Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Американскиот претседател, Џо Бајден, изрази незадоволство заради слабиот одговор на вакцинација против Ковид-19. Според него, од огромна важност е Американците да почнат да се вакцинираат, сега откако вирусот почна повторно да се шири. Во телевизиското обраќање од Синсинати, Бајден кажа кризата многу ги погоди невакцинираните во време кога ширењето на делта сојот на вирусот доведе до зголемување на бројот на нови инфекции низ целата земја, пренесуваат американските медиуми. – Имаме пандемија меѓу оние кои не се вакцинираа, тоa е темелот и тоа едноставно така, рече Бајден. “Десет илјади лица неодамна починаа од Ковид-19, а 9.950 од нив не биле вакцинирани”,…
Спикерот на Собранието, Талат Џафери, на 30 јули, односно пред летниот одмор на пратеницте, ќе одржи брифинг со новинарите на кој би требало да го соопшти ставот за локалните избори, информираат од неговиот кабинет по изјавите и шпекулациите во јавноста околу можниот датум за одржување на политичката трка. – Претседателот Џафери следниот петок, односно на 30 јули, ќе има брифинг со новинарите и тогаш ќе го каже неговиот став за локалните избори – ни изјавија од кабинетот на Џафери. Премиерот Зоран Заев вчера најави дека ќе бара согласност од партиите за локалните избори да се одржат на 31 октомври, за…
Од Министерството за здравство информираат дека теренската вакцинација за четврток, 22.07.2021, ќе се одвива во следните населени места: Тетово – Селце, Вејце, Лавце Гостивар – Дебреше, Врањовце Ресен – Горнa Бела Црква, Долна Бела Црква, Сопотско, Козјак, Евла, Горно Дупени, Болно Штип – Калаузлија, Јунузлија, Парналија, Кучица Свети Николе – Малино, Преод Струга – Корошишта Ростуше – Требиште, Велебрдо Струмица – Муртино, Габрово Неготино – Бесвица, Барово Пробиштип – Плешенци Кочани – Тркање Кичево – Г.Строгомиште, Д. Строгомиште Битола – Добромири, Д.Агларци, Г.Агларци, Делбеговци,Дедебалци, Путурус, Црничани, Добрушево, Алинци, Мусинци, Мојно, Ношпал Охрид – Рамне, Велестово, Рача, Шипокно, Коњско, Елшани, Лагадин…
Бројот на земји и територии, во кои циркулира многу заразниот делта сој на коронавирусот, е зголемен за уште седум од 13 јули, па сега е регистриран во 124 земји, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Во претходните седум дена, уште 13 земји го информираа СЗО за присуство на делта мутацијата. Експертите тврдат дека делта сојот брзо ќе се прошири и ќе ги засени другите варијанти, а потоа ќе стане доминантна мутација на ковид-19 во следните години. СЗО е загрижен за ширењето на сите четири видови. Алфа сојот, кој е откриен во Велика Британија во септември 2020 година, беше регистриран во…
Во Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во скопски Чаир завчера се породила 50-годишна пациентка од Кичево, која цели 27 години лекувала стерилитет. Ова е досега највозрасната родилка која се породила во оваа болница, според евиденција во установата. Веста, која ја објави ТВ 24, ја потврдија за НоваТВ од болницата. – Родилката е од Кичево, а се породи завчера. Таа роди здраво женско новороденче, кое е зачнато од втор обид со вонтелесно оплодување, а ќерката ѝ е инаку прва рожба на жената. Жената ја породивме со „царски рез“, а и таа и бебето се во добра состојба и…
Скопјанецот Јовица Ѓорѓиев на градската плажа во Саранда, Албанија, вчера успеал да спаси 15-годишно девојче кое било извадено од морето во бесознание, без знаци на живот и помодрено. Јовица, кој инаку работи како возач во скопската Служба за итна медицинска помош, на Фејсбук раскажа дека извршил итна реанимација која била успешна. Јовица, кој е на летување во Албанија, во критичните моменти се затекнал на местото на несреќата и откако успеал да го спаси девојчето, сите коишто се затекнале на плажата и биле сведоци на неговиот подвиг, му кажале Браво. Вработените во скопската Брза помош се горди на својот колега. -…
За да се оди во кино, во музеј или во спортски установи, Французите сега мора да презентираат доказ за вакцинација или тест против Ковид-19, таканаречениот здравствен пасош. Од денеска здравствениот лист станува задолжителен за овие места веднаш штом тие се со одобренија за да примат повеќе од 50 лица, јави дописникот на МИА од Париз. Здравствениот пасош предизвика загриженост за директорите на кино салите кои стравуваат да не ги изгубат гледачите по особено тешката година. За Ричард Патри, претседател на Националната федерација на француски кина, кино салите се „третираат како лоши ученици“, иако досега немало наведен извор на контаминација, односно…
Светиот синод на црквата на Грција, знаејќи дека вакцинацијата е најголем чин на одговорност кон ближните, им препорачува на сите, во консултација со нивниот лекар, да го искористат овој дар од Бог, за самите да се заштитиме, но да ги заштитиме и другите, пишува во циркуларното писмо „Црквата и науката во борбата со пандемијата“, испратено од Светиот синод на ГПЦ до сите соборни храмови и цркви и кое ќе им се прочита на верниците за време на литургијата во недела, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно, ги повикуваат верниците „да го слушаат гласот на науката и на експертите“ и…
Продолжува скандалот со фудбалерот на Евертон, кој поради сомнение за педофилија, бил приведен во петокот во полиција. Откако утринава медиумите во Англија објавија дека фудбалер на Евертон завршил во полициска станица и отворена е официјална истрага за педофилија, неофицијално, веќе е познат и неговиот идентитет. Станува збор, неофицијално, за Гилфи Сигурдсон, 31-годишниот фудбалер, кој веќе ги избришал своите профили на социјалните мрежи. Истото го сторила и неговата сопруга. Од Евертон претходно потврдија дека еден нивен првотимец е суспендиран и дека соработува со полицијата во Ливерпул.
Мнозинството од луѓето кои си го одземаат животот страдаат од назначено ментално заболување и злоупотреба на супстанци во моментот на нивната смрт. Кога ги прашуваме нашите пациенти – зошто помислуваат да се самоубијат, за жал, не постои едноставен одговор на ова прашање. Лицата умираат од суицид поради повеќе причини. А пандемијата на Ковид-19 ни донесе низа здравствени, органски и ментални последици кои се манифестираат сега кога се гледаат последиците од ненавремените контроли на веќе дијагностицираните случаи и појавата на нови. Поради пандемијата и неопходните епидемиолошки мерки за заштита, контролите на пациентите се намалени или тие воопшто не се појавиле на…
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 463.048 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 6.608 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.343 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 747.728 дози вакцини, а ревакцинирани се 284.680 граѓани. Со последните бројки 60% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 57% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 53% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина…
Министерството за здравство информира дека на територија на цела држава барем една доза вакцина примиле 27,5 отсто од граѓаните. Вакцинирани со една доза вакцина по градови: Битола 38,9 отсто, Демир Хисар 30,9, Кичево 15,8, Ресен 39,8, Велес 31,0, Гевгелија 41,0, Кавадарци 43,5, Неготино 38,0, Свети Николе 25,2, Кочани 25,3, Берово 30,9, Виница 24,5, Делчево 24,9, Пехчево 36,0, Куманово 21,2 Крива Паланка 23,9, Кратово 18,9, Охрид 42,9, Дебар 17,3, Струга 23,1, Прилеп 30,3, Крушево 28,3, Македонски Брод 18,2, Скопје 30,8, Струмица 19,4, Валандово 30,6, Тетово 17,1, Гостивар 17,8, Штип 37,2, Пробиштип 29,7, Радовиш 23,2