Силен земјотрес со интензитет од 7,3 степени по Рихтер го погоди денеска западниот дел од Хаити. Епицентарот е на длабочина од 10 километри, а 100 км  западно од главниот град Порт-о-Пренс.

Локалните власти објавија дека има смртни случаи.

Земјотресот бил почувствуван насекаде низ Хаити, Доминиканска Република и Јамајка. Нема аларм за цунами, засега.