Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести, Милена Стевановиќ, за ТВ21 изјави дека модуларната болница е отворена од синоќа, бидејќи зградата веќе го достигна својот полн капацитет со болни од ковид-19. – Како и претходните месеци, капацитетот е веќе полн, а модуларната болница почна да се полни од вчера. Вкупно се примени 101 пациент, а во текот на минатата ноќ беа примени 19 пациенти кои имале тешка или средно тешка клиничка слика, рече Стевановиќ. Засега нема податоци дали болните кои се со тешка клиничка слика се заразиле со Делта или индиска варијанта, а д-р Стевановиќ додава дека повеќето од нив…
Моја грешка е информацијата што ја дадов дека 19-годишна девојка e една од починатите од ковид-19 во тетовската болница, кога во евиденција ја проверував годината на раѓање на пациентката. Станува збор за 60-годишна жена, која, за жал, е меѓу седумте жртви од коронавирусот за едно деноноќие во Клиничката болница во Тетово, појаснува НОВА ТВ д-р Гзим Нуредини, координаторот на центарот во болницата. Освен 60-годишната жена, починати се и лица на возраст од 43, 57, 51, 67, 73 и 76 години. За причините за големиот број заболени и, за жал, и починати во последниве денови во тетовската болница, д-р Нуредини вели: …
Освен 19-годишната девојка, починати се и лица на возраст од 43, 57, 51, 67, 73 и 76 години. Седум починати како последица од ковид-19 во претходните 24 часа бележи ковид-центарот во Клиничката болница во Тетово, а меѓу нив најмлада е 19-годишна девојка, информираше денеска координаторот на центарот, д-р Гзим Нуредини. Освен 19-годишната девојка, починати се и лица на возраст од 43, 57, 51, 67, 73 и 76 години. Д-р Нуредини предупреди дека ќе продолжи трендот на пораст на бројот на хоспитализирани и починати, со оглед на зголемениот број на амбулатнски прегледи од над 200 на ден. – Сето тоа говори…
Безмалку 20 години, македонските мировници му помагаа на народот на Авганистан да живее во постабилно опкружување и сето тоа без ниту една жртва од нашите мировници! За професионалноста на нашите војници, нивната храброст и посветеност многумина беа одликувани со високи воени и цивилни почести од претставници на членките на Северноатлантската алијанса. Ужасните слики кои доаѓаат од таа земја последниве денови не беа можни додека нашите војници заедно со 130.000 мировници од 50 држави од светот беа таму. Затоа донесов одлука да ги одликувам со Орден за воени заслуги сите припадници на Армијата кои беа во мисијата во Авганистан во изминатите две…
“Нејзината визија и ангажман одиграa директна улога за Северна Македонија да стане НАТО сојузник”, се вели во образложението на одлуката. Mинистерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска, на Денот на Армијата на Република Северна Македонија – 18 Август, доби медал за посебни достигнувања од командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт. “Нејзината визија и ангажман одиграa директна улога за Северна Македонија да стане НАТО сојузник”, се вели во образложението на одлуката. Шекеринска преку својот Фејсбук профил се заблагодари за почеста. „Благодарам генерал Најт! Благодарам Вермонт! Медалот за посебни достигнувања што ми го доделивте денес на Денот на Армијата, го…
Вакцините даваат надеж дека ќе заврши пандемијата, но само ако вакцините се достапни за сите и ако работиме заедно, посочи папата Франциск. Папата Франциск денеска изјави дека вакцинацијата против ковид-19 е „чин на љубов“ и ги повика верниците да се имунизираат. – Вакцините даваат надеж дека ќе заврши пандемијата, но само ако вакцините се достапни за сите и ако работиме заедно, посочи папата Франциск. Поглаварот на Римокатоличката црква преку видео порака ја поддржа кампањата за вакцинација во САД и во други американски држави. – Да се биде вакциниран… е чин на љубов и придонес во тоа мнозинството луѓе да бидат…
Две лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа која синоќа се случила во скопски Аеродром, на крстосницата кај „Мајчин дом“. Од МВР информираат дека во несреќата учествувале два автомобили, а кај нив била пријавена во 20:30 часот. – На крстосница од бул.„Јане Сандански“ со ул.„Васко Карангелески“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Ј.(41) од Скопје и патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Ѓ.(61) од Скопје, велат од МВР. Двајцата возачи се здобиле со телесни повреди во сообраќајката, по којашто биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“…
МВР, воедно, апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, во текот на изминатото деноноќие, од страна на МВР беа ангажирани 541 полициски службеник, реализирани се 214 мото-патроли, а користени се 156 моторни возила. Како што соопшти МВР, на терен се и припадниците на сите специјални…
Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, на Фејсбук објави дека од невремето паднало дрво во центарот на Скопје при што оштетило две паркирани возила. Од Град Скопје информираа дека краткотрајното невреме кое го погоди скопскиот регион предизвика мали штети – прекин на електричната енергија во делови на Центар и Аеродром, прекин на телекомуникациската мрежа во неколку скопски населби, десетина паднати дрвја и неколку оштетени автомобили. Град Скопје соопшти дека се проодни сите подвозници, a дека екипи на јавните градски претпријатија работат на поединечни локации.
Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години загуби минимално со 2:1 од соодветната селекција на Романија во рамките на првиот контролен натпревар одигран меѓу овие две селекции. Средбата се одигра денеска во градот Буфтеа, а клучниот момент се случи во 65. минута кога Македонија остана со играч помалку поради црвениот картон што го заработи Катерина Петкова. Романките поведоа преку Дениса Пинзариу во 28. минута, изедначи Викторија Стрика во 47. минута, а домаќинките победата ја обезбедија во судиското надополнување со голот на Марија Кристеа. Вториот контролен меч овие две селекции ќе го одиграат на 19 август, исто така на Националниот стадион…
По преземeни мерки, било констатирано дека Б.С. починала од здобиени повреди од остар предмет, додека нејзиниот сопруг имал прострелна рана од огнено оружје, се наведува во соопштението на МВР. Жената во Табановце починала од повреди здобиени од остар предмет, а нејзиниот сопруг имал прострелна рана од огнено оружје, соопшти денеска МВР. – Денеска во 8:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во семејната куќа во село Табановце, кумановско, биле пронајдени починати и со повреди Б.С.(43) и неговата сопруга Б.С.(36). По преземeни мерки, било констатирано дека Б.С. починала од здобиени повреди од остар предмет, додека нејзиниот сопруг имал прострелна рана…
Дополнителната доза треба да обезбеди поголема заштита од високозаразната делта варијанта која поттикна нов бран заразени. Американските медиуми известуваат дека администрацијата на претседателот Џо Бајден ќе почне да ги повикува сите Американци кои целосно се вакцинирани против ковид-19 да примат трета доза вакцина, пренесува Гласот на Америка. Дополнителната доза треба да обезбеди поголема заштита од високозаразната делта варијанта која поттикна нов бран заразени. Трета доза вакцина во САД веројатно ќе почне да се дава во септември, откако Администрацијата за храна и лекови ќе го одобри барањето на „Фајзер“ да ја користи вакцината за трета доза. Први што се очекува да…