Author: НОВА ТВ Balaban

Со дополнувањето на рестриктивните мерки, во угостителските објекти ќе може да влезат и прележани од ковид -19. Значително зголемен број на новозаразени со ковид -19 е регистриран и вчера, а од Министерството за здравство најавуваат дека во наредните недели состојбата може да биде критична, но уверуваат дека здравствениот систем е подготвен за новиот бран. Клиниката за инфективни болести во Скопје е пополнета со ковид пациенти, а ќе се активираат и останатите центри. Пред утрешното стапување во сила на рестриктивните мерки, ресорниот министер Венко Филипче најави дека, освен вакцинираните, во угостителските објекти и на настаните на отворено ќе им биде дозволен…

Read More

Дестабилизирање на времето се очекува од среда, проследено со локален пороен дожд, грмежи и постепено опаѓање на дневните температури. Времето претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец, УВ – 8. Утринската температура ќе се движи од 12 до 21 степени, а дневната температура од 28 до 38 степени. Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец..Утринската температура ќе достигне до 20 степени, а дневната температура до 36 степени. До вторник ќе се задржи стабилно и топло време, кога температурите на места ќе достигнат и 40 степени. Дестабилизирање на времето се…

Read More

На охридското крајбрежје се случил трагичен настан денеска попладне кога починал средовечен маж. Неофицијално, тој доживеал срцев удар. Безживотното тело на човекот било извадено од водите на езерото на плажата кај хотелот Метропол, а на снимката се гледа како напомош на давеникот трча министерот за здравство, Венко  Филипче. Тој се задесил во близина, бидејќи присуствувал на отворањето на Европскиот маратон. Филипче 20-тина минути го реанимирал човекот, кој бил на околу 70-годишна возраст, но, за жал, веќе било предоцна тој да се спаси.

Read More

Словенечките пожарникари кои во огромна мера придонесоа за гаснењето на пожарите низ Македонија, а најмногу во малешевијата, вчера беа испратени со трубачи и аплаузи од страна на беровчани, објави телевизијата 24 Вести. Пожарникарите утрово заминаа од Берово и ги поздравија со звучна сигнализација беровчани.во чест на нив кои неуморно се бореа со огнените јазици кои ја зафатија претходните денови малешевијата, им беа доделени благодарници од страна на градоначалникот. Доброволното пожарникарско друштво „Толмин” од Словенија донираше лична пожарникарска опрема на своите колеги од територијалната противпожарна бригада од Берово. Од земјава си заминаа и пожарникарите од Австрија кои, како што објавува 21.TV…

Read More

Во Државниот архив ние поседуваме копија од Охридскиот договор, па според нашите правила и методи на работа, оригиналот го сместивме во одделот на депото каде што се чуваат документите од институцијата Претседател на држава. Наскоро овој документ ќе го дигитализираме, со што ќе биде двојно заштитен и ќе биде достапен за јавноста, вели во интервју за Новатв, директорот на Државниот Архив, Емил Крстески. Тој за нашиот медиум открива дека до крајот на годината обемен архивски материјал од Османлискиот период поврзан со Македонија ќе биде ставен ан увид на јавноста. Во интервјуто Крстески зборува за соработката со архивите од регионот вклучувајќи…

Read More

Досега 227 луѓе загинаа во земјотресот од 7,2 степена по Рихтер на Хаити, соопштија властите. Видеата што на социјалните мрежи ги споделуваат жителите покажуваат страотни снимки од спасувачките екипи кои се борат да спасат преживеани под урнатините. Националната агенција за океани и атмосфера прво издаде предупредување за цунами, но наскоро беше повлечено. За несреќата да биде поголема, по земјотресот морето ги преплавило улиците во градот на Хаити. Во земјотресот во 2010 година на Хаити загинаа над 220.000 лица. Силниот земјотрес којшто го погоди денеска западниот дел од Хаити. Епицентарот е на 10 км длабочина, 100 километри западно од главниот град…

