Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талибанците влегоа во Кабул, претседателот Гани ја напушти земјата

0
By НОВА ТВ Balaban on August 15, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 15, 2021 19:47
Тројца дипломати за Ројтерс изјавиле дека Али Ахмад Јахали, универзитетски професор во САД и поранешен министер за внатрешни работи на Авганистан,, веројатно ќе биде на чело на приврементата влада во Кабул.

Талибанците денеска влегоа во авганистанската престолнина, Кабул, и официјално останаа единствена воена и политичка власт со потполна контрола над главниот град на државата, откако претседателот Ашраф Гани го напушти Кабул и отпатува за Таџикистан.

Откако беше објавено дека Гани стигнал во Таџикистан, талибанските борци набргу потоа влегоа во центарот на Кабул. Високи претставници на авганистанското МВР за Ројтерс изјавиле дека талибанците пристигнуваат од сите страни, но засега нема извештаи за борби.

Претставник на талибанците денеска нагласи дека наскоро од претседателската палата во Кабул ќе објават создавање Исламски Емират на Авганистан, јавија американски медиуми.

Тоа беше името на државата под талибанска власт од 1996 до 2001 година.

Портпаролот на талибанците Забихулах Мујахаид потврди дека влегле во Кабул со цел да го спречат уништувањето на градот кое настанало по заминувањето на претседателот.
Тројца дипломати за Ројтерс изјавиле дека Али Ахмад Јахали, универзитетски професор во САД и поранешен министер за внатрешни работи на Авганистан,, веројатно ќе биде на чело на приврементата влада во Кабул.
Лидерот на политичкото крило на талибаните, Мула Абдул Гани Барадар, патува од Доха во Кабул, истакна талибански извор во Доха за Ројтерс.
Претседателската палата на твитер објави дека се слуша пукање на повеќе точки околу Кабул, но дека безбедносните сили во координација со меѓународните партнери го контролираат градот.
Најголем дел од улиците во главниот град се блокирани од автомобили кои брзаат да стигнат до своите домови или до аеродромот. Многумина исто така ги оставиле автомобилите и пешки тргнале кон аеродромот.

Многу Авганистанци во последниве денови ја напуштија државата поради страв од враќањето на радикалното исламистичко владеење.

влегоа Кабул напушти претседателот Гани Талибанците
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.