Армиски хеликоптери полнат вода од Вардар и ја гасат огнената стихија која утринава го зафати реонот на Сарај.

„Секоја чест за пилотите – полнат вода од Вардар и гаснат во реонот на Сарај“, истакна на својот Фејсбук профил министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Таа вчера изјави дека 1.614 припадници на Армијата деновиве биле на терен да ги гаснат огновите.