Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Милитантите „чекаат мирен трансфер на градот Кабул“ откако влегоа во предградијата на главниот град на Авганистан, изјави портпаролот на талибанците. Сухаил Шахин даде изјава за Ал-Џезира, откако авганистанските власти соопштија дека талибанците се во областите Калакан, Карабаг и Пагман во главниот град. Во изјава за телевизијата Толо њуз, авганистанскиот минисетр за внатрешни работи нагласи дека талибанците нема да го нападнат Кабул и дека предавањето на власта ќе биде мирно. Талибанците претходно денеска објавија дека ја контролираат целата територија на Авганистан, пренесува агенцијата ТАСС, повикувајќи се на ТВ Ал-Арабија. Во изјавата на талибанците, што ја пренесе таа телевизија, се наведува дека…
„Во моментов во зоните работат 14.240 наши сограѓани, а се очекува ваквиот тренд да продолжи во наредните месеци, бидејќи во дел од компаниите се спроведуваат процедури за отворање на нови работни места, а според договорите постојните инвеститори имаат обврска да отворат дополнителни 7.000 нови работни места“, вели Заев. Економската активност во Технолошко развојните индустриски зони е во постојан раст, анализите на ТИРЗ покажуваат пораст на бројот на вработени и извозот во зоните. Бројот на работни места во ТИРЗ е зголемен за 8% за една година, споредено јули 2021 во однос на истиот месец 2020 година, објави премиерот Зоран Заев денеска…
Министерството за здравство информира дека во болницата во Тетово изминатото деноноќие има голем наплив на пациенти и се работи на интензивна реорганизација со цел соодветно згрижување на сите. На колегите од Тетово им се дава соодветна поддршка во делот на кадар и сместувачки капацитети. Од пред два дена пациенти се сместуваат и во болницата во с. Лешок, а доколку е потребно пациенти ќе бидат сместувани и во други болници во близина или во Скопје. Од Министерството за здравство информираат дека утре ќе се донесе одлука дали и колку дополнителен кадар кој во најкус рок ќе биде распореден. Министерството за здравство…
Во автобусот се наоѓале повеќе од 50 патници, јави агенцијата МТИ. Тешка сообраќајна несреќа на автобус во Унгарија, во близина на Будимпешта, во која загинаа осум лица, а десетици се повредени, соопшти унгарската полиција. Во автобусот се наоѓале повеќе од 50 патници, јави агенцијата МТИ. Автобусот се движел во правец кон Будимпешта, кога од засега непознати причини, излетал од патот и се превртел, на 70 километри западно од главниот град на Унгарија. Две лица се тешко повредени, а 46 се здобиле со полесни повреди.
Според Агенцијата, 48 лица загинале во Кастамону, осум во Синоп и еден во Бартон. Осум лица се хоспитализирани. Најмалку 57 лица загинаа како последица на поплави и лизгање на земјиште на црноморското крајбрежје на Турција, соопшти турската Агенција за борба со катастрофи и вонредни состојби. Поројните дождови во црноморските окрузи Кастамону, Синоп и Бартон во средата предизвикаа поплави што уништија станбени згради, автомобили и направија голем број патишта непроодни. Најмалку пет мостови се оштетени. Според Агенцијата, 48 лица загинале во Кастамону, осум во Синоп и еден во Бартон. Осум лица се хоспитализирани.
Од утрово два хеликоптера се вклучени во гаснењето на пожарот во атарот на селото Горно Мелничани во општина Центар Жупа, а со вода се снабдуваат од Дебарското Езеро. Тоа е по барање на градоначалникот Аријан Ибраим, поради распламтување на пожарот кој веќе опожарил повеќе од 15 хектари високостеблеста букова шума. На распламтување на пожарот, којшто вчера бил ставен под контрола, влијаеше и ветерот во ноќните часови. Џетан Мифтароски, командир на дебарската територијална противпожарна единица, изјави: – Во гаснење на пожарот се вклучени и повеќе од 100 лица од противпожарната единица во Дебар и Гостивар, како и припадници на полицијата, специјалната…
На 14.08.2021 СВР Охрид – Одделението за внатрешни работи Дебар, до Основното јавно обвинителство Дебар поднесе кривична пријава против Л.Е.(32) и Е.Ц. (31) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, предвидено и казниво по член 227 од Кривичниот законик. Пријавените се сомничат дека предизвикале шумски пожар, кој бил пријавен дека настанал на 13.08.2021 на подрачјето на дебарско.
На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 586.384 граѓани. Министерството за здравство денеска информира дека во текот на изминатата недела аплицирани се вкупно 49.569 први дози на вакцини во државата. Забележан е значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 586.384 граѓани. Прва доза вакцина во петокот и вчера примиле 13.950 граѓани, а втора доза, вкупно 8.636 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.058.112…
Температурите на полуостровот се зголемени за скоро 3 степени Целзиусови (5,4 степени целзиусови) во последните 50 години. Тоа доведе до зголемување на топењето на мразот, што го зголемува глобалното ниво на морето и им се заканува на крајбрежните градови низ целиот свет. Текст објавен на Си ен ен, го претставува личното искуство на фотографката Камил Симан која долги години работејќи за „National Geographic“ практично од 2004 година , имала прилика неколку пати да оди и да се враќа на Антарктикот, при што низ својата фотографска документација , лично ги увидела промените со забрзаното топење на мразот. На Камил Симан не…
Талибанците почнаа да влегуваат во Кабул од сите страни, изјави авганистанскиот министер за внатрешни работи. Раководството на Талибанците им нареди на борците да се воздржат од насилство во Кабул, да овозможат безбедна евакуација на оние што сакаат да го напуштат главниот град и да ги принудат жените да се засолнат во заштитените подрачја. Тројца авганистански службеници за американски медиуми изјавија дека Талибанците влегле во предградието на Кабул. Aмериканците веќе неколку часа ги евакуират вработените од амбасадата, а претседателот Бајден потпиша указ за уште 1.000 војници, со што сега во операцијата учествуваат 5.000 војници. Хеликоптери слетуваат во амбасадата на САД во…
Патниот правец Велес – Скопје (по Обиколница) кај Хиподром е блокиран поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Со повлекувањето на американските сили и сојузниците, талибанците напредуваат брзо веќе неколку недели. Талибанците вчера го зазедоа градот Мазар-и-Шариф, последното упориште на авганистанската влада на север во државата и го затегнаа обрачот околу главниот град Кабул, соопштија официјални лица. – Талибанците ја презедоа контролата врз градот Мазар-и-Шариф, изјави Афзал Хадид, шеф на советот на провинцијата Балк, додавајќи дека се чини дека градот паднал без борба. – Војниците ја оставиле својата опрема и се упатиле кон границата со Узбекистан, рече Хадид. Со повлекувањето на американските сили и сојузниците, талибанците напредуваат брзо веќе неколку недели. Оваа радикална исламистичка група го окупираше поголемиот…