Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Земјотрес беше почувствуван во централна Хрватска околу два часот наутро, a епицентарот е помеѓу Петриња и Сисак, според првите податоци. Сеизмолошката служба известува дека јачината била 4,2 степени според Рихтеровата скала. Половина час подоцна се случи уште еден, за среќа, многу послаб земјотрес. Германскиот институт за земјотреси Геофон известува дека епицентарот бил во близина на Мала Горица помеѓу Петриња и Сисак, со јачина од 4,8 степени. ЕМСЦ известува дека магнитудата била 4,7 степени според Рихтеровата скала.
Имаме околу 30.000 луѓе во општинските избирачки одбори, а новите членови мора добро да се обучат за спроведување на изборите. Беше предложено да направиме список кои членови се вакцинирани, за да може да се обучуваат и по 800 лица дневно, на секој час да се менува друга група на обука. А невакцинираните да бидат во многу помали групи – најмногу до 29 лица – вели Даштевски. Првите луѓе на Државниот завод за статистика и на Државната изборна комисија, Апостол Симоски и Александар Даштевски, денеска се сретнаа со министерот за здравство, Венко Филипче, и со членовите на Комисијата за заразни болести…
Во Скопје се регистрирани 15 тропски ноќи, со што е надминат максималниот историски број (24-часовен период во кој температура на воздухот не е пониска од 20 степени). Меѓу повисоките вредности се забележани во Гевгелија 21 и во Штип 9 тропски ноќи. Многу топол до екстремно топол месец е генералната оценка за јули, кој се карактеризира со повисоки температури на воздухот и значително ниски количества на врнежи, соопшти Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР). Највисока средна месечна температура е регистрирана во Гевгелија од 29,1 степен , а најниска во Лазарополе 17,5 степени. Во Струмица, Скопје и Штип се измерени 27 степени, во…
Оние субјекти и организации кои се позиција на сила и власт во земјата треба да ја носат и одговорноста за заштита на човечките животи, како и за итно возобновување на безбедноста и стабилноста на земјата, велат од МНР Имајќи ја предвид сериозно влошената безбедносна ситуација во Исламската Република Авганистан, Министерството за надворешни работи, во соработка со стратешкиот партнер САД, како и останатите НАТО сојузници: – ги повикува сите страни во Авганистан, да го почитуваат и овозможат безбедното напуштање на земјата од страна на заинтересираните странски државјани кои во моментов се наоѓаат таму, како и на жителите на Авганистан кои сакаат да…
И покрај протестите и аргументите на „Епл“ против замислениот законски пропишан стандард за полначи, ЕУ подготвува законска регулатива за ова прашање. Долгорочниот план на Европската унија (ЕУ) за усогласување на полначите за паметни телефони и други уреди, според наводите, наскоро треба да биде и формално предложен како закон. И покрај протестите и аргументите на „Епл“ против замислениот законски пропишан стандард за полначи, ЕУ подготвува законска регулатива за ова прашање. Аргументот е дека заедничкиот стандард би го намалил електронскиот отпад, а „Епл“ тврди дека тоа би создало повеќе е-отпад. Наводно, законите ќе бидат предложени во септември. Нема повеќе подробности засега, но…
Повикувам на максимално почитување на мерките, држење дистанца, редовно водење на лична хигиена и вклучување во процесот на имунизација. Вакцините штитат од тежок тек на болеста, од смртен исход и го отежнуваат неконтролираното ширење на вирусот – објави Филипче на Фејсбук. Министерот за здравство, Венко Филипче, утринава на Фејсбук објави дека епидемиолошката состојба од ден во ден станува сè посериозна. – На утринскиот состанок со членовите на Комисијата за заразни болести и претседателката на Националниот комитет за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова, се разгледуваше епидемиолошката состојба која од ден во ден станува се посериозна. Менаџирањето на ситуацијата индицира сериозна потреба…
Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ го осудува говорот на омраза кон докторите на денешниот протест против новите мерки. „Најостро го осудуваме говорот на омраза кон докторите и сите здравствени работници кои и со живот го платија лекувањето на пациентите болни од Ковид. Ја повикуваме Лекарската Комора да си ја врши својата работа и да ги заштити сите наши колеги, а Министерство за здравство да ги заштити сите вработени. Доколку било кој наш колега биде нападнат или вознемирен од толпата која протестира ќе прекинеме да лекуваме и ние ќе излеземе на улица“, велат од АСМЛ. Демонстрантите на протестот пред Собранието…
Илјадници луѓе се обидуваат да си заминат од Кабул, откако талибанците објавија дека ја презеле претседателската палата во Кабул, а авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти земјата и замина за Таџикистан. Талибанскиот претставник изјави дека тие ќе прогласат Исламски Емират на Авганистан од претседателската палата во Кабул, објавува AП. На „Редит“ е објавено видео од сообраќајниот хаос што се создал по патиштата кон аеродромот. Новинарката на Си -Ен -Ен во Авганистан, Клариса Ворд, објави дека владее хаос на аеродромот. Патот што води до аеродромот е целосно блокиран – илјадници луѓе се обидуваат да стасаат до аеродромот. Според Си -Ен -Ен,…
Пред почетокот на новите рестриктивни мерки за ковид-19, кои важат од утре, 16 август, вечерва во Скопје пред Собранието се одржа мирен протест. Учесниците, меѓу кои беа и сопственици и менаџери на угостителски објекти, како и граѓани кои се со став дека со новите мерки се врши дискриминација на граѓаните, носеа транспаренти на кои пишуваше: „Мое тело – божја сопственост“, „Моето тело е мој избор“, „Заштити ја планетата, отстранија ја елитата“, „Стоп за присилна вакцинација“ и други. Со новите мерки, за влез во затворени објекти, но и на настани на отворено каде има повеќе од 30 луѓе, граѓаните ќе може…
Тројца дипломати за Ројтерс изјавиле дека Али Ахмад Јахали, универзитетски професор во САД и поранешен министер за внатрешни работи на Авганистан,, веројатно ќе биде на чело на приврементата влада во Кабул. Талибанците денеска влегоа во авганистанската престолнина, Кабул, и официјално останаа единствена воена и политичка власт со потполна контрола над главниот град на државата, откако претседателот Ашраф Гани го напушти Кабул и отпатува за Таџикистан. Откако беше објавено дека Гани стигнал во Таџикистан, талибанските борци набргу потоа влегоа во центарот на Кабул. Високи претставници на авганистанското МВР за Ројтерс изјавиле дека талибанците пристигнуваат од сите страни, но засега нема извештаи…
Според информациите што досега ги имаме, едно момче почнало да се дави во реката, а другарче се обидело да му помогне, но безуспешно, изјави Филипова. Се трага по момче во и околу реката Вардар кај неготинско Пепелиште кое почнало да се дави во реката, а негов другар се обидел да му помогне. Информацијата за МИА ја потврди директорката на Здравствениот дом Неготино, Билјана Филипова. – Според информациите што досега ги имаме, едно момче почнало да се дави во реката, а другарче се обидело да му помогне, но безуспешно. Очевидци го спасиле второто момче, кое било видно вознемирено, а по првото…
Мора да се фокусираме на спасување животи во Авганистан. САД работат да ги евакуираат лицата под особен ризик од Талибанците и благодарна сум на Албанија, Канада, Косово и Северна Македонија, кои понудија засолниште на нашите авганистански сојузници, порача Олбрајт Поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт, им се заблагодари денеска на Албанија, Канада, Косово и Северна Македонија кои се согласиле да им дадат засолниште на нивните сојузници од Авганистан, особено на жени и деца, на лидерите на цивилното општество. Олбрајт напиша на „Твитер”: – Мора да се фокусираме на спасување животи во Авганистан. САД работат да ги евакуираат лицата под…