Read More

Растат стравувањата дека нападот врз главниот град Кабул може да биде само за неколку дена. Бунтовниците го зазедоа Пул-е-Алам, главен град на провинцијата Логар, што се наоѓа на само 80 километри од Кабул. Талибанските бунтовници ја зазедоа главната радио станица во Кандахар денеска и ја преименуваа во Глас на шеријатот. Во видеото објавено од групата, неименуван бунтовник објави преземање и рече дека радио станицата ќе се користи за емитување вести и читање на Коранот. Музика повеќе нема да смее да се пушта, јавија американски медиуми. Талибанците зазедоа четири провинциски главни градови во Авганистан, вклучувајќи го и клучниот град Лашкар Гах…

Read More

На стартот пред „Хотел Метропол“ во водите на Охридското Езеро земаа учество 33 пливачи од 14 земји учеснички меѓу кои и 6 Македонци и Македонки. Премиерот Зоран Заев денеска официјално го означи почетокот на „Европскиот куп во далечинско пливање, олимписка дисциплина 10 километри“ во Охрид. На стартот пред „Хотел Метропол“ во водите на Охридското Езеро земаа учество 33 пливачи од 14 земји учеснички меѓу кои и 6 Македонци и Македонки. Премиерот Заев, кој го означи и почетокот на купот, во своето воведно излагање рече: „На бреговите на нашето преубаво Охридско Езеро, каде се наоѓаме е од исклучителна важност да имаме…

Read More

За да ја постигнат целта користеле закани, физичка сила, а на 09.08.2021 запалиле и патничко возило Четворица млади лица се приведени и за нив е одреден притвор по разбивањето на групата, соопшти МВР. Од слобода се лишени П.М.(22), Д.П.(23), Ј.К.(21) и В.З.(24), сите од Неготино. По претходно добиена судска наредба од Основен суд Кавадарци, по преземени мерки и активности бил извршен претрес во домовите на овие четири лица, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „лихварство“, „изнуда“, „загрозување на сигурноста“ и „предизвикување на општа опасност“, при што биле пронајдени повеќе предмети од извршените кривични дела. – Имено, пријавените давале…

Read More

Силен земјотрес со интензитет од 7,3 степени по Рихтер го погоди денеска западниот дел од Хаити. Епицентарот е на длабочина од 10 километри, а 100 км  западно од главниот град Порт-о-Пренс. Локалните власти објавија дека има смртни случаи. Земјотресот бил почувствуван насекаде низ Хаити, Доминиканска Република и Јамајка. Нема аларм за цунами, засега. #Haitiearthquake please HELP NOW !!! Cayes @Pwoteksyonsivil @RedCross #portsalut pic.twitter.com/O2dpu9B0oV — Henry Beaucejour (@HBeaucejour) August 14, 2021 🇭🇹 | URGENTE – SISMO EN HAITÍ: pic.twitter.com/2dwJ3TzRsW — Alerta News 24 (@AlertaNews24) August 14, 2021

Read More

Сестрата била вработена во кичевската Општа болница, потврдија од болницата, од каде информираа дека таа не била вакцинирана против ковид-19. Медицинска сестра од Кичево на 28-годишна возраст починала од компликации од ковид-19. Пред три дена таа била префрлена на скопските клиники, во тешка здравствена состојба, по што ја изгубила битката со болеста. Сестрата, која е трета жртва од коронавирусот во Кичево за кус период, била вработена во кичевската Општа болница, потврдија од болницата, од каде информираа дека таа не била вакцинирана против ковид-19.

Read More

На нашата дипломатска мрежа дадена е итна инструкција да стапат во контакт со Министерствата за надворешни работи во земјите на нивното покривање, со цел координација при евентуално организирање групни хуманитарни летови за извлекување на нашите граѓаните затекнати во Авганистан. Поради сериозното влошување на безбедносната состојба во Авганистан, која се менува од час во час, денес Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, свика итен координативен состанок со надлежните раководни органи во рамките на Министерството. Со оглед дека состојбата во Авганистан во континуитет се влошува, во рамките на Министерството за надворешни работи формирана е работна група за следење на состојбите, координирање на…

Read More