднината на Македонија, која како република во полураспадната федерација се извлече на мирен начин, си ги спаси децата од војникување во веќе однародената армија и започна самостоен пат како држава. Ова беше остварување на сонот на многу генерации Македонци и на безброј борци за слобода и за независна своеименска држава. Дали беше едноставно да се препознае мигот и шансата?…
Истиот ќе биде отворен секој работен ден, од 8:00 до 14:00 часот. Во него ќе работат обучени лица, двајца доктори и две сестри од Поликлиниката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје . Согласно актуелната епидемиолошка состојба во државата и согласно заклучокот на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, донесен на Вонредната сеница одржана на 23.8.2021 година, УКИМ побара од Министерството за здравство да овозможи отворање на вакцинален пункт на Универзитетот заради омасовување на вакцинацијата во академската средина, информира денеска Ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски. Целта на вакциналниот пункт е да се олесни и забрза процесот…
З.Ј. бил баран со меѓународна потерница по судска наредба за издржување казна затвор од седум години за сторено кривично дело по член 237 став 4 во врска со член 1 од Кривичниот законик, информира Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка, вчера околу 17 часот во Гевгелија го привеле З.Ј. (41) од село Миравци, баран со меѓународна потерница. – З.Ј. бил баран со меѓународна потерница по судска наредба за издржување казна затвор од седум години за сторено кривично дело по член 237 став 4 во врска со член 1 од Кривичниот законик, информира Министерството за…
Комисијата за издавање конзилијарно мислење и наод, освен во Прилеп, ќе ги покрива и општините Крушево, Македонски Брод, Долнени и Кривогаштани, Комисијата во Гевгелија освен оваа, ќе ги опфати и општините Богданци, Валандово и Дојран. Министерството за здравство ја информира јавноста дека за првпат формирани се две нови Комисии за туѓа нега (Комисија за издавање на конзилијарно мислење за корисниците на правото за надоместок за помош и нега од друго лице и надоместок за попреченост), за граѓаните на Прилеп и Гевгелија и регионот. Покрај постоечките комисии, во државата, новоформираните ќе одговорат на потребите на пациентите од овие два града, како…
Им укажавме прва медицинска помош и поради сериозноста на повредите, една девојка и едно момче препративме на лекување во Скопје, појасни Грков. Тројца млади биле повредени во сообраќајка ноќеска во Кавадарци, девојка и момче со потешки повреди, потврди за МИА д-р Ратко Грков, дежурен лекар во кавадаречката Брза помош. – Младите биле повредени во сообраќајка меѓу велосипед и мотор. Во центарот на Кавадарци, кај основното општинско училиште „Димката Ангелов-Габерот“. Им укажавме прва медицинска помош и поради сериозноста на повредите, една девојка и едно момче препративме на лекување во Скопје, појасни Грков.
Се радуваме на оваа соработка со проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ и на можноста да го поддржиме инклузивното образование“ – истакна Ралица Губерова, извршна директорка на Евроинс Осигурување Основното општинско училиште „Блаже Конески“ од Општина Аеродром доби нова сензорна соба направена со донација на Евроинс Осигурување кон проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија. Ова е прва донација на Евроинс Осигурување за целосно опремување на сензорна соба, додека идната недела ќе биде пуштена во употреба и втората сензорна соба која е направена во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ – Аеродром исто така со донација на…