Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Армиски хеликоптери полнат вода од Вардар и ја гасат огнената стихија која утринава го зафати реонот на Сарај. „Секоја чест за пилотите – полнат вода од Вардар и гаснат во реонот на Сарај“, истакна на својот Фејсбук профил министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. Таа вчера изјави дека 1.614 припадници на Армијата деновиве биле на терен да ги гаснат огновите.
Годишните стапки на раст на депозитите и на кредитите главно се во согласност со проектираните Движењата кај основните макроекономски параметри засега се во рамки на очекувањата, но неизвесноста и ризиците од понатамошниот тек на пандемијата предизвикана од Ковид-19 и понатаму се присутни, беше оценето на вчерашната редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка (НБ), на која беа разгледани движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. Од НБ поставеноста на монетарната политика ја оценуваат како соодветна на макроекономските услови и најавуваат дека и во…
Откупот на грозјето почнува и повторно е неплански, со голем број манипулации кои се на штета на лозарите, оценува Националната федерација на фармери (ННФ) и уште еднаш апелира дека цената на „смедеревката“ треба да биде околку 16 денари за килограм, а на „вранецот“ 17 денари. Според НФФ, освен откупните цени, проблем во лозарството се и климатските промени, како и застарените системи за наводнување на насадите. Федерацијата ја нагласува потребата од воспоставување партнерски односи меѓу лозарите и винариите. Воедно бара стартот на бербата и скалата на шеќерните единици да ја одредуваат релевантни научни институции за да нема манипулација околу цените и…
Руската хидрометеоролошка служба, Росгидромет, вчера соопшти дека ситуацијата во регионот „продолжува да се влошува“ и дека околу 3,4 милиони хектари горат во регионот, при што се опфатени области што се оддалечени и тешко пристапни Чадот од пожарите во Сибир, за првпат во историјата, стигна до Северниот пол. Пожарите во Сибир зачестија во последниве години, а екологистите го поврзуваат со климатските промени и недоволно финансираната шумарска служба, јави Би -Би -Си. Климатските експерти на ОН вчера објавија извештај кој покажува дека глобалното затоплување се случува побрзо од очекуваното и дека човештвото е речиси целосно виновно за тоа. Еден од најтешко погодените…
Невакцинираните во Израел со шест пати поголема веројатност за тешка форма на ковид од вакцинираните
Во моментов Израел се соочува со уште едно нагло ширење на инфекцијата, а лекарите предупредуваат дека е достигната „критична точка“, пренесува Бета. Стапката на тешка форма на Ковид-19 во Израел, и покрај ширењето на позаразната делта варијанта на коронавирусот, е шест пати поголема кај постарите луѓе кои не се вакцинирани отколку кај вакцинираните на иста возраст, пренесуваат израелските медиуми. Според податоците на Министерството за здравство, меѓу вакцинираните Израелци на возраст од 60 години и постари, 16,6 лица на 100.000 се во тешка состојба, додека 98,5 тешки случаи се меѓу невакцинираните. Во моментов Израел се соочува со уште едно нагло ширење…
„Пожарникарот е во стабилна состојба, пружена му е помош и е хоспитализиран на Клиниката за трауматологија во Скопје. Се прават напори да се обезбеди негов итен транспорт за Виена“, вели Максути Австриски пожарникар е повреден при гаснењето на огнената стихија во Малешевијата. Станува збор за 53-годишен пожарникар кој од почетокот на минатата недела учествувал во деноноќната битка со огнената стихија која го зафати источниот дел, пеплосувајќи ги „белите дробови“ на земјата, пренесува Дојче Веле. „Пожарникарот има скршен пршлен и посериозни повреди со коишто се здобил вчера при акцијата за гаснење на пожарите во беровскиот регион“, вели во изјава за ДВ…
Германската Влада поради ситуацијата со Ковид-19 во земјата и во светот соопшти дека вакцинацијата е единствено решение или ќе следи карантин. Претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и премиер на Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет, денеска изјави дека Германија мора да ги зголеми тестирањата и вакцинацијата за да избегне уште едно затворање поради Ковид-19. На помалку од седум недели пред федералните избори, канцеларката Ангела Меркел и лидерите на 16 федерални држави ќе се обидат да се договорат за мерките за да се избегне нов бран инфекции, предизвикани од позаразниот делта сој, а со тоа да се спречат непопуларни ограничувања. – Сакаме и…
Доколку посетителот е позитивен и не е потребна хоспитализација, тогаш се сместува во некој од хотелите карантин Десетдневна изолација во хотелите карантин предвидено е за туристите во Грција, доколку бидат тестирани и добијат позитивен резултат, согласно новите, ажурирани упатства на Националната организација за јавно здравје на Грција во однос на карантинот на позитивни случаи и нивните блиски контакти , јави дописничката на МИА од Атина. Поконкретно, доколку посетителот е позитивен и не е потребна хоспитализација, тогаш се сместува во некој од хотелите карантин. За завршување на изолацијата, без разлика дали лицето е вакцинирано или не или дали има прележано Ковид-19,…
Грчките пожарникари, заедно со пожарникарите од над 20 земји кои испратија помош, со волонтери и со локалното население веќе неколку дена се борат со активните пожари низ цела Грција, а сè уште најкритично е на островот Евија, каде што веќе осми ден огнените јазици не се ставени под контрола, јави дописничката на МИА од Атина. Доцна синоќа имаше ново разгорување на жариштата во неколку села на островот, а од жителите на едно од селата беше побарано превентивно да се евакуираат. Сепак не е мал бројот на оние кои и покрај апелите за евакуација остануваат за да им помогнат на пожарникарите,…
Од страна на оперативен тим за потраги во СВР Скопје синоќа во 22.55 часот во станбен комплекс на подрачјето на Аеродром е лишен од слобода А.Р.(37) од Скопје, врз основа на издадена наредба од Казнено-поправна установа Затвор Идризово, каде издржувал казна затвор од 11 години и 11 месеци вв чл.215 ст.1 од Кривичниот законик, соопштија од МВР. За него била распишана централна потерница за доиздржување затворска казна од уште 7 години и 9 месеци. – А.Р. бил предаден во Полициска станица Кисела Вода од каде ќе биде спроведен во казнено-поправната установа, информираат од МВР.
Министерството за надворешни работи денеска упати апел за претпазливост при патување или престој во Грција поради ситуацијата со пожарите и информира дека досега ниту еден наш државјанин не побарал помош. Како што посочуваат од МНР, на грчкиот остров Евија се наоѓа еден државјанин на Република Северна Македонија и тој е далеку од ризичната зона, а другите државјани биле евакуирани од ризичните во безбедни локации, во неделата, на 8 август. Дипломатско-конзуларните преставништва на Република Северна Македонија во Грција преку социјалните мрежи, се наведува во информацијата од МНР, благовремено упатија апел до државјаните на Северна Македонија за претпазливост при патување или престој…
Волци кои слободно шетаат во малешевските ниви барајки храна и засолниште од пожарите е само еден од примерите за огромната катастрофа која го снајде Малешевскиот регион. Димче Беќарски од село Умлена кој утрово ја забележа појавата, вели дека по пожарите волците шетаат слободно и се закана за сточарите и нивниот добиток. – Волкот го забележав утрово додека собирав „јонџа”. Стоеше мирно, бараше правец кон кој може да се упати. Синоќа татко ми забележал уште два волка во близина на селото. По пожарите веројатно бараат како да се скријат, но поради оголените дрвја сега немаат каде, рече Беќарски. Според него, сега…