Author: НОВА ТВ Balaban

Околу пладне и попладне во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Околу пладне и попладне во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. УВ индексот ќе биде 8. Утринската температура ќе се движи од 11 до 22 степени, а дневната од 28 до 38 степени. Во Скопје и околината, времето ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Утринската…

Read More

Над задните тркала од подвозјето, во модифицирана фабричка шуплина, наменета за криумчарење на стока, биле пронајдени 20 најлонски кеси со златен накит со тежина од 2.773 грама Во текот на денешниот ден при вршење на детална царинска контрола на автобус пријавен за влез во Република Северна Македонија, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 2.773 грама златен накит и 1 автобус, информираа денеска од Царинската управа на РС Македонија. Имено, околу 06:00 часот на ГП Деве Баир, за влез во државата се пријавил автобус марка Mercedes 0403 со македонски регистарски ознаки SK 4662 BB, управувано од лицето Т.…

Read More

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев, својата последна сезона во кариерата ќе ја игра во Џенова. Тој денеска и официјално потпиша нов договор со калчолигашот, пренесува Sport1.mk Нашиот фудбалер се повлече од дресот на репрезентацијата по завршувањето на Европското првенство, но најави дека сака да одигра уште една клупска сезона. Тој досега за Џенова одигра 156 натпревари и е третиот странец со најмногу  настапи во дресот на овој славен клуб. Постигна 28 голови за џеновјаните од вкупно 101 во неговата кариера во Серија А. Пандев има 38 години, a за Џенова игра од 2015 година. Тој ќе биде еден од најстарите…

Read More

На разговор во полициска станица бил повикан и сопственикот на објектот На 13.08.2021 во периодот од 00.10 часот до 01.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект на магистралниот пат Гостивар-Тетово, сопственост на Х.А.(32) од с.Боговиње, Тетовско. При контролата во објектот, освен вработените лица, биле затекнати и седум лица, од кои две македонски државјанки, три руски и две српски државјанки. Притоа, седумте лица биле лишени од слобода и спроведени во полициска станица Тетово, поради основано сомнение за кривично дело согласно член 418-а од Кривичниот законик, а на разговор во полициска станица бил повикан и сопственикот на…

Read More

На 12.08.2021 во 18.00 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје” од слобода бил лишен Г.П. (60) од Република Србија, бидејќи при извршена проверка било констатирано дека се наоѓа во оперативна евиденција со мерка „апси”, по барање на Интерпол. Г.П. бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка, информираат од МВР.

Read More

Угостителските објекти кои ќе примаат невакцинирани  гости ќе се соочат со глоби во износ меѓу 250 и 30.000 евра, појаснуваат од ДПИ В понеделник, 16 август, почнуваат да важат новите мерки против ширење на ковид-19, според кои за некој да влезе во угостителски објект или да учествува на настан од било која природа кој вклучува над 30 учесници, ќе мора да има потврда за извршена имунизација, барем со една доза. Угостителите и сопствениците на објектите каде се организираат настани, мора да располагаат со редарска служба која ќе ја контролира потврдата за имунизација на секој кој  планира да влезе.  Ако граѓанинот…

Read More

Од Националниот парк сепак ги потсетуваат граѓаните дека се уште е во сила прогласената кризна состојба во државата и забраната за движење по шумските предели Јавната установа Национален парк „Галичица“ соопшти дека прекинуваат градежните активности за реконструкција на коловозот на регионалниот патен правец Р 2332 Царина – спој со Р 1301 Охрид – Свети Наум, така што од утре завршува режимот на сообраќај којшто беше определен до денеска и патот е слободен за секаков сообраќај. Од Националниот парк сепак ги потсетуваат граѓаните дека се уште е во сила прогласената кризна состојба во државата и забраната за движење по шумските предели…

Read More

СЗО, меѓутоа, соопшти дека Кина и некои други земји сугерирале дека студијата во март била политизирана или дека СЗО дејствува под политички притисок. Светската здравствена организација соопшти дека од витално значење за светот е да се дознае како почна пандемијата на ковид-19, како пример за одредување на потеклото на сите идни слични вируси. СЗО соопшти дека формирала нов истражувачки тим за потеклото на коронавирусот и пандемијата на ковид-19, по критиките на кинеските власти дека истрагата е политизирана. – По објавувањето на заедничкиот извештај на СЗО-Кина за првата фаза од истрагата за потеклото на вирусот САРС-КоВ-2 во март 2021 година, СЗО…

Read More

Oд 08.08. до 11.08.2021 година, полициски службеници од СВР-Тетово на подрачјето на Тетово и Гостивар извршиле проверка на лица на кои им е издадено решение за изолација и позитивни со ковид-19. Притоа, било констатирано дека Д.Л. од Косово, со престој во нашата држава, Љ.С.(54) од Тетово, две малолетнички и нивната мајка А.Ќ.(37) од Тетово, М.Љ.(49) од Мала Речица, А.Х.(20) од Мала Речица, Б.Х.(35) од тетовски Лисец и М.З.(54) од Гостивар, сите со решение за изолација и домашно лекување, ја напуштиле државата.

Read More

Иако количеството на чад било неподносливо, а огнот ја уништил шумата околу манастирот, од којзнае која причина, огнот едноставно запрел и го заобиколил манастирот Пожарот што зафати дел од грчкиот остров Евија не ги натерал монасите од манастирот Свети Давид да се евакуираат. Тие не сакале да го напуштат светилиштето, иако огнот им се приближил и го опколил манастирот. Поглаварот на манастирот за државната новинска агенција АНА-МПА изјави дека ситуацијата е многу тешка, дека пламените јазици се високи и до 40 метри и дека огнот го опколил манастирот. Во објава на Фејсбук се наведува дека манастирот Свети Давид на Евија…

Read More

Брод што плови под британско знаме тоне во близина на грчкиот остров Милос, во тек е спасувачка операција за 17 патници, соопшти грчката крајбрежна стража. Во спасувачката операција учествуваат неколку бродови и воен хеликоптер. Сè уште не е позната причината за бродската несреќа, а исто така не се знае ниту националноста на патниците.

Read More

Оваа учебна година се исполнува заложбата, со која сите ученици во основното образование од 1-9 одделение ќе добијат бесплатни учебници Во новата 2021/2022 учебна година, албанската Влада, ќе обезбеди бесплатни учебници за сите ученици во основното образование, вклучително и оние од осмо и деветто одделение, кои досега не беа опфатени со оваа програма. Министерката за образование, спорт и млади, Евис Куши, веста ја објави на социјалните мрежи, објаснувајќи дека на списокот на корисници ќе бидат и средношколци кои се во потешка социо-економска состојба. – Оваа учебна година се исполнува заложбата, со која сите ученици во основното образование од 1-9 одделение…

Read More