Author: НОВА ТВ Balaban

АНБ и МВР прават безбедносни проверки на имињата кои се на листите. Од безбедносни причини имињата на сместувачките објекти не се откриваат.  Се чекаат секој момент, но никој не знае кога навистина ќе стигне првиот лет со граѓаните од Авганистан кои треба да добијат привремен престој во Северна Македонија. – Не знаеме кога ќе пристигнат. Требаше првата група да стигне уште минатата недела, но работите зависат од состојбите на аеродромот во Кабул и од организацијата на летовите. Ние сме подготвени, кога и да стигнат, велат од Владата за Дојче Веле. За граѓаните што ќе пристигнат од Авганистан веќе се обезбедени…

Read More

Побарав фер судење… Ќе жалите за оваа одлука до крајот на животот, рече Номура пред судијата. Јапонските власти го осудија на смрт шефот на мафијашката организација „Кудо-каи“ – 74-годишниот Сатору Номура, за нарачување убиство и напади врз три лица меѓу 1998 и 2014 година. Јапонецот ги отфрли обвиненијата, но Окружниот суд на Фукуока ги прифати аргументите против него. За многумина, ваквата пресуда е своевидно изненадување, оти немало докази што директно ќе го поврзат Номура со нападите. – Побарав фер судење… Ќе жалите за оваа одлука до крајот на животот, рече Номура пред судијата. Номура е осуден затоа што, според пресудата,…

Read More

Полицискиот час од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро и забраната за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, во конкретните региони ќе бидат во сила до 3 септември. Рестриктивните мерки, односно полицискиот час и забраната за музика во угостителските објекти во три региони на грчкиот остров Крит се продолжени за уште една седмица и паралелно се воведени и во регионот Месинија на Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина. Градовите Ханија, Ираклио и Ретимно на Крит, што се и три четвртини од островот, и понатаму се во црвената зона, а од денеска во истата категорија…

Read More

Ако го придобиеме огромното мнозинство од оние 80 до 90 милиони луѓе кои не се вакцинирани, кои се колебаат да се вакцинираат или немале можност, се надевам дека ќе воспоставиме контрола следната пролет, изјави Фаучи. Главниот медицински советник на Белата куќа, Ентони Фаучи изјави дека ковид-19 во САД би можел да биде ставен под контрола на почетокот од следната година. – Ако го придобиеме огромното мнозинство од оние 80 до 90 милиони луѓе кои не се вакцинирани, кои се колебаат да се вакцинираат или немале можност, се надевам дека ќе воспоставиме контрола следната пролет, изјави Фаучи. Еден ден откако Американската…

Read More

Откако ноќта ја помина во полициска станица, српскиот актер Драган Бјелогрлиќ утрово беше донесен во Обвинителство во Ниш, откако вчера го претепа својот колега, режисерот Предраг Антонијевиќ, пренесуваат медиумите во Србија. По сослушувањето обвинителот на должност одлучил да му го прекине притворот на Драган Бјелогрлиќ, под услов да продолжи кривичната постапка против осомничениот. Владимир Станојевиќ, заменикот на јавниот обвинител во Ниш, ги откри деталите за постапката. – Денеска, во просториите на Основното јавно обвинителство во Ниш, Драган Бјелогрлиќ беше сослушан како осомничен за околностите на извршувањето на делото насилно однесување. Во негова одбрана, осомничениот целосно призна дека го извршил делото…

Read More

Агенцијата посочува дека пациентите што се предозирале со ивермектин може да доживеат гадење, повраќање, дијареа, низок крвен притисок, алергиски реакции, вртоглавица, проблеми со рамнотежата, напади, кома, па дури и смрт. Антипаразитскиот лек „ивермектин“ којшто најчесто се користи за животни, не треба да се користи за лекување или превенција од ковид-19, соопшти Агенцијата за храна и лекови (ФДА) на САД. „Вие не сте коњ. Не сте крава. Сериозно, сите. Престанете“, порача во саботата ФДА од својот официјален твитер-профил, со детално објаснување зошто лекот може да биде опасен за луѓето. Ивермектинот, кој не е антивирусен лек, генерално се користи за лекување или…

Read More

„Пеликанот“ освои пет награди на овој фестивал, односно сите награди кои ги доделува стручното жири Претставата „Пеликанот“ на Аугуст Стриндберг во изведба на младата екипа од Универзитетот Еуропа Прима – Скопје, се враќа како апсолутен победник од вториот Интернационален театарски фестивал – ИНТЕФ, од Шабац, Србија. Фестивалот се одржа минатата недела, од 14 до 19 август под мотото „ИНТЕФ е тоа што нѐ спојува“, а е во организација на млади уметници од Србија, чија цел е обединување на млади театарџии од сите земји во регионот, разменување на идеи и прикажување претстави сите пет фестивалски денови. – На репертоарот на овогодишниот…

Read More

Туркајќи го, оштетената успеала да земе дрвен стап и го удрила обвинетиот по ногата. Тој паднал на земја и таа побегнала во својот дом. Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против 40-годишно лице од Прилеп за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 20.10.2020 година во Градско извршил полови дејствија врз оштетеното девојче на возраст од 13 години. Имено, детето отишло во куќата на својот чичко каде се одржувала забава на која бил присутен и обвинетиот. Тој видел дека девојчето се упатило кон дома…

Read More

Вчеравечер (23 август) околу 23 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 34-годишната Б.Н. од тетовско село, која околу  17 часот го нападнала и со остар предмет му се заканила на нејзиниот 72-годишен свекор. Taa  била задржана во Полициската станица Тетово и се расчистува и документира случајот.

Read More

Вчера (23 август) полициски службеници на СВР Тетово, во рамките на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека 15 лицa од Teтово и тетовските села Слатино, Доброште, Лисец, Одри, Терце и Јажинце, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и не биле пронајдени во своите домови. Против овие лица ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик.

Read More

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 28 Август 2021 година (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

Read More

Сомот го уловил скопјанецот Назми Акташи, кому риболовот му е хоби. Во близина на Велес, во реката Вардар, за време на викендот е фатен сом долг 2 метри и 10 сантиметри и тежок 82 килограми. Сомот го уловил скопјанецот Назми Акташи, кому риболовот му е хоби. Во изјава за Газета.мк тој Назми изјавил дека по објавувањето на фотографии и видеа на неговата Фејсбук страна, добил понуди од разни здруженија и поединци да го купат сомот, но тој ги одбил.

Read